Треба секој матичен да го има и доста од нив го имаат, само не им го покрива фондот и го наплаќаат приватно 400/500ден. Иначе го има и во лабараториите се вика брз стреп тест.
Додека повраќа да давам електролити или да почекам да се стабилизира малку? Ако давам ги повраќа една голтка и таа една ја повраќа и наусловитот после 15 мин ги поврати. И заспива ја кутка, од пред три саати почна повраќањево
Кај нејзе правевте нас па упат ни даде во биотек ама може дека и други испитувања. @Lisandra прашај во лабораторија некоја. @Cloverrrr ако веќе повраќа неколку саати давај и на пола саат и да повраќа нешто ќе остане.
Почна и темп да крева е сега ако у случај и дадам сируп и го поврати, тогаш чепче претпоставувам ќе треба, ама дали одма после тоа или да се чека и колку и имам дома ефералган чепчиња од 80мг а она е 10,5 кг колку ќе треба да и ставам едно или две?
Јас чепчиња не сум ставала. Ама ако има стомачен и повраќа на 15 мин не би дала сируп туку чепче. Или ако мислиш дека има ризик да поврати. Ваљда ако пола саат-40мин после сируп не поврати мислам дека би требало да делува.
Колку пати поврати? Ако е повеќе пати поарно однеси ја на дежурен, според килажата мала е да не дехидрира.
Ако се ти поврсќа носи на инфузија дете. Сум пишала и друг пат , не е зарканција дехидрација. Ми дехидрирало дете еднаш и сега од страв ако ми повратат пример три пати четири во еден сат, одма носам на детско и лажам дека цел ден ми повраќаат, за да ги стават на инфузија и одма им е подобро. Мора хидратација. Јас веќе не си играм со еликтролити .
Исто, трауми имам од стомачни вируси и дехидрирање затоа само советувам да не се чека и да се носи на доктор.
Остави ја да се смири малку, не давај ништо. Јас минимум 2 саати не му нудам ништо, па после полека електролити со лажиче, течности, јаглен. Чепче најдобро од 150 да ставиш.
21месец е, не повраќа така веќе, два саати немаше повратено и и давав по малку електролити измеѓу и упорно вода бараше и и дадов се изнапи и после некое време пак поврати, и сега еве од тогаш помина саат време нема повратено, ама испи оризовата вода исто не се разбора плаче за уште, па ќе ја видам како ќе е, сега заспа.
Тоа е проблемот кај неа што упорно ми бараше вода, а таман се стабилизира два саати немаше ништо и се изнапи и пак поврати. Сега спие, од последното повраќање помина 1 час, ама се изнапи оризова вода пред да заспие па ја чекам да видам што ќе биде.
Немам од 150, лошо би било две ако ставам или така би била голема доза? Нема висока темп 37,3 ја држи ама за секој случај да сум спремна ако крене ноќеска
Не верувам дека ќе ти качи. И не и давај да пие толку многу од еднаш. Не те следев кога почнала со повраќање и колку често. Мојата кога имаше страшен стомачен буквално желудочна киселина повраќаше. Продолжи со електролити и по малку вода, на 5 мин ако треба, јас давам со шприц. Земи во еден шприц 3 мл електролити во друг 3 мл вода и давај на 5 минути. И во спиење сум и давала на 20 мин пола саат, шприцот во образ и ќе го испие. Најважно е да даваш помалку почесто сега, исто и со храна сабајле, може ќе сака да изеде се ама давај и по малце, залче па пауза па залче па пауза.
Оваа се резултати од 28ми Мај. Без никакви симптоми само со температура. Пиен антибиотик цефалексин. Матичната рече нема ништо освен покачени леукоцити. После 1 недела од завршена терапија еве го сега крена пак температура. Што можам да испитам плус? Пошто кај нас ако сам не си побараш никој не те упатува