Не се плаши, најверојатно нема да има ништо, јас стопати ја имам бацнато мојата пред да сетам дека ми се прави херпес...
Со тоа завојот, нечешлана небањата, кога го извадивме не знаев од кај да почнам и ден денес раскажува како и ја врзале главата кога се удрила. Јас ја сликав дека 4 саата после ударот пробував сама дома да ја средам. 3 пати престана да крвари, ќе ставам фластер, она ќе се чепне и пак почнуваше и на крај реков џабе се мачиме, мора да се шие. Па во градска и ја снимаа главата, драма невидена беше. Затоа вториот пат кога се удри сама ја залепив со истите лепенки дома, и многу лесно помина иако речиси иста лузна има. Сега со 2 дупчиња се шета. Има и трето ама на работ на косат и е, па не се познава.
Здраво мајки, што давате за сува кашлица? Ептен многу кашла, бевме на доктор нема спуштено но не ни даде докторот ништо освен инхалација со физиолошки која ја правиме веќе 3 дена и не гледам подобрување. Дали смеам сируп од бел слез да му дадам? 2ипол години е.
I sin mi 4.5 god e od sinoke so temperatura, kacuva na 4-5 h, bez drugi simptomi. Maticnata rece moze i kovid da e zosto momentalno imalo mn decinja so ista situacija a kovid
Nas dosta ni pomogna herbion od islandski lisaj, i navecer sirup protiv alergija. Prosetki na cist vozduh i poveke tecnosti. Znam kolku znae da bide uporna ovaa kaslica, no mozes slobodno da probas so herbion okolu 2.5 ili 3ml ke ti kazat vo apteka spored kilazata na deteto.
Mi lici na alergiski osip. Kaj nas bese slicno i resivme so sirup protiv alergija. Sepak pedijatarot najdobro ke ti kaze.
Вчера бевме на дерматолог и излезе вирус дека е. Со истите симптоми имале 5-6 деца. Ни дадоа само крем за атопична кожа и Елидел крема и во понеделник крвна слика со црп
Мајки вчера го касна нешто малото на чело, имаше како плик и црвенило, после се направи оток, денес место да поминува отокот се зголемува почна и накај окцето да се спушта, се јавив на матичната ми рече лоратидин 3мл и облози ладно, ставав ациди борици ама го трга одма. Еве уште му стои оток, сега како челото е посмирено на окото како да е спуштен, и само тоа место е црвено и топло. Има ли некој слично искуство, опасно ли е, 20м има
И моето синче вакви отоци добиваше и од комарец како помал. Синопен или камагел имај си обавезно, мачкај.
го носев денес на лекар, рекоа алергиска реакција од комарец, да ставаме само облози и сируп за алергија. Како ги заштитувате децата од убоди летно време, моите се цело време надвор, имаме голем двор, или се во двор или ги шетаме кај деца во прак, на игралиште.Колку врем траат тие за мачкање кремите што мирисаат, на големото купував алка демек против комарци ама ја вади и за брзо времее ветрее, губи мирис.
Џабе алките... и ние сме во двор и решето ги прават децава, па и нас. Во двор палам од тие едни Раид да чадат кај што седиме и мачкаме нон-стоп против комарци. На физидерм најдобро до сега не штитело. Мириса јакичко, ама спасува од убоди... и исто добиваше алергиски реакции. Па тек на капак од око да каснеа или на уво... отоци едни језиви...
Мајки јас веќе досадна сум на темата ама единствена утеха сте ми. Син ми пак е болен. 4 дена издржа во градинка, и пак дома. Јас веќе не можам, побудалувам од грижи и не спиење. Знам дека не сме единствени, ама вреди ли да се издржи ова? Педијатар ми вели да бидам упорна со градинката дека ќе помине, маж напнува да го отпишиме. Не дека ќе е сјајно финансиски ако останам дома ама ќе издржиме некако. Има некој што поради често разболување одпишавте дете од градинка, и по некоја година го пративте пак и поуспешно е било да не се разболува толку? Или тоа е тоа, мора да се мине овој период? Не знам што да правам, чувствувам преголем притисок зашто само јас правам напори да оди во градинка, а се мачиме сите постојано со вируси, буквално преку една недела е болен и тоа по 5-6 дена го држи со температура. Да изздржиме ли? Можеби не е најпогодна темата за ваква дискусија, нека премести модератор ако треба. Ама очајно ми треба консултација со поискусни
Кад тад мора да помине ова со разболување, нека помине дури најдеш нова работа (пошто нели рече нема да ти продолжат договор) и после раат барај работа. Ако не сега во школо ќе проаѓаат. Нормално е. Моево го залечив викендов со Септаназал и маст од еукалиптус да не кашла толку и го пратив во градинка, а што да правам, не дава никој седење дома од ништо никаде. Нажалост тоа е реалноста. И моето е разболено од друго некое што одело болно во градинка, не можам се јас да сум најпаметна, има изгледа и попаметни од мене.
Повеќето деца поминуваат низ овој период. Ќе биде често разболувањето едно 7-8 месеци и после е поретко. Не е до тебе, не е до детето, едноставно е колектив, нова средина за него и мора вака да биде. Еве мојот поголем оди 3 години во градинка, првата година беше пекол за сите 3 дена во градинка, 3 недели дома. Сега многу ретко се разболува ама пак кога ќе се разболи знае да заглави 2-3 недели дома. И пак поминува и имаме мирен период. Тоа што ти можеш да направиш е да му правиш редовна тоалета на нос после градинка со изотоничен раствор, пробај диво оригано спрејче, појачај ц витамин и добра доза д витамин, разновиден зеленчук и овошје, со тек на време ќе ујача верувај. Сфати го ова како нормален дел од раснењето исто како плачки и нервози од раснење заби.
Па да размислувам и јас на таа варијанта околу 2 месеца да останам дома секако договорот тука ми е до крај на јули. Ќе се поклопи баш октомври да почнам со работа здравје, белки нема да сме малер пак да миниме вака и наредното зимо. Значи тоа е тоа, да си издржиме вака повуци потегли и со работа и со градинка додека не се подобри имунитетот. Давам витамин ц, се мислам само да појачам доза и насабајле и навечер, досега само сабајле го давам. Прскам диво оригано пред и после градинка. Јаде ептен убаво, овошје посебно, имат 2 овошни оброка во градинка, плус еден дома пред вечерата. Е со течности сме со молење, вода и лимон нудам секој ден макс 500мл испива во најдобар случај, има денови што едвај 2-3 голтки. Друго нешто за имунитет да пробам ако знаете?
Pneumoslajd kade pravat? Mikrobiologija veke ne pravat, javno zdravje nemale reagensi. Ni dadoa upat za prolece ama ni tamu ne e sigurno. Avicena go ukinale pneumoslajdot poradi avri ispituvanjeto. Pa sea se mislam ako ne pravat vo prolece da pravime avri. Dva meseci kasla. Iskustvo?
Има многу препарати за имунитет ама јас не би давала, ќе биде вештачки набилдано и моментот кога ќе прекинеш пак по старо ќе биде. Прават Ремедика.
Ако не пројде сега, ќе помине се во школо кога ќе тргнете, тогаш плус ќе треба да учите по дома. Колку години има? Еве ги и најболните дечиња кај син ми во група (од 4 до 5 години) сега се на нога проаѓаат. Поминува перидот на разболувања, сите така сме пораснале