блокмакс гледам ми има пишано во извештајо на 6-8саати по 8,5 мл, е сега пошто крена на 5 му дадов парацетамол ама џабе, почнува да му студи и неможам ни да ладам во тој еден саат ни да туширам, на колку најкратко сте давале бруфен? Ќе видам и утре како ќе е ако не е подобро одам на детско пак после трета доза антибиотик.
Втора опција подобро сумамед да дале отколку амоксиклав. Исклучи ладното, нека се стопли. Ќе качи температура и ќе застане, вака само полошо правиш да ладиш додека качува, се бори телото да се загрее.
Од ко качи го ладев, инаку мраз му беа рацете и нозете тогаш си беше покриен се топлеше, после морав да ладам со нешто, нејкеше да стани да го истуширам а јас со стомаков неможам да го кренам
На големиот му даваат панцеф ко ќе нема оспен за гнојна ангина. Јас оспамокс сега брзо пиев. Не знам дали има за деца.. и лани оспен нигде немаше, а најмногу делува.
Имаше оспен сега зимата јас му давав и стварно најдобро делува, сега не знам дали има. Ама секако е подобро нешто појако инаку мачење е.
Дека е со ангина, дали јаде или скроз ништо не сака? И дали кашла? Иначе, се согласувам дека е мн слаб амоксиклавот, и не делува на ангина, побарај ако не појак. Големиот почна да кашла во сон, и пак длабоко кашла, утре во Козле опет, како дестинација ни стана Минатиот пат сумамед пиеше, сега ако е пак спуштено ајде пак антибиотик, аман! Преморена сум и сама цел ден со двајцата болни, се скренав, кога се болни душа немам.
Не, не кашла и си јаде најнормално освен ко ќе има температура тогаш само течности пие, преморена сум и јас скроз сама, маж ми во странство, со второ на пат ми се спие ми се плачи а око неможам да затворам. Инаку еднаш до сега имал ангина не памтам шо антибиотик пиеше првите 24 часа креваше вака температура после престана, ама дека беше до толку како сега не верувам, парацетамолот ме зафркна мене еве го сега машала и прв пат се испоти од блокмаксот. Инаку да те разбирам скроз ми текна дека со иста дијагноза сме после толку време еве сега пак ми се активира анксиозноста..
Ма ќути за мојата дијагноза, не ја приметувам додека не им е нив добро, ама затоа одпосле ме напаѓа стресот Пак кашла, аман, пак утре по лекариве
Дадов парацетамол после 5мин максимум исповрати, го прими сирупот или не? Знам за апче треба 15мин да поминат за сируп ич незнам
Женски, веќе четири дена инхалираме со Кортаир и Салбутаир (може го грешам името) детево не е спано од кашлање. Нема подобрување... Понеделник на преглед, ама кој е следен чекор, антибиотици? Кашлицата не и е ни сува ни продуктивна, едноставно залепен шлајм вика матичната. Како да и олеснам? Чистиме нос редовно друго веќе не знам. Со помин @flower55555
Колку години и колку кг е? Не знам колки ви помага далеронот, ако не врши работа тогаш само блок макс, а ако поврати за 5 мин е исто како да не го примил сирупот, слободно можеш да давап. Кај нас спадна тт, не е толку висока веќе, макс до 37 со 7 оди. Носи пак на доктор ако не е добар, ние сега ќе одиме зишто мн кашла поголемиот џабе инхалации праиме.
5години е 17кг, слабо со парацетамолот, и со блокмасот дури после 2 и нешто саати намали на 39 од 40, страшно беше дури седеше буден до 38,5 креваше само шо заспа одма 40 еве сега како пак да качува на 5ипол саати. Ќе дадам и сега трета доза од антибиотикот па ќе видиме како ќе биди.
Комбинирај на 3-4 саата далерон и блокмакс. Во болница некна ми рекоа да давам секој 4 саата и кога нема да крене температура, превентивно да спречам. Мачење е повеќе време да ја креваат таа температура
Па требаше така, тој секако во рок од пола саат ја креваше највисоката. Сега машала уште нема кренато ама омалаксан е.
Ќе биде сигурно неколку дена поради толку висока темп. Мојот после 3-4 дена си ја врати енергијата дури. Давај и електролити да го дигнат малку. Ќе помине, со лесно
Да, од вчера се изнапи електролити, па по мачно до сега не му било, страшно нешто нека не се повтори Фала ти