Дизепам чепче стално имам фала богу не сме го искористиле досега. Гледам му прошол рокот треба да набавам ново. Мачкам и со алкохол полека симнува ама барем симнува. Ајде денес 3 ден вајда ќе помине, почна подолго да држи пониска т.
Со помин нека е. Вирус држи толку. Џабе ќе носиш на лекар истото што го знаеш ќе Ти го кажат... Чувај дома повеќе витамини особено витамин ц. Кај нас премногу помага и тоа е тоа.
Друг пат, стави и чорапчиња во оцет и стави и ги на нозе. И мене така порано ми симнуваа темп. И ме масираше мајка ми со ракија. И за темп. Далерон.
Ќути, да ти кажам колку качи вчера арно присебна останав. Сега кашла ама на инхалации е ќе се смири вајда.
40.8. Е толку беше последната температура, јас сама А маж на пат, кола не дома. 3 дена. На 4 саати давав далерон па блок макс. Страшно
Не најдов тема. Давајте совети за хрчење на деца. Алармантно е, хрчи повеќе од дедо му. Не сум спиена цела ноќ, де големиот де малиот хрчи, големиот има девијација ај, знаеме, ама малово? Се дави, хрчи... Помош кај да барам?
Да не има проблем со трет крајник? Внука моја исто мн хрчеше баш брачедами ќе речеше "нз дали таа хрчи или маж ми" па сега скоро им кажаја дека има проблем со трет крајник.
Не знам искрено, поздрав у живот не бил, нит нос затнат нит мрсули, нит кашла нит ништо. Ко гром од ведро небо!
@AngelOfArh сув да не ви е многу воздухот дома? И од тоа знаат да хрчат. На мојов не му течи нос ама му е сув, а спреј, капки или чистење не остава никако, и еве го хрчи до мене.
Од дома не сме излезени, прочистувач дома брчи, навлажнувач исто. Не верувам, имаме навлажнувач. Уствари и можно е, почнавме да гасиме клима навечер и помалку хрчи, може па и до тоа да е, во пишување ми текна сега.
Филтрите исчисти ги на климата и навлажнувач обавезно срц. мојот крчеше од парното и кога ставив навлажнувач одма се среди.
Филтрите секоја недела ги чистам и внатре со правосмукалка поминувам. Мора така пошто имаше некој вирус на пнеумослајд и од страв ја чистам детално. Навлажнувач имаме ама изгледа мал е.
Таман реков симнавме температура, сабајле бебе поткашлува. Совет инхалации. Купи мм инхалатор, ама јас сум глупава изгледа и не знам да го составам. Има некој ваков да каже како се отвора ова белово. Тука треба да влезе оној филтерот како сунѓерче што е.
Пробај да го свртиш па повлечеш. Јас имам на Емед и најубав ми е. Или ако не е убаво објаснето види на Јутуб, пиши го моделот ќе ти излезе упатство. Еве Нарциса ме претрка