Дечки, здраво . Не ми е до смеење ама ај. Многу ми крева температура на брзо. За 2 саати ми качува над 38, а давам наизменично ефералган и блокмакс. Во 12:30ч пиеше ефералган, во 16:30ч качи 39, дадов блокмакс 5мл, за не цели 2ипол саати 38,1 и пак и почнува треската. Освен туширање, што да правам ако во тие 4 саати оди над 39, да фаќам дежурен или да дадам порано сируп?
Мајки од што може да е ова каснато? Ја чеша само кога ќе се допре, знак од крлеж нема.. Секако ќе носам дете утре на доктор, но ако некој имал слично искуство нека каже.. Кругот е проширен во дијаметар од 20-30 цм..
Колку кила е? Сметај еве и кај нас нема спуштено температурата скроз ако има сирупче пиено. Уште има 38 ако дадов блогмакс
13,5кг е. Блокмакс 5мл давам. Ефералган сега ми беше на ред дадов 20 мин порано, два пати ја туширав, 39 креваше. И еве 20 мин после сирупот поминаа, накај 40 оди. Ама се расони малку живна па не излегов за на дежурен, а уште врие. Само вечерва да се стабилизира
Штом има треска не туширај. Кај моите Ефералган многу не помага, го купувам оној плавиот на Алкалоид парацетамол пишува. Не се плаши ако оди и над 39, само да не ја ладиш кога има треска или ладни екстремитети. Така ќе биде додека телото не постигне температура. И утре обавезно на доктор, веројатно е грип ама да проверите и бактериски да не е штом така брзо качува температура.
Јас давам вака по препорака на добар педијатар 15кила 9мл парацетамол 7.5 бруфен, парацетамолот тера до 4 и пол часа бруфенот 6. Давам само по потреба на време 38.5 кога оди нагоре,до сега ми нема појдено на 40 само до 39.0. Ако константно крева високо температури вика ако по два часа не се намалува, трае повеќе од три дена правиме крвна слика. Во ред е од 39 да се намали на 38само, битно се намалува. Сега имаме и од 38 нема спуштено надоле. Го туширам само кога со сируп не се намалува и има над 39. Давам Далерон и бруфен поединечно. Последно крена во 19часот дојде до 38.9 сега има 38 ама супер е весел и се. Последна фаза кога завршува темп е кога детето ќе се препоти во текот на ноќта или дента кога спие. Тогаш му поминува. Следи ја како ќе биди и дали има други симптоми. Ние сме само затнати во нос друго за сега нема ништо. Не можи одма да се намали темп треба време, се случува и по саат и пол да намали со сируп.
Еве ја и мојата со тт. 39,2 Се жали на болки секаде. Почна со меше ама нема дијареа и не повраќа. Нит кашла нит секрет ништо. Ама тт никако да спушти еве веќе саат ипол. Ја бутна спие. Ама у сон ми збори и изводи. И викам ај да пиеш вода, ми вика пиев сега пред две минутки кога не беше ти тука... И така... Ноќеска нема спиење.
Со помин да е. Сношти одвај поминавме и времево тешко некако топло, морав и со климата да регулирам, ич не сум наспана. Настинати се, ќе му помини. Зедов лубеница да му давам ич не пија вода, со супа и со овошје и краставички сме цел ден, нема апетит, ни млеко не сака. Вчера прво се пожали на мешето, после носот не знам шо вирус има закачено или само настин е. Најлошото е темп во лето... Ај нека помини само..
Пробав да му го чистам носето со пробивање со физиолошки, прв пат, правам баш како шо гледам на Јутуб, стои малце навален и цело време му оди во уста, но не излегува од другата страна ама и не стои баш мирен и се поткрева нагоре, дава отпор и завршивме со плачки.
Исти бевме во петокот и саботата, темп не се симна под 38, до 39 со нешто одеше..ние правевме крвна слика и црп по препорака на матичната и испадна црп 100 и завршивме со антибиотик..може најдобро утре да направите крвна слика со црп и брисеви.
Еве ја со 39 пак за помалку од 4 саати. Ни еден друг симптом нема. Вчера имаше мн бурна алергиска реакција бог знае на што. Крвната слика вчера и црп гланц, ама немаше тт. Ќе ја однесам утре прво на брисеви и кс, па на преглед пак.
Јас не знам што е ова.. Детево никад вакво не ми било... Викаше неможам нрможам... Спие не можам да ја разбудам, среќа спушти до 37,5. Ја кревам вода бар голтка да се напие почесто. Ништо друго Стомачен да е само со болки во стомак можно е? Никогаш немала стомачен.
Баш пишував пред некое време, кај мојот во сосотјба на инфект имаше воспаление на жлезди во меше и од тоа дури и поврати од болка. Ние испаничени тогаш кај не го носевме, ама на ехо се потврди. Кај мали деца во сосотјба на инфект знае да се воспалат тие жлезди и тие правеле грчевити болки. Сепак си знаеш следи ја и ако треба на доктор.
Спушти ноќеска кај 1 скроз и тек сега качи 38, неќела суруп добро била. Весела стана ама па спиеше 12 саати. Да, секако ќе следам ако и ноќеска биде вака ќе ја носам. Секако се уште е рано за кс.
Многу чуден вирус, многу. Топол од појас нагоре, давам ефералган, не често ама 2 пати на ден и симнува ама не скроз, и јачи цело време не спие, не јаде. Синоќа ми заврши ефералганот имав парацетамол, дадов парацетамол, ај што симна убаво, се препоти, ама и што се наспа конечно, не јачи веќе, не се мачи, не се тегне и отспа и он и јас. И многу вода ми бара, он и така пие вода, ама ова, по 2 шишиња дневно ги пие ко ништо. Многу чуден вирус.
Добро е ако е само вирус. Кај малово беше 4 четворки, две бактерии во нос со многу секрет и згора на се вирус, кој на крај излезе розеола зошто се исипа. Еве уште мрсули секретот не може да го досредиме, се дави во шлајм.