Правевме контролна кс денес црп-то е ок (51,3 му беше),леукоцити од 18 на 14 дали сеуште се сметаат за покачени? На крвната во Козле што ја правевме пишува над 10 дека се покачени,во приватниве лаборатории други референтни се.
Од 17ч до сега малото ми поврати 6 пати, дадов и наусолвит прееска ама по 40 мин ми ги поврати, беше гладен и побара да јаде, му сварив компир, си го изеде, за саат време еве го поврати, давам и пробиотик, ама безуспешно е изгледа. Дали некој го поминал вирусов со повраќање? Дали утре да одиме на дежурен?
Неколку пати прашувам тука за сируп не ми даваат, сметат дека е доволно преку исхрана да средуваме постојано. Ама се изморив веќе на храната толку да пазам, преголем притисок ми е па сакам нешто дополнително да пробам. Ако во Мк идам на приватно кај педијатар ќе може тој да ми даде препораки нели?
Давај електролити и вода обавезно, по малку не наеднаш да пие. Ако приметиш утре дека го тера повеќе да спие одма на лекар за да не дехидрира. Ова ни беше првиот симптом на дехидрација на нас.
Читам и се нервирам, како матични не сакаат за крвна слика да прават, се прават многу паметни. Јас кај мојата одам со крвна слика. Прво крвна слика па кај неа одам, затоа што ретко и текнува и на почеток ми даваше одма атб ама никогаш не сакав да го користам додека не провериме крвна слика.Некогаш секако дека треба, ама кога ќе ми речеше ааа малку е црвено грлото ајде еден атб ќе дадеме И друго не го донесувајте повеќе детето овој месец, 3 пати го прегледував. Како демек некој родител многу сака дете да си носи по доктори Кога ми го кажаа ова што им рекла абе човек да побесне.
Се од ова плус беше многу блед со црвени подочнаци и малку му беше сува устата. И не можеше воопшто очи да отвори, кога пробуваше веднаш му паѓаа. Језиво е, ќе приметиш секако ама недај боже нели. За јадење не го терај ама течности нуди колку што можеш повеќе. Тука има едни апчиња, појаки се ама од едно му прекина повраќањето. Ке ставам слика може нешто слично ке најдеш, пола апче растворив во малку вода и со лажиче му го дадов. Давај и оризова вода и кока кола, смирува повраќање ова Едит: сликата заборавив
Он сам си зема вода да пие, му се пие ептен од повраќањето, и сам побара да јаде компирче па после некое време и банана, вака додека не му дојде нагон за повраќање супер е, со игра со брат му, на моменти знае да се пожали мама мама, и да дојде кај мене.. па ќе си прилегне.. утре секако одиме на доктор, и ќе видиме што како. Баш ќе ги побарам апчињава ако има и нешто на ова слично, јас давам капки Наусолвит, и пролајф пробиотик.
Посетете орл доктор ако ви е сомнително нешто, мада треба да се повлечат. Кај мојот исто големи беа, со тек на време се повлекоа ама при разболување пак се зголемуваат. Ние со пневмонија. Уште не можам да поверувам кога и како се искомплицира до овој степен, знаев дека таква страшна кашлица не е наивна ама пневмонија на крај памет не ми беше. Денеска почнавме со атб и инхалации, кога да очекувам подобрување?
Колку години е? Јас последно давав Антиметил ги имав земено за мене за бременоста и пиши над 3 години дека смеат да пијат па го смири, прашав и во аптека дозволени се на база на ѓумбир се појаки од наусолвитот.
Има некој стомачен, и син ми го помина, ама брзо пројде за 2 дена, исто качи темп докај 38.5. Форсирај течности. Ние исто го фативме и уште ни трае.
Носи го на доктор, до 4 години моево примаше инфузии на секој стомачен вирус мали се многу лесно можат да дехидрираат.