Само физиолошки раствор со шприц и над лавабо ќе ставаш во едната па во другата ноздра наизменично и ќе видиш што се ќе излезе од внатре што не може ни со дување да излезе. Се додека не почне да тече водичка ќе ставаш физиолошки , не само по еднаш. Така прави 3 пати барем на ден и ќе видиш колку побргу ќе му престане нос да му тече. Јас така од 1 година чистам нос, никаков спреј не користам, ништо. Само физиолошки и толку.
Вака чистевме минатиот пат кога беше болен. Ќе мора пак, не може да спие од што е затнат. Негде позади е секретот и затоа не излегува со носко без да се разводни.
Ама и чепчињата се истиот лек. Кај нас чепчињата се парацетамол. За нив важи истото правило како и за сирупите. Не смееш да даваш антипиретик саат на саат време разлика. Знам дрека кога се болни е многу тешко, ама ќе ми направиш проблем од предозирање со лекови. Имаш максимална единечна доза и максимална доза во 24 саати. Мораш да внимаваш на тие. И не давај антипиретик додека качува температура нема да помогне. Нека качи па потоа дај антипиретик. Додека се тресе или му се ладни раце/нозр сеуштр качува. Тогаш џабе даваш антипиретик. Нема да делува. Нека се стабилизира качувањето и потоа дај сируп/чепче. Имај на ум дека Ибупрофен (Блокмакс) е поефикасен од Парацетамол (Ефералган и слични). Исто така Парацетамолот од Алкалоид е поефикасен од другите брендови не знам зошто. За разводбување кога се многу затнати се става хипертоничен спреј. Можеш хипертоничен Синомарин или Диво оригано. Од бабини лекови кромуд на парчиња исецкан покрај креветче. Ако ништо не помага Септоназал за деца може еднаш дневно и кај помали (за да можр да поспие малку).
Фала ти, не давам веќе така. Инаку кај него повеќе делува Ефералган од Блокмакс. Сирупот и едвај го пие, со мешање со вода и триста молби, па попрактично ми е да дадам чеп. Дневната доза ја немам преминато, чепчиња смее најмногу 4 во 24 часа, никогаш не сум дала повеќе. Не знам сега дали пак Ефералган да земам или Неофен. Што е подобро? Го подигнав на високо за да може да спие, ама не успеа ни пола саат да поспие па ете сега го држам исправен во раце спие. Кромид сецкам да.
Прво со солен раствор исчисти носе и после ставај оперил п или септаназал за деца некој деконгестив максимум 7 дена смее, ем ќе намали секреција ем отокот на лигавицата да може да спие.
Тука имаме една маст што се мачка на грбче како ментол, наменета уште од раѓање. Многу помага и силно мириса. Мислам дека и во МК има такво нешто, фитобалм ако не се лажам, прашај во аптека. Многу подобро од било што. Може и на гради да се мачка, ама јас на грб мачкам. Кога беше малечко, највеќе тоа помагаше за спиење. Ако ја купиш, баш ме интересира дали ќе ти помогне. А иначе на мала возраст мене ми е шубе било каков спреј да користам. Само солена вода и инхалации со физиолошки по 3 пати на ден.
Стави топла вода во коритце, сол една шака и една лажица експулмо маст, нека си поседи во коритце, после исчисти нос па земи септаназал за деца прсни по еднаш. Од маста на гради и грпче ќе намачкаш ако нема тт, ако има не. Ако не симнува со парацетамол никако ( под парацетамол мислам и Далерон и Ефералган), давај Блокмакс на 4ч размак, ама ко што ти кажа Џој џој, само ако не се симнува. Расоблечи по едно слојче облека, легни го на повисоко од грбот нагоре и сецкај кромид. До понеделник да изгурате за да направите кс да видите дали е вирус или бактерија.
Pozdrav feminki mislam deka e virus vo prasanje crp negativno ako e nesto strasno mislam oti e crp ke se pokacuva i leukocitite snizeni
Да не ве цитирам сите поединечно. Од 8 сабајле последно ставен Ефералган, не крена негде докај 15ч. 38.5 имаше, прво го избањавме со млака вода, го оставивме расоблечен ама наместо да симнува продолжи да качува. Екстремитетите беа ладни, кога се стоплија измерив пак, 39.1 и му ставив чеп. Пола саат има поминато, сега е 38.5, некако бавно ја симнува или така е нормално? Земав Синомарин и Септаназал. Пишува за деца над 2 години дека е вториов, он има година и два месеци. Колку често смеам да прскам, очигледно ич ама како практикувате вие?
Пишува над две ама педијатрите и порано ги даваат. Јас на моето прскам пред спиење само и кога беше мал и сеа на скоро 4г кога имало потреба. По упатство мислам 2 или 3 пати беше. За температурата подобро е бавно да спута.
Под 2 години додека беа прскав оперил или септаназал само пред спиење (претходно исчистен да биде носот) и тоа најмногу до 5-7 дена. А за чепчето би требало побрзо да ја симне ама може во меѓувреме качил повеќе, па затоа. Сигурно знаеш ама да пишам откако ќе ставиш чепче облечи го поубаво за да му помогнеш на телото побрзо да се стопли. Јас разладување практикувам ако има уште доста време до следна доза, а вака како во вашиот случај ако качува температура на 8 саати директно давам сируп/чепче.
Дали е некој е давал во аптека ми кажаа слободно можам да дадам блокмакс таблета 200мг. на возраст 7год. 28кг. бидејки сирупот го повраќа?
Синомарин јас го користев монодпзите и со нив правев инхалација. Тоа што ти има симнато толку малку најверојатно качил уште повеќе. Мојот качуваше 40.5 со чепот се симнуваше до 38 со 5 најмногу. Али после 3 саати блокмакс давав па ако имаше темп пак чеп и така се додека не дојде до нормална темп. Ѕирни му го грлото да не има гној зошто ако има џабе даваш се ќе има темп константно.
Да последните два пати на 8 качува. Во 16ч му дадов чепче, пред да заспие почна веќе да омалаксува, заспа сам што никогаш не се случило. Сега само што му измерив 37.5 има моментално. Ќе го следам па ако треба пак ќе ставам чепче. Носето го исчистив со Синомарин и смукнав со носко ама ништо не вадам, само водичка му тече. После тоа прснав Септаназал. Се надевам ќе спие подобро од вчера.
Проверено е грлото на лекар вчера, мислам не е до него. Освен од вчера до денес ако се сменило нешто. Сама не знам колку ќе успеам да проценам. Ја симнува он, ама поспоро од порано. Ќе видиме ноќва како ќе поминеме.
Денес околу 21.00 падна малото и на ивица од едно бетонско ѕидче ја расече веѓата, отидовме на ургентен и му ставија 2 кончиња, го шиеаја така на живо, срце ме боли колку плачеше. Ни дадоа сируп трицеф, и рекоа да прими вакцина за тетанус, до сега нема примено ни една доза, цело време ги одложуваат вакцините заради анемија и моја здравствена историја. Дали сега морам да го вакцинирам, во кој рок, не знам што да правам, дали може да пројде само со антибиотик. Дали таа е засебна вакцина за тетанус или треба комплет с прими дитепер? Утре ке се слушнам и со матичната. Ако има некоја мајка што не вакцинира да ми пише како се постапува во вакви случаеви? Има 21 м
@ALISA0000 ако не спие мислам имаше некое искуство, нешто со серум. Инаку по дифолт мислам таа детепер ја ставаат, посебна вакцина само за тетанус не знам дали постои.