И јачменот е обично на ќошот од капакот, барем така сум видела до сега. Мене ова ми личи на каснато од пајак, мене ми е вака и ми трај со денови. Ако не е повлечено уште мачкај синопен.
Ставај чорапчиња натопени со оцет и вода, барем кај нас доста ефикасно се покажаа. Имаше сношти температура, ја легнав по боди и чорапчињата, 2-3 пати и ги сменав во текот на ноќта, кај 4 часот веќе немаше температура.
Ти благодарам на споделеното искуство мама,со помин нека ви е Сепак матичната излезе во право ми стигнаа резултатите од крвната слика, вчера по нејзино инсистирање направивме нова. Црп-то од 32 на 70 му се качило и покрај Цефалексин па ни рече да го однесеме повторно во Козле..
Мајки сега забележав кај сим ми 21 месец на јазикот има како бели мозолчиња. Не дава да сликам. Значи не на устата туку на јазикот 5 6 мозолчиња. Некој да има искуство да каже што може да се тие?
Здраво, на одмор сме а од вчера помалото е со тт, качува до 39.4 со блокмакс спушта до 38,еве гледам да не давам пречесто сируп ама макс 5 саати издржува, гласот му се фати засипнат е. Има скоро 22 месеци, пред 10 дена заврши со трицеф заради повредата и примаше вакцина дтп. Дали може да е некоја инкубација од повредата, или пак од вакцината реакција, памет немам веќе, го туширам, ставав компири и пак под 38 не спушта.До сега 4 пати дадов блокмакс по 4 мл, има 10.5 кг а поминати се помалку од 24ч,првпат дадов вчера во 16.00. Во близина на флогита каде има педијатар? Ни рекоа имало некаја болница во полигрос, или во солун да одиме. Со алкохол како се спушташе тт?
Не знам каква повреда, ама таа и да била поминати се повеќе од 2 недели и примал антибиотик, а и од вакцината доста време поминало. Да купиш и парацетамол прашај во аптека (ефералган кај нас што е), па да даваш најизменично, давај и електролити многу е жешко. Ако засипнал да не е ларингит некое вирусче. Давај многу течности и ц витамин ако имаш. Најдов доктор во флогита ако сте таму, ама во ривјуата вика не е педијатар не прегледувал мали деца, ама најблиску ви е па може ќе ве упати. Во мудања има педијатри.
Здраво мајки син ми е на терапија со Цефалексин поради црвено грло,во меѓувреме јас фатив бактериска инфекција ми препишаа два антибиотика.. Малце е глупо прашањево ама дали е заштитен? Многу ми е страв да не фати од мене..
Зависи кои симптоми ги имаш ти. Проблeм со грлoто? Кашлица? Цефалексинот е антибиотик со широк спектар,би требало да е заштитен ама и зависи од сериозноста на твојата инфекција.
Бевме во полигрос во таа главна болница, го прегледаа, ларингит, прво му беше слаба сатурацијата и мн висок пулс ама рекоа од страв, му дадоа инхалација и кислород,рекоа за инфузија треба да го хоспитализираат, му земаа крв, резултатите се добри, рекоа најверојатно вирус. Матичната ми даде од дома тримоксазол сируп незнам дали да му го давам. Го тестираа за ковид негативен е. Не му дадоа инфузија, се мислам дали да си одам дома вечерва. На пола одмор сме, големо о сака да седи, се мислам да си одам сама со бебето со едни срби маж ми не дава, вели сите да си одиме. Ич незнам, да сум дома подруго е, да седам а да му се случи нешто и тоа па не иде. На никаде сум.
А кашла, зошто сатурација му била слаба, после инхалацијата се стабилизира? Го наслушаа? Вака подобар ти личи или не? Ако е расположен јас не би одела дома, може за 1 ден да е како нов. Ама те разбирам и јас би сакала да се вратам, дома си е дома. Сирупот не знам за што е, антибиотик на вирус не делува. Јас за ларингит инхалации сум правела не знам што може како замена да добиеш, инхалатор сигурно не носиш. Преспијте ја ноќта па видете сабајле.
Абе што ќе правиш дома, 100 пати подобро на море да си. Ете сте биле на преглед. Давај сладоледи, ладна вода, рано рано наутро на плажа прошетки, ете ти инхалација. Па не е дека грчки деца не се разболуваат. Ако имаш нешто антихистамин дај и тоа ќе му олесни малку, антибиотикот не.
Прво види како е бебе. Второ не се малтретирај со болно бебе па по жештиниве и границиве да се враќаш, ништо нема да е поразлично ако си таму или тука. Ако е вирусно џабе е антибиотик само ќе му го донамалиш имунитетот па и некоја бактерија после тоа да фати. Ако според кс е вирусно само со парацетамол и бруфен спуштај. Евентуално чепче(супозиторија) парацетамол да му ставиш и толку. Ќе помине максимум 3 дена би траела температурата. Смири се и не паничи со алкохол немаш потреба да го мачкаш. Само туширај без глава со млака вода, електролити и ќе се оправи.
Zdravo majki stotuku mi ispratija rezultati no nisto ne kazaa. Prativ na doktor nemat mi vrnano uste. Ocigledno ima nekoja bakterija vo nosot. Dali zte imale vakov slucaj I kako ja tretiravte?
Има бактерија во нос streptococcus pneumoniae. На антибиотиците од лево е резистентна(не делуваат) од десно е осетлива делуваат. Најчесто оваа ја третираат педијатрите, ама пак е индивидуално и зависи од симптомите на детето.
Ние ја третиравме зошто е една од потешките видови на стрептокока и имаше температура. Знам дека трицеф пиеше и се оправи.
Испи пола доза парацетамол, пола ми ја плукна и не спушта температура, 39.2, можам ли да ставам чепче побрзо или пак мора да чекам 3 саати?