Штом е вакциниран би требало полесно да мини ако е тоа. Мојот не е, ептен тешко ја мина. Уште повраќа? Колку вода пие и столицата нормална му е? Мојот и повраќаше многу често ама и многу пролив имаше, а никако нејкеше било што да се напие, па дехидрира.
Здраво ние бевме на ендокринолог и направија ренген на шака и беше утврдено дека шаката и одговарат за 4 год дете, па ни рекоа дека мора да се испитаат хормони и да не и давам еурокрем, пилешко, сувомеснати, кас не давав и еве сега малата е супер цицето и е скоро па израмнето, а за да се испитаат хормони не ја однесов,матичниот ми рече да почекам да пробам со менување на исхрана и добро е што го послушав, извини што каснам со одговор
Па сега веќе не, се разбуди сега за да јадел, беше гладен и изеде бисквити испи вода, се надевам нема да поврати. Иначе пие вода, и вчера пиеше, што му давав јас, што сам бараше, кога како, неколку пати електролити со шприц му дадов пополека, зошто вака не сакаше да ги помириса, па морав на сила. Сега за сега нема пролив, океј е во тој поглед, стана два пати за да мочка вечерва само. Фала ви на сите женски!
Не знам искрено, и јас фатив од децава, и ужасно е ова! Премногу болки во стомак, грчеви, гадења, повраќања, тресење, ладно... Хаос буквално! Не знам како се не фати одеднаш, децава цела година скоро не беа воопшто болни, сега одеднаш фатија све! Преморена сум сама, се погоди и мм да е на работа викендов, и се скренав скроз.
Ужасни се стомачните вируси поминавме рота минатиот месец, и на системи бевме му беше подобро после вториот. Со помин да е
Ова истото, многу често повраќање и болки во стомак и висока темп. Имаме поминато и други стомачни само без темп, направивме и испитување шо беше за џабе оти доцна стигнаја рез ама сепак беше рота.
И јас мислам дека може да е рота, зошто големиот е вакциниран пред 4г и помина со 1 ден пролив и 3 дена јаки болки во стомак. Вебето е вакцинирано пред 2м со последна доза нема ништо. Јас никад во живот полош стомачен сум немала, со температура, повраќања, диареа, со све.
Добро е што пие. Ќе помине. Издржи уште малку мајка, ако е обичен стомачен нема долго да трае. Со лесно
Мојава последен пат поврати пред 30 часа пред инфузијата, од тогаш нема повратено. Ништо не јаде само цица и чат пат вода пие. Вчера се покака два пати првиот пат запек одвај се покака тврдо, вториот пат помеко. И дадов насила со шприц наусолвит и пробиотик. Дали да давам уште наусолвит? Пошто само еднаш дадов после инфузијата пошто никогаш не сака ни сирупи ни капки. А Сабајлево почна и да кашла се слуша со секрет дека е кашлањето. Туку, и јас сум за никаде од вчера почнаа нозете многу да ме болат,денес ме боли цело тело имам шлајмови грлото ме приболува и сабајле многу ми беше ладно, потоа мерев тт 37.5 имав. Можно ли е да е поврзано со ова од ќерка ми?
А како се испитува рота, преку фецес или? Исто и јас, еве ужас сум од вчера, денес малце подобро, нит ми се јаде нит ми се пие, може да е рота не знам, ама некако сите не испофаќа ептен заразно е. А дали е рота или стомачен не знам, зошто и кашла, мрсули, стомак со грчеви, ма све.. Мора да пие, со сила ако треба тоа е, не смеам да го оставам така. Фала ти многу иначе. Ние за овој стомачен вирус, џабе даваме наусолвит, не помага ништо, нит капки, нит сирупи, ништо буквално.
Моето бебе во саботата поврати 2 пати обилно, и двапати имаше пролив, вчера од сабајле јадеше нормално после пак пролив еднаш ама многу смрдливи столици, не сакаше цел ден да јаде , кога го седнав за ручек после 2 лажички кои не ги сакаше исповрати во млазови и тоа од сабајле што го јадел, после пак нејкеше ништо, околу 7 навечер некако го излажав играјки се една каша да ишмука од тија нутрино јаболко и банана 180 г, и вечер го наранив банана пасирана со бисквита околу 9. Нокеска не повраќаше, му давав електролити преку ден со пипета зашто нејекше да пие. Чај нудев и вода, пивнуваше по малку, и смоки го нудев. И пишав на матичната ми рече не е страшно.Јас исто повракјав саботата навечер вчера бев малаксана како воз да ме прегазил, ваљда е некој вирус, денес е веке подобро.Бебе иначе има 20 м и немаше тт.
Да преку фецес Не го запирај повраќањето за да помине побрзо Гледај сега е вирусот во желудник и поубаво е од таму да се исфрли побрзо без да оди во цревата за да нема после пролив Ако повраќате многу системот најмногу помага за рехадрација.
Не го запирам, зошто и џабе не помага ништо, не ни давам наусолвиѕ веќе, само еднаш дадов и немаше подобрување, и не ни даваж веќе. Јас исто пиев ама џабе не помага, вчера се живо повраќаше, и вода дури, низ нос. Денеска е подобар касна и двопек еден, па доста му е, попосле пак, вода пие и електролити.
Моето денес два пати повратил додека бев на раб, ке пробам сега да му дадам супа ако поврати ке го носам на лекар.пиел електролити вода, јадел 2 пати ама и поврати два пати.
Добро е барел 2 пати, моиве над 7 пати побратија за неколку саати, мн е лош вирусов или што и да е ова.
Mojava posleden pat povrati pred povekje od 36h. Ama denes ne saka nisto ic da jade. Voda malku sosem pivnuva. Cicase nekolku pati. Ama nema energija koga odi bez sila e duri ne moze i da se dvizi ubavo. Povekje saka da lezi. Maticnata na odmor mi e. Kazete mi sto da pravam. Dali e strashno sto cel den nema nisto staveno vo usta? Kje pobudalam vekje