1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, на малово му е зарипнат гласот малку. Не кашла но кога го натерав да се накашла звучеше како кучешки,. Вика дека не го боли грло, вака си јаде нема други знаци, но пред два дена се напи од на мм кока колата а беше ладна. Му сварив чајче камилица со лимон, лижавчињата не ги сака.Што друго давате за грло? Да прскам прополис? 3год е.
     
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Не давај топло никако, веројатно е полесна форма на ларингит. Сируп против алергија помага и инхалација со физиолошки, тоа можеш на своја рака, а ако станува полошо на доктор за кортико. Чисто да знаеш ако е ларингит, нападите на кашлица се случуваат најчесто ноќе да не се извадиш од памет.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Дали некој носел деца во солени соби дали верувате во тоа дека помага за со затнато носе, му беше затнато му помина сега пак еве
    Има кај нас дали вреди да се носи.
     
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    5.203
    Пол:
    Женски
    По групи на Фејсбук се зачитав дека при инхалации со Вентолин/Атровент и слично треба очите на детето да се покриени.
    Неколку пати сме правеле инхалации, строго по препорака на доктор меѓутоа никој не ми кажал дека треба да внимавам на очињата.
    Дури и кај матичниот и имаат правено инхалација со Вентолин и таму исто без покривање на очите.

    Е сега нормално паники 300. Немам забележано нешто поразлично од претходно сепак ме копка да не настанала некаква штета.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    4.525
    Да, нас во козле кога лежевме ни кажаа после 10тиот ден и 500 инхалации, да сум и ги држела очите затворени... И јас се испаничив, ги прашав зошто, дали мора, ми рекоа ќе се вцрвенеле, не знам дали кажаа нешто сериозно, можда ги пече не знам. Не изреагираа никако затоа што претходните денови не сме пазеле на тоа. Тогаш ќерка ми не се жалеше на печење или слично, очите си беа ок. И после тоа кога имавме инхалации не сум и ги затварала. Кај нас инхалации успеваат само ако гледа цртани, немам баш избор.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    5.203
    Пол:
    Женски
    Исто со цртани само успева.
     
  7. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.343
    Допаѓања:
    2.842
    Пол:
    Женски
    Да, така треба.

    Искрено никогаш не сум им ги покривала очите. Би било невозможно да им направам инхалација така.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    8.594
    Пол:
    Женски
    Nie odevme edno vreme. Nemam nekoe mislenje, zavisi sto lecite. Ako se sinusi, alergii vo prasanje moze i da pomogne. Ako e bakteriski osven antibiotik nema drugo care. I mnogu e vazno da pazis kaj odis, vo koja soba. Da e cista i posle sekoj da se cisti. Nie se mislam od salt cave mycoplazma fativme. Inaku ima poveke soleni sobi. Mene ako me prasuvas sleden pat ne bi nosela, samo more e lekot i toa jadran.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.621
    Допаѓања:
    173.933
    Пол:
    Женски
    Вчера имаше малечко кругче на горната страна на дланката и го чешаше, личеше на каснато од комарец. Утрово сама се облакаше па не видов, ама само што приметив и се извадив од памет, има неколку по раце и нозе и поголеми од тоа на дланката.
    IMG_2292.jpeg
    IMG_2293.jpeg

    Гугл ми дава каснато од бубачка или пајак. И го претресов креветот и на малиот и нашиот и цела соба ништо не најдов. Ви личи ли на каснато или сипаници?
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    13.101
    Пол:
    Женски
    Каснато дефинитивно. Мачкај синопен, најверојатно не е ништо страшно, само имала јака реакција. И ќерка ми прави огромни пликови кога ќе ја касне комарец.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Пак јас да се консултирам веќе не знам кај све не се обратив, детето 3 дена има температура 1 ден е супер и така веќе 2 недели, во понеделник на преглед беше супер денес мрсули крчи и 38 пак температура. Крвна слика леукоцити 14 црп 26, испиен антибиотик пред 6 дена никакво подобрување на своја рака брисеви правев вчера, 5 пати го носам наоколу сите ми викаат вирус е еве подобар е детево оздравува и следиот ден пак е со температура не јаде ослабен е ми препорачаа изопринозин да пие немам со тоа искуство, дали знаете некој специјалист асално да го види
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е мало за изопринозин и тоа се дава после долг период на тешки разболувања и мачење за детето. Колку што сфатив сега му е прво разболување како тргнало во градинка и очекувано е. Според крвната слика и најверојатно е вирус. Ако сакаш специјалист јас би ти ја препорачала др. Искра Лазаревска во Ремедика, секогаш успешно ми ги лечи децата.
     
  13. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски
    Кој ти препорачал Изопрозин? Вирус може и две недели така да тера, таман мислиш подобро е д акачи температура. Не се плаши од температура, сосема е во ред да има и да се бори. Лошо е кога не качува а има нешто, значи организмот не реагира. Не ми оди Изопрозин а прв пат да пие антибиотик. Тоа се дава ако веќе ептен долго време и често се разболува.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    41.690
    Пол:
    Женски
    Сабајле бев да ми земат крв и реков ај и на детево пошто одамна немам испитано, му излезе покачени лимфоцити и тромбоцити, не многу ама пак се над граница.
    Он вака ми е добар досега ниту еднаш не бил болен 14м е, па веројатно ако е неарен ќе приметев.
    Од што може да се покачени? Да го носам кај матичната или?
    И железото му е 9, а реф. вредност е над 11, додуша ова очекував оти не е по јадење многу.
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.187
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Дали алергииите се од само раѓање или се стекнуваат одпосле?Големо синче до сега никогаш немало проблем со алергија,сега му се појави од мачки, предходно има галено мачиња како помал никогаш немал реакции, сега од мачки и од куче малтезер веднаш кива, носот му се полни со секрет, му солзат очи.Почна да има проблем и во двор сега одеднаш почнува да кива, да му солзат очи, засипна, предпоставувам дека е од мачки исто бидејки има 2-3 мачки кои постојано се мотаат низ двор и лежат на места кај што си игра.Каде да го носам да испитаме алергија, има 6 години и до сега немал никогаш проблеми порано.Инаку и сопругот е алергичен на мачки и на малтезерот, потполно иста реакција сега има и синчето.
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    13.101
    Пол:
    Женски
    Алергија може да се јави на секоја возраст, дури и кај возрасен може првпат од нигде никаде да се развие. За испитување би требало матичен да ве прати на алерголог.
     
  17. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Правев брис на своја рака има стрептокока во нос резистентна на амоксиклавот што го пиеше, само во нос е ама веќе 13 дена се мачи детево и не јаде мене тоа највеќе ме секира зашто е слабокрвен плус прематурче досега со вируси фала богу за 2 3 дена му проаѓале затоа и се посомневав на нешто друго. Ќе видам сега со матичен за терапија понатамошна. Фала ти многу за препораката
     
  18. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Докторов само како консултација го препорача не го ни има прегледано фала богу не сум му дала од козле лекар нормално, многу сум незадоволна од нив буквално 3 пати ми даваат бог да чува некои терапии и за беља 3 пати бил болен све за време на викенд. Прематурче е и слабокрвен затоа и се плашам толку инаку стрептокока во нос има сама правев брисеви ќе видиме од матичен терапија сега за сега чистиме и инхалации правиме. Фала ти многу
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.111
    Допаѓања:
    101.855
    Пол:
    Женски
    Па нели малтезерите ги викаат “антиалергени“ не предизвикувало влакното алергија. Инаку алергија и се стекнува, не мора да е вродена.
     
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.187
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Очигледно не се антиалергени, и се тоа е маркетинг приказна, еве маж ми е алергичен на мачки и на малтезерот, а имам уште едно куче поголемо самојед на него не е, исто и син ми сега.На другарка моја синчето исто е алергично на мачка и малтезери ачуваа шарпланинец на кој детето не беше алергично. Малтезерите имаат нешто заедничко со мачките изгледа.Чудно е,но вистинито.