Пак јас... Малава на обравчето има кругче како воспалено, прво мислев дека е од комарец дека искасана е и на др места. Ама ова е баш кругче... а деца на познаничка имаа фатено нешто од мачето и имаа слични кругови по тело но поголеми од ова (едното детенце имаше 3,4), а се дружевме со нив пред некое време. Можно е да е ова истото? И како се вика ако е тоа? Немам мир значи, а ни време за на лекар Пуштив слика на матичната па ако мора некако ке ја однесам утре сабајле..
Личи на ringworm од маче, ама мислам не се пренесува од човек на човек, директно од мачката се фаќа. Види што ќе ти каже матичната. Без секирации, ќе помине.
Па имаше контакт и со мачето и пуштив слика, па ке видиме што ке рече. Прва смена ми е овие два дена, а шанса нема да успеам да отидам сабајлечки...
Мариз, јас имав вакво кругче, од контакт со маче. Мислам дека е тоа што ти кажала Анат. Јас не го третирав, само помина по извесен период.
Читав дека ако не се третира, можело да се рашири Па се уплашив. Плус пишува на гугл дека и од човек на човек се пренесува...
Па да, габична инфекција е, веројатно може да се прошири. Не се плаши, кога мене без ништо ми помина, значи со антифунгална маст уште полесно поминува. Бар се надевам Пиши што ќе ти каже докторката.
Габична инфекција е... барем така ми изгледа од сликата. Вакво слично нешто ми беше излегло и на мене и тоа на потколеницата отпозади. На почетокотбеше како мала акна,ме чешаше ама не и дадов значење мислејќи дека е акна. Потоа од ден нс ден се повеќе се зголемуваше и ужасно чешаше. На лекар ми рекоа дека се појавило од контакт со животно.Ми дадоа маст Екалин чинам се викаше. Можеби цел месец го мачкав оти беше бааѓи проширено и башка зимно време,наоблечена неможеше кожатс да диши. Мој совет реагирајте со време,да не се прошири оти после потешко се лечи
Ми рече дека личи на габично и да одам да ми даде упат за дерматолог убаво да види, да не дава креми она. Ако успеам до утре ке отидам, ако не тек пон. Рече не е страшно и да почекаме до тогаш...
Ако е габична од мачка, не е страшно, имав како дете, ама, чеша и се шири. Со Екалин и Канестен ми помина за кратко, од тогаш мачка да не видам! Уште се сеќавам на моите, многу пострашно изгледаа. Туку, жлезда позади уво кај година ипол дете, се разочарав веќе, една недела раат не сум
Оди кај Анчевски да не чекаш, одма ќе те примат и имаат супер докторка, Анета мислам се викаше. 600ден. е преглед.
Да таму, страв ми е да отворам да прочитам нешто на нет, стрептокока лечевме и вакцина треба да прими
Нас од варичела ни се појавија. Не е страшно, и ние со нив боцкавме ммр и немавме никаква реакција. Од дтпр првата доза (да напоменам ние многу доцна почнавме да боцкаме и дтпр 1 доза или хекса прими на 3г а пред неа ммр на 2г и 11м) само паднат имунитет и закачи стомачен, ништо друго.
Знам ама не ми е осипале досега, високи т крева зверкава и ме вади од памет па уште да се осипе ми фали