Пред се со помин многу брзо и лесно да мине Знам како ти е,малиот мој имаше пневмонија минатиот месец секој втор ден го носевме кај матичната го слушаше па среќа имаше подобрување во наодот. Син ми примаше сумамед 6 дена,инхалации со ипратом 5 дена и кортаир ни продолжија се додека не одиме овој месец на 23ти повторно во Козле кај специјалист.
И моево крева температура во 8ипол му дадов парацетамол сега пак крена 39 да дадам парацетамол пак или блокмакс? Како давате на 4 саати ко ке креваат?
Е супер, повраќање, 39 тт, мрсули, кивање, и на крај пролив, уште нешто од симптоми има да не снајде... се прашувам!?!? Тек и големиот кога ќе го префати вирусов од брат му, ќе биде весело како што е мн. нежен, а и ние со нив исто ќе фатиме верувам. Барем пие вода, а и каснува по некоја бисквита, банана, или некоја лажичка супа, се труди детето да е добро.
Ако ти е за утеха дома седиме нити сме пошле некаде нити дошол некој па еве го со гнојна ангина и температура 39 само во вторникот шо бевме за брисеви за во градинка шо ни бараат за отсуство, јас сум сигурна дека од таму закачи нешто друго објаснување нема.. Со помин да е
Со чување дома без контакти никакви не се јача имунитет. За гнојна ангина за 4 дена не верувам да е од вторникот, треба бактеријата толку да се намножи да направи гнојна што за 4 дена не е веројатно. Веројатно дома некој оди на работа, во продавница, така да од таму е. Со лесно, ако трпи прополис ставај на шеќер коцка, ем шеќерот ќе го изгребе грлото ем ќе го среди прополисот. Со лесно!
Не бе, не дека намерно го чувам дома така се погоди сега да сме сами јас и тој, баш нигде не појдовме освен во болница, незнам шо да мислам докторката на детско ми вели најверојатно е од таму, како и да е тешко поминува знам. Еве сега пак крена 39 на 5 саати, прскам спреј од диво оригано и амоксликлав на 12 саати, а прополис дали си давала од нашиве? Детскиот шо го зедов се погоди еден грд шо и јас неможам да го трпам на грло, ориганово лути ама некако повеќе го трпи.
А што е полошо од дете со стомачен? И мајка му да фати. Еве сум на инфузија, се убив од повраќање, не можам да стојам.
Бевме кај матичната за др симптоми ама и кашлаше по малце грубо како од ладно. Ни рече има секрет од носот и се слева и затоа кашла (мрсулчиња нема). Ни даде спреј за нос и ништо. Ама денес кога се закашлува два пати ми губи воздух не може да земе после кашлањето. Нема на гради ништо, нема настинка да е мрсулава, температура и сл. Ме фаќа страв во тие моменти кога не може да дише, а ми викаат ништо нема.. Отидовме за течна столица по 5 пати на ден, ни рекоа од забите тројките се. Инаку е со апетит, весела колку што може да е при вадење заби, се најнормално. Најчесто навечер кашла во спиење или вечерно време. Што да правам, освен понеделник пак на лекар?!
Такво кашлање со губење воздух големиот има кога му се активира ларингитот и тоа како што кажуваш најчесто се случува ноќе. Во тие моменти вади на ладен воздух или пред отворен фрижидер. Почесто проветрување и консултирај доктор за инхалација.
Баш ми е жал, со помин нека е, иначе можно е и јас да префатам, така се осеќам безврска, а денеска сум сама со двајцата, хаос. Подобра ли си сега од инфузијата?
Здраво на сите, ми треба совет Синот 14 месеци почна во градинка прв пат и нормално носот му се растече уште 3 ден, после 3 дена му се среди не течеше еве качи темп 38 и црвено грло не спиеше пола ноќ и на дежурен ми дадоа амоксиклав, не пиел никогаш и ми рекоа да видам како ќе биде со темп па да му дадам. Сега мерев има 37.2 и не знам дали да дадам. На кс има 18 леукоцити и 15 црп. Брис не му земаа и не знам сега што да правам
Прееска крена и до 39,7 во 5ипол му дадов парацетамол, сега најмногу што спадна е до 38,4 пак му студи еве кај и да е ќе поминат 4 саати од парацетамолот мислам пак ќе качува, нормално е толку многу да крева? Паника ме фаќа таман ќе се освежи и за брзо пак залегнува во меѓувреме ко ќе е поарен си јаде си пие.. едвај чекам втора доза да му дадам антибиотик за 2ипол саати се тешам ќе почни да делува
Оти бре ви дале Амоксиклав за гнојна ангина? Па слаб е тој. Бар ја така мислам, нас не ни делува воопшто.
@Simovska92 во таа состојба како што пиша не би дала антибиотик. Ама следи ситуација. Ако се сомневаш во прегледот утре пак на дежурен кај друг доколку има промени кај детето. @Flower5555 ми имаат кревано 2 пати до сега по 40 температура и тоа 5 дена по ред на секои 4 часа. Мачно е многу. Најчесто после 3 доза антибиотик се осеќа подобрување.
Оспен баравме ама немаше никаде и втора опција ми даде амоксиклав. @Kolache na mama мене прв пат вака, а сама дома не знам кај терам паники ме фаќаат пуштив клима на ладно да дува и го расоблеков да се лади.
Да сега му дадов блокмакс, давав на 4 саати наизменично, од блокмаксо после 5 саати крена, од парацетамолот еве после 4 40,1
Ќе помине чим сте почнале антибиотик, ама Ангел во право е. За ангина може и да треба друг. Ако не е подобар утре, барајте друг антибиотик.