Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    14.462
    Пол:
    Женски
    вирус. Врие од вируси. Јас не знам што е ова. И ние сме биле деца ама ова не е нормално
     
    На anggell и Lisandra им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Два дена беше супер, сега сабајлево носот се растече,нешто пак има закачено, ако се избори со едното сега со друго, може закачи нешто од болниците ко го носев, во градинка не го праќам.
    Минатата недела со температури беше, ич немам спиено утре сме на одмор не знам како ќе поминиме.
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    14.462
    Пол:
    Женски
    и моево. Пред 3 недели со температура крвна слика само леукоцитите покачени. После 2 недели пак крена температура траеше еден ден и помина
     
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.110
    Чекаме да видиме дали ќерка ми ќе фати сипаници, можно е братучетката да има од градинка. Е сега прашањето ми е дали имате искуства со сипаници кај возрасни? Мм нема прележано и не знам што да очекуваме. На интернет се изначитав глупости, стандард...
    Не ја чувам од сипаници, треба да ги прележе евентуално.
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    21.990
    Пол:
    Женски
    Маж ми имал на 24 години, тешко поминал но без компликации.
    Свекрва ми тогаш 57 полесно поминала
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.110
    Како тешко? Со висока температура?
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Моите две деца прележаа едно по друго, маж ми цело време до нив не префати. Инаку и јас пред тоа читав и се исплашив, сакав да го изолирам ама остана дома. Наводно, поголеми се шансите да имаат компликации и ме советуваа ако префати да оди со време на инфективна.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.499
    Се зависи од имунитет и дали е со некои хронични болести. Ако си е здрав прав тогаш може да крене темп и цело тело да го боли нели машкоте и со 37 драмат мислат дека умираат а не пак со 39 али во глобала познаниците наши за 1 недела се оправија. :) Не читај на интернет зошто нормално е секој хронично болен човек било што да прележи одколку здрав прав :)
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.110
    Има псоријаза, не знам дали влегува во хронични болести. Друго здрав прав си е :D
     
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    21.990
    Пол:
    Женски
    Со тт, многу осип.
    Вика најмачни ми беа на глава, не можев да легнам.
    Нормално не можел ни да се бричи, кошмари вика сонував.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.499
    Не не. Мислев на притисок,шеќер итн. Псоријазата е исто проблем али конкретно е на кожата па се лечи дури и да се воспали повеќе додека со внатрешните работи е по зезнато малце. Ќе помине со лесно само очекувај да ти драматизира повеќе ако закачи :D

    Да и ова е зезнато особено после тоа како далматинци изгледаа познанициве се зависно колку ќе се исфрлат.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.110
    Уште ништо не знаеме и веќе почна драматизирањето :D
    Јас па за мене не сум плашлива, ама за сите други коски ми се тресат :sweat: совршено комбо :D
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Кај мене ни мм ни свекрва ми немаа прележано и не фатија сега од големата. Малото и тоа не префати овој пат.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    2.584
    Пол:
    Женски
    Мм прележа пред два месеци, 30+ е и исрекно не знаеме од кај фати, никој немаше во околина едино остана сумљата од малата некако да префати, а таа немаше ништо нит па ја фати од него после тоа, многу чудно. Иначе неделата пред да избиат тој турбо работа, вежбање и кога се исипа вика сега ми е јасно зошто немав сила, а вечерта пред да избиат имаше блага треска ама не ни мери темп мислеше прелада, избија и за три дена почнаа да му се сушат и немаше многу. Значи полесно здравје, а многу се плашеше зошто знаеше дека не е прележан и од малата дека ќе фати. :D
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.110
    Фала ви на одговорите :)

    За машко-женските разлики во гледањето на нештата... другарка ми ми кажува деверот и снаата прележале пред некоја година со децата, ама вика добро поминаа, имаа само висока температура.
    Мм е другар со мажот и, зборувале на истата тема, вика брат ми многу лошо помина, со температури неколку дена. :D
     
    На mal.ecka, Cloverrrr и Brpbrp им се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.499
    Драма :D:D
     
    На mal.ecka и see.emily.play им се допаѓа ова.
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Малата имаше бактерија во носот уште пред две недели, со црп 170, без други наоди (крвна слика и мокрача во ред), со брис од нос дознавме дека е хемофилус инфлуенца, и јас ја фатив. Пиеше панцеф 10 дена, сега веќе две недели откако дознавме за бактеријата и 4 после пиење антибиотик. Откако заврши со антибиотикот и почнаа мрсулчиња прозирни но голема количина се дави во нив. Денес на проверка на црп и е 23. Уште не е намалено, дали е недолечена или треба уште време за да се спушта или е нешто ново??
    Инаку и јас бев со антибиотикот и мене ми се враќаат симптомите, почнав со болно грло и кашлање. Сега продолжен викенд, не знам дали да идеме по итни или нормално е треба време да се спушти?
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.840
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Женски
    Колку дена трае вирусот, немој да кажеш повеќе од 2 дена, јас шизнав од болки, темп не се симнува ни за жива глава не сакам ни да помислам дете да го фати.
    Аман од овие вируси :(
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.499
    Само влечи со аспиратор и толку. Носко на нас ептен ни заврши работа зошто не иритираш ништо внатре за разлика од другите аспиратори рачни.
    Треба време да се спушти црп барем 2 недели од антибиотик. За на итни не оди ептен ако не качи темп.
     
  20. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Веќе качи температура од кога пишав и не и се спушта со сируп до 36,6 еве најмногу спуштена е 37,7. Ќе одиме утре сигурно негде на контрола зошто и мене симптомите ми се вратија, буквално во ист ден не спотера.