Мајки дали овие капки се за пиење? Син ми има кандида во уста на јазиче има бело и на образите помалку, педијатар рече да земеме нистатин капки и да му даваме да пие ама на мм во аптека му рекле овие не се за пиење? Дека треба само на газичка да ставаме и да го чистиме јазичето и образите. Син ми е 21 месец.
Бевме на доктор сабајле, нема инфекција среќа само многу шлајм има насоберано затоа има како притисок во уше. Докторот рече топло да ставам, капки за нос и редовно чистење носе додека да излези целиот шлајм. Фала ви на сите
Dali e dobra krvnata slika dete 2.5 godini doktorkata rece virus ja prasav za limfnite zlezdi ne bilo problem toa tt imase sinoka nosot mu potecuva
Лимфните јазли потекуваат од вирус, од настинка што викаат, како одбранбен механизам и рекација дека телото се бори со вирус. Нормално е, ништо страшно. Не знам зошто не им верувате на докторите. И ти и уште еден член има од Струмица со истиве маки, не им верувате на докторите и упорно си наоѓате кај децата дијагнози и болести.
Да де, кај големото скоро 5г стоеа, како се поправи така се повлекоа зошто во вратот се зголеми нели.
Земи лизобакт за деца, помага. Смее на 3 ипол години да се прска И многу сладолед. Ако е на антибиотик, до утре нсма да го боли веќе.
Пребарувам за начин на дозирање за сируп за температура, ми дава вака: - тежина на дете: 14кг. Парацетамол на Алкалоид: 8,8ml; Блокмакс: 3.5 – 7ml - тежина на дете: 18кг. Парацетамол на Алкалоид: 11ml; Блокмакс: 4.5 – 9ml Наизменично давам од Блокмаксот и на двајцата од 5ml им ја симнува, но за парацетамолот давав помали дози и сега гледам зошто не им симнувало. Прашањето е дали се овие реални бројки, да се потпрам на податоциве од интернет, ако знае некоја како се калкулира плс нека пише. Матичната не ми враќа.
Направи нов профил ама прашањата ти останаа исти. Детево нон стоп ти е по доктори, десетици крвни слики му имаш направено последниве месец два и секогаш прашуваш тука за мислење иако доктори ги гледаат резултатите. Зашто мислиш дека ќе добиеш подобар одговор тука отколку на доктор? Доколку се сомневаш во стручноста на матичниот, смени матичен, или барај упат правете детални испитувања, не е решение да споредуваш крвни слики. Во ист ден да направиш ти здрав ќе излезат различни вредности а не па дете кое е болно. Најдобронамерно ти кажувам, лечење на деца не се прави на форум. А богами ни твојата анксиозност. Патем на резултатите се гледа името на детето.
Да кажам да не кажам, ама проѕирно е веќе. До толку да си го прави болно детето не ми е јасно, ко едвај да чека да му препишат антибиотик.
Така е све ама не заборавајте дека има многу неедуцирани и несигирни родители што во се наоѓаат болест. Вака ако добијат потврда дека се е ок од повеќе места смируваат психа . Иако тука родителот е тој што треба да посети доктор, за добро на детето.
Да не има вирус со висока тт? Ќерка ми ноќеска качи тт 38.7 а денес 39.9 бевме на лекар, кс добра, матичната кажа некој вирус таков имало. Да ја следиме тт, чепчиња ако има тт и течности.