Мајки, малиот е настинат овие денови, му течеше малку носот и кашлаше ама и тоа скоро незабележливо. Прв пат му потече жлезда позади едното уво. Матичната вели нормално било. Ако имал некој таков случај, од прилика после колку време се повлекува отокот?
На секоја настинка, и се прават на ќерка ми, на двете страни... Или па прво тие отекуваат па знам дека ќе се разболи. Не знам точно по колку време ама се повлекуваат, ништо страшно.
Здраво На син ми ( 7 ) , ОРЛ специјалист денес му препиша лекоклар сируп , со дексаметазон по едно апче дневно, и назонекс и оперил во нос. Ајде лекоклар знам дека даваат и на деца, но дексаметазон на дете? Тој не ли е за болка и многу јак ? Докторот е врвен специјалист , а син ми има ушни каналчиња полни со секрет од носот , болки де во едното де во другото уво по малку , и затнат нос полн со секрет. Сепак , никогаш до сега немав слушнато за дексаметазон на дете , и многу се плашам дека има пре јака терапија. Сте давале ли некој на дете ?
19 месеци е. На 17 тргна на градинка, 2 месеци е преку една недела болен. Знам дека е мал и дека најчесто е вака кај сите ама пак си мислев може поголем полесно ќе ги поминува вирусите. Ама па од друга страна шо викаш, полошо ќе е од школо да отсуствува отколку сега, поголема штета ќе има тогаш
Како да сопрам пролив кај 19 месечно дете? Што смеам да давам плус? Дадов диастоп, јаглен, слабо јаде ама пие вода. За цел ден имаше 15-16 столици сите ептен течни, последните само вода. Почнува да ме плаши, спие веќе 4 саати и еднаш се искака и во спиење.
Линекс јуниор ако имаш дај. Одма стопира кај нас. Пробај и да свариш ориз и водата каде што се варел да ја пие
Имам дома ама пишува за деца над 2 години. @Anturium Во сите околни аптеки барав ама ми рекоа дефицитарен бил, па земав диастоп. Ориз му варев за ручек, компир, 2-3 столици после тоа беа подобри и пак почна течно. Не знам што е ова.
Диастоп не сум давала, се надевам е ист. Кај нас беше така со рота вирус, ако продолжи и утре носи го на преглед. Ама па и само тој стомачен го имал мојот, така да не сум репер. Погоре се жалеа за лош стомачен вирус периодот, може и тоа е. Нека ја пие водата каде што се варел оризот, треба да помогне ова и за пролив и повраќање. Со лесно
Даваат, како не даваат, инхалации со декса кај деца им се ко добро утро на педијатрите, заедно со физиолошки, да не речам и многу родители на своја рака инхалираат. Дексаметазон се дава за намалување на воспалението. Ако ви препишале, веројатно имало потреба. Јас немам искуство кај моиве, не сум давала.
Мислиш за рота? Дека се смирува ситуацијата, касна од сабајле, се згуснува столицата. Ама вчера беше страшно, јас вакво цедење немам видено.
Да , знам дека има потреба го гледам каков е, но ете секогаш кога има премногу терапија се плашам. Нашето искуство со силен антибиотик е само со воспаление на ушите. Не е прв пат. Се надевам како расте ќе ги снемува честите инфекции за ОРЛ.
Prolife оние шишенцата не знам од кога смее, јас такво давав по пола шишенце неколку дена. Не знам дали од тоа или веќе само од себе се смири.
Штом се смирува јас не би го носела да не закачи и друго од таму. Прати го денес ако е пак многу тогаш носи
Како се манифестираат сипаници? Можно ли е прво температура да крева па да се појават? Изминатиов период в’градинка имаше постојано, сеа нема случај веќе месец дена. Инаку утрово имаше 38.5, дадов сируп во 7ч, цел ден е вооглавно добра, јаде малку овошје, вода пие, ама еве веке 3/4 саати ја држи 37.3 до 37.8 Кај матичен утре планирам да ја однесам, не се жали ни на грло нити кашла и сл.
Да, кај моево беше така. Прво 4 дена беше многу нервозен и плачеше за ништо, па температура и почна да исфрла. И додека исфрлаше нови цело време имаше висока температура.
Бебето ми е 8м. Не сум сигурна дали има поминато врзани 3 недели без мрсули или кашлање. До сега 2 пати наод на плуќа, 3 пати температури високи по 3 дена. Два пати е пиен антибиотик со бактериска инфекција. Не оди во градинка, ама брат му да кивне или да се закашла еднаш, малово болно е. Ете не е ни во колектив, ама све префаќа. Па се тешам кога ќе почне во градинка на годинка бар колку толку ќе има имунитет направено. Не се страшни детскиве болести, така се расте