Експулмо од бел слез многу му помага на мојот ама над 3 год, твоето е помало не давај такви сирупи под 2год. Ако е ларингит ќе биде баш кучешка кашлица како лаеж, ќе ја препознаеш. Да не те плашам ама такво зарипнато кашлање кај моите секогаш завршувало лошо, ако имаш каде да го однесеш чисто на гради да го слушнат би било добро.
Вие и денес да вакцинирате он ке развие антитела тек за 20 тина дена Ако добие тетанус он сега шо ке помогне вакцината после 20 дена? Не работе така вакцината боцни и готово имаш имунитет Не,имунитетот ке го стекнеш за 20 дена ако го стекнеш деее Според мене нека испие ант и не треба ништо друго
Лошо во смисла спуштале на плуќа? Не кашла специфично како кучешки, нормална кашлица како да почнува влажна да станува. Кога е буден и си игра не кашла скоро ич, само на спиење има проблем или кога јаде, ама ептен слабо јаде, само цица и тук таму по некое залче бисквит, лепче, смути. Немам кој да го преслуша денес. Докторот што ни е познат на дежурство не е денес на работа, а ако го однесеме кај некој друг знам одма ќе се залетаат со некоја агресивна терапија, таква им е праксата. Ќе видиме како ќе биде до вечер ако осетам некоја промена ќе го однесеме.
Да, те сфаќам и јас сум скептик за носење на дежурства. Може и со шлајм се мачи ама јас така изгорена годинава секаде ми оди паметот. Следи ситуација, ако приметиш краток здив или чудно дишење носи го некаде. Инаку лошо на пневмонија мислев, зарипнато кашлање така завршува кај моите.
Можеби има шлајмови. Ќерка ми така минатата недела беше многу кашлаше дури свиреше одвнатре матичната ја прегледа кажа нема ништо спуштено од шлајмовите било и ни кажа инхалација да правиме и еве сега понекогаш се накашлува. Утре ќе видете што како е.
Стварно немам искуство. Ете го сега качи 39 пред истек на 6 часа од чепчето. Што правите во такви ситуации? Ептен е омалаксан, последно пред 5 часа му ставив, да чекам ли да помине времето или? Го разладувавме сега ми спие во раце и уште е многу топол.
Има таков вирус. Колку дена има веќе тт? Ќерка ми од вчера веќе нема од вторникот почна да качува. Може и на 4 часа да дадеш сируп. Масирај го со алкохол 50:50 бањајте го почесто. Давај му течности. Измасирај го и замотај го во некоја крпа, бањарка јас така сум правила кога ептен тт качува.
Не секој ларингит е за антибиотик. Може да њ бактериски, ама може и вирусен и алергиски. Големиот мој има и секогаш само со инхалации поминува. Како кучешка кашлица и не може здив да земе. За жал кај мене големиот обично ноќе има напади и дирекно со гушење. Треба да се изнесе на ладно(што сега е невозможно со оглед на тоа колку е топло) или пред фрижидер отворен да дише ладен воздух. Штом кашла на јадење, најверојатно е од секретот. Малото мое сега е со многу секрет и пробува неколку залчиња па почнува да плука, од секрет не може да голтне храна го дави, а никогаш не се случило претходно да плука. Незнам дали сте правеле кс, кај малото ми излезе се комплет. Вади 4 четворки, вирус (изби после тт розеола осип), плус две бактерии во нос. Креваше исто температура на 4 часа. Знам дека е мачно ама ќе помине. Само нека го преслушаат сепак утре, да не има потреба од инхалации. Мојов еве конечно крена уши, ама од четвртокот е на антибиотик и инхалации. Само уште осипот да се доповлече.
Вие треба серум да ставите, не вакцина. Ако имаше вакцина немаше да прима серум. Инаку бактеријата која предизвикува тетанус најпогодно време за размножување и е лето со високи температури. Може и ништо да не ставите, ако почне да развива симптоми ќе лечите има третман 90% успешен.
Не пие сируп, запечатува уста. Ни за јадење не отвара, камоли за сируп. Сѐ ова направив. Сируп не пие, затоа чекам 6 часа за чеп. Качи 39.2, со млака бања и масажа со алкохол и вода ја симнавме на 38.5. Веќе можам и чеп да ставам, поминаа 6 саати. Инаку почна да качува од четвртокот вечерта. Кива, кашла, не знам што е ова веќе.
И кај нас е насобрано. Вади горни двојки, побелени се скроз. Ова му се 6ти заби што ги вади, има кецови горе и доле, ептен споро ги вади. До сега три пати е болен и секој пат се поклопува со вадењето заби. Исто прави и он, носи до уста залче нешто ќе успее да голтне ама поголем дел плука. А обично никогаш не плука и он, ама се познава дека не може да голтне ради секрет. Ќе провериме крвна слика утре и брисеви ќе си побарам зошто многу висока темп крева. Пред малку 39.4 измерив, се мрднав веќе! Ни на сила не бива ако веруваш. Некни и вчера успеав неколку пати со лажиче разреден со вода, ама сега ни така не бива. Устата му е скроз запечатена, никако не можам да го натерам да ја отвори, сѐ пробав. Ставив сега чеп, ќе се стабилизира.
@Bella_Stella кај мали деца може да се дава чак од бел слез за разводнување на секрет. Само не топол чај туку млак илк ладен малку по малку. Го разводенува секретот. Што и да е ќе помине.
@Bella_Stella можеш и електролити да даваш тие се како инфузија ќе го освежат од високата тт. Ама мислам дека штом ти качува на 6 или 8 часа почнува да поминува веќе. Мислам дека те прочитав првите денови и на 4часа дека ти качуваше.
Јас со шприц давам сируп. Ќе го притиснеш јазикот со шприцот и на страна покрај образот ќе пушташ за да не се засркне.
Не знам ќе прашам баш за ова кога ќе одиме на контрола. Да, качуваше на почетокот на 4 часа и помалце, после почна на 7-8, а последниов пат пак качи на скоро 5 часа. Ќе видиме сега колку ќе тераме. Какви електролити, тие на Хип? Пробано. Или ние не знаеме како или он е многу голем инат. Ќе тераме дур се може со чепови за температурата. Ама дефинитивно треба да се научи да пие сируп. Ќе дојде ден антибиотик да треба да му се даде, а ќе нема како.
Ја отварам темата јас да прашам, гледам сите болни. Од викенд се вративме за на дежурен. Испаничив оти претходно загазивме многу, пред едвај два месеци. До сега немам измерено температура, ама веќе кашлицата зачестува и не е цело време иста. Првично сува, па малку влажна, за по пат да прејде на кучешка. Го преслушаа немал ништо сега ама да се следи со оглед на тоа што претходно има спуштено. Грлото не е црвено. Не пратија дома со Синомарин во нос и инхалација физиолошки. По некоја случајност и моево вади заби, споро и мачно. Забележав позади и катник со четирите врва е излезен... Не оди во градинка, ние сме добри, не е имал контакт со некој болен, од кај сега ова не знам. Штом толку нѐ има, кружи некој вирус веројатно.