Мајки. Малата ми ја огреба маче , не е страшно ,ама е малку на рачето. Ставивме алкохол. Дали да се секирам? Домашно е ама нз дали е вакцинирајо
Здраво мајки сигурно имате пишувано ама навистина немам време да барам. Вчера вечерта откако ми заспа цело време приплакуваше и се жалеше, и на крај почна да повраќа. Поврати може 6,7 пати. Се плашеше и не сакаше ништо да пие па дури ни да цица. Ја однесовме на болница, таму примаше инфузија. Што да и нудам денес пример за јадење пиење? Таа пак ништо не сака ни да јаде ни да пие. Ама барем цицаше и вода колку толку се напи. Орс никако не сака да пие.
Не е сосема смирена кашлицата, почна и да повраќа ептен ми е страв да не дехидрира, иако му правеа анализи преку крв па искочи дека е во ред, малце покачени леукоцити има 20, му се. Повраќа и тоа ме плаши ептен, бевме на доктор секако, тие викаат дека е во ред и не треба да прима инфузија, ама ако дехидрира морало да не задржат, а зошто мора да не задржат во болница? Дали ако дехидрира и прима инфузија мора да лежиме во болница? Не разбирам.
Па најверојатно. Ништо не сакаше да пие а само повраќаше а веќе немаше што да повраќа. Многу беше истоштена,бледа без енергија прв пат ја гледам таква. Многу ладна беше по телото. Добро што и дадоа инфузија се освежи и сега е добра. Вчера беше катастрофа.
Па да обично кога се работи за помали дечиња при дехидратација протоколот на лекување е тој,во болница да се следи и да прима венска терапија. Барем нас така ни кажаа кога ми одбиваше течности малиот он не повраќаше ама не сакаше ниту течности ниту храна да внесува. Среќа почна да делува брзо антибиотикот,му спадна тт и почна да внесува течности и храна. Електролити даваш? Иначе за повраќањето мислам дека тие две опции се: Наусолвит и Локомотив сирупчето тоа е од 3 години.
Да ако дехидрира ќе мора да лежите таму зашто подолго и тече инфузијата по малку пуштаат. На мојот 2 дена цели му течеше преку носот ја ставија
Што се испитуваше за често спуштање на гради и ларингити освен алергии? Што друго може да биде причината? И остро дишење укажува на бронхит или воспаление?
Лежевте и вие? Колку време? Дали пиеше вода барем? Остај тоа туку и јас сум заникаде, и мене ме фати, прелош вирус, ќе цркнам! Не дај боже ако треба да се остане во болница, ја не знам како ќе лежам сама со него, ужас ми е и мене катастрофа сум.
Мајка, гушки. И јас качив 38.5, сама со децава.... не знам веќе што е со болестиве, буквално сите одоколу се болни
Исто, се тресам, ми студи, ме боли желудник, грчеви имам, повраќам.... детево не е добро, ужас, се молам да помине без лежење у болница.
Бетер од ковид... болки во мускули , нагони за повеаќање, треска , никаква сила , кој кого да гледа.... Ќерче засега само температура и многу малаксана, грип ваљда не е зимата имаа инфлуенца јас вакцинирана Сите околу нас се со панцефи и температури
Лежеше тој со мајка ми, во март рота кога фативме. 3 дена беше во болница, го задржаа уште ден после инфузијата за да го пратат. И јас бев хаос тогаш, температура и мноогу повраќање, треска имав и не можев голтка вода да ставам во уста одма ја повраќав. Најлоши денови во живот ми беа тие, едвај го оставив во болница, срцето ми се кинеше кога излегував. Проверивте рота да не е? Вакциниран е? Ептен ми се слични симптомите, само кај мојот кашлицата на крај се појави. Столицата каква му е?