Мојот антибиотик не е пиел до сега, ама со вируси секој 3 ден е и по цела недела го држи температура. Прв пат сега има сомнежи за инфекција чекаме рез за урина и ќе си заработи антибиотик сега баш за одмор До 39.8 качува, едвај 4 часа издржува за следна доза сируп. Жити се нормално ли е ова? Јас се плашам веќе многу искрено и на раб сум да го отпишам од градинка
Вирус ли е ова со температура и повремена сува кашлица? Од синоќа почна да качува, прво 38.3, ја симнав еднаш со Блокмакс, после помалце од 6 саати качи пак, над 38.6 отиде и му ставив чепче. Бевме на преглед, плуќата е чиста и грлото не му е црвено. Ни кажаа само да ја симнуваме температурата и ако потрае повеќе од три дена, во понеделник да направиме крвна слика. Чајот со ловоров лист ќе има ли ист ефект ако го направам без шеќер/мед. Да ставам на пример урми?
И јас се нервирам, и не го носам веќе во градинка, јас ќе сум дома некој период ако треба, зашо ме излуде сето ова, а и на работа ми прабат проблем, не можам цело време денови да земам.... И така сме во хаос!
Еве да ви кажам дека има и полошо. Веќе недела ипол не оди во градинка, пиеше антибиотик и сега е добар, нема ништо. Епа вчера јас качувам температура и кашлам. Не знам како е можно откако син ми испи антибиотик мене да ме зарази, дали е од него или нешто ново е, којзнае. Има ли некој вакво искуство? А притоа работам од дома и го чувам, не сум ни била никаде освен во парк и да го однесеме на контрола (со маски). Само се молам он да остане добар зашто инаку не знам што ќе се прави веќе. Според нашата докторка да, нормално е.. решив да ја слушам неа, ама ќе видам и јас колку ќе издржат живциве со градинка.
Давај му сируп за имунитет. Јас давав имунобор 2 3 месеци и имаше ефект. Ако го тргнеш од градинка само бетер ќе направиш.24ч штом престане да качува одма назад во градинка само така ќе ојача
ве молам за совет дали мислите дека мора антибиотик или да не си играм играчки?! почна да му тече прозирен секрет на бебо (9+++месеци) прошли петок, викендот крена тт па го однесовме на брис грло/нос. во вторник стигна резултат дека е присутна бактеријата Moraxella само во нос, ама веќе немаше тт само носот полн, кашлаше и повраќаше шлајмови. вчера попладне бебе наеднаш дигна тт 39, ноќта беше вруќ, па денес бевме кај матична, а пред тоа нљ крвна слика и согласно резултатите (црп 36, дигнати леукицити...) и она ни даде Панцеф и да чистиме носот со пумпа и морска сол. На плуќа рече нема ништо ама кажа дека обично не давала антибиотик за бактеријава, ама ради неговите резултати морало. е сеа попладнево бебо е тооолку различен, игра, јаде, нема температура буквално пак како пред некој ден, значи како ништо дс не се случило??? а пред само 2 недели пиеше Алмацин за бактериијата Haemophilus Influenzae.. не сакам да го давам пак со сируп( Дека ми е прво дете ве молам за совет што би направиле? прикачувам слика од крвната:
На каков начин комбинирате Блокмакс со Ефералган? Ноќеска во 4ч дадов Блокмакс, издржа до сабајле без да качи и накај 10ч морав да дадам чепче зошто отиде над 38,5. 4 часа после него пак почна да качува и во 14ч дадов Блокмакс, па пак пред да поминат 4 часа во 18ч качи, пак дадов Блокмакс ама не ја спушта. Му дадов пред малце чеп, правам пропратно се друго, разладувам со Ациди Борици, млака вода, цел ден е на пеленка. Прв пат вака бавно се симнува, не знам до што ќе да е.
Вирус најверојатно. Ќерка ми од вторник е со тт. Два пати качува во денот и се во исто време. Преска во 14ч и еве сега пак почна, така е се овие денови.
Даваш ефералган па потоа 4ч ништо о да качува ќе разладуваш природно, потоа даваш блокмакс и. Пак 4ч треба да поминат до следна доза минимум за пак да дадеш ефералган. Се надевам убаво објаснив. Разладувај, голо нека седи, оцет на чорапи, млака бања, и слично.
Јас па не знам дека е вака. Знам дека можат да се даваат наизменично со соодветно растојание меѓу себе. Иначе го разладуваме цело време, цел ден е на пелена, млака бања, облоги со ациди борици, мокри чорапчиња итн. Ама упорна си е температурата, тешко се симнува, а брзо се качува.
Ако со Блокмакс се спушти температурата под 38.5 и не се качува брзо нема потреба од мешање антипиретици. Може обратен проблем да направите и откако ќе оздрави детето да има ниска температура. Мене матичната ми рече мешање на антипиретици се прави само во исклучителни ситуации (пример темчература над 39.5 што не се спушта само со еден лек) и ср прави еднаш до два пати во текот на болеста не постојано. Некогаш и мешањето и честото давање антипиретици го буни организмот. Дајте време да се избори самиот организам. Ако ептен не спушта и е многу малаксано детето има опција Дијазепам и пола саат после тоа парацетамол ама тоа исто само ако одобри лекар. За спуштање туширај, стави срнф или рендан компир на нозе, масирај со алкохол (домашна ракија). Исто така давај електролит и тоа помага за хидрирање и спуштање температура.
Јас не сум давала до сега така. Денес прв пат дадов чеп саат време после сируп зошто температурата место надоле одеше нагоре, многу плачеше и беше омалаксан. Инаку обично давам наизменично сируп, па чеп. Сега се спушти од чепот, ќе видиме ноќва како ќе ја поминеме. Друго нема ништо, освен што гласчето му е малце како зарипнатко.
Мајки синче има 3 години и многу често ми закачува бактерии. Оди во градинка и најверојатно сеуште нема изградено имунитет но се нервирам што многу често му даваат антибиотици. Пред два месеци примаше зинат еве денес пак му дадоа заради цтп 45. Има ли опција високо црп при бактериска инфекција да се излечи без антибиотик, стварно не се разбирам а матичнава страшно ме нервира со антибиотициве и има ли некое сирупче за имунтет што ќе му помогне полесно да ги совладува бактериите
Затнат е а не вадиме секрет. Ептен хрчи со носот и синоќе цела вечер со плачење се будеше од што му се слева во грлцето. Пробавме со инхалација и со аква марис не бива. Кој е добар спреј за да се разводни секретот?