Каснато од инсект, алергиска реакција од храна.. Јави се на матичната, да ти каже дали да даваш нешто.
Ако е каснато, џабе тобрадекс, треба некој антихистаминик. Јави се прашај дали да ѝ дадеш лоратадин или нешто такво.
Ringworm се пренесува од човек на човек, јас префатив од маче па пренесив на маж ми. Немаше тој контакт со мачето. Со канестен излечивме.
Јас имав еднаш вакво кругче на ногата. Го најдов на нет што е, и се изначудив зошто имам куче, а мачка немав ни видено тој период, а не па директен контакт. Сигурно се пренесува и на друг начин освен дирекно од мачка. Јас еднаш го намачкав со паста за заби (демек природен лек) бидејки не планирав да одам на лекар за тоа, ама мислам дека си помина само од себе после 1 недела.
@duffi @NarCis@ дадов лортадин со консултација со доктор е сега за колку време би имало подобрување мислам да и се отвори окото
Може и до вечер да спадне отокот. Сум имала јас ваква ситуација на мене. Ме имаше нешто каснато. Не е страшно, ќе се повлече. Може да и ставаш и лед.
@duffi ти благодарам се надевам ке спадне Се повеке и се шири и отекува Дали има доктор на очно ако знаеш
Ќерка ми пред некое време имаше ваков оток. Убод од комарец, алергиска реакција. Кај нас се повлече по 3/4 дена иако веднаш и дадов Аериус. Не мачкав со ништо. Ладно ставав и помина. Вториот ден по каснатото ни беше најголем отокот.
@An-na исто и нас денес отокот и е уште поголем и е многу црвено Плус неа ја боцкаат дексазон и гармицин наутро и навечер и ациди борици ни рекоа да и ставам Денес почна да се жали дека ја чеше Се надевам ке и помине
Ако детето се однесува нормално и не е поспано и омалаксано не грижи се. Ако има потрес ќе повраќа. Ако си јаде, пие, игра нормално мислам ништо не му е. Ако ти е толку во мисла однеси го до кај матичен. Мојов има од скали на глава паднато и следев само неколку часа се беше нормално.
Синко од сабајле стана со плачки и вознемирен. Друго ништо ни тт ни кашлање ни нос. Ама од страв дека минатиот пат кога плачеше вака заврши со воспаление на уши однесов на клиника. Гради чисти, не реагираше на уши, ама осетлив на абдомен. Правевме кс (црп мирно, леукоцити покачени) го виде хирург и правевме ехо на абдомен, се покажа воспаление на жлезди во абдомен, што не се третирало зошто се случувало кај некои деца од вироза. Ама попладнево крена тт. Крена околу 39,3. Дадов парацетамол ама слабо спушта. Само до 38.3 и држи. Освен туширање, дали да ставам чорапчиња со оцет? И се мислам дали наредно да дадам блокмакс зошто слабо реагира на парацетамол. Како и да е ако се влошува ќе носам ноќеска пак, ако не утре кај матичната ќе одиме.
Слободно стави оцет. Кај моето се покажува ефикасно кога не паѓа Т. Разреди го 1:1. Ако качува над 39 , можеш Блокмакс. Ладна просторија и туширање, мачкај и алкохол. Вака еднаш го држаше на моето и сите алтернативи ги употребив.
Фала мајка. Крена сега над 39 пак и туширав. За пола саат ќе дадам блокмакс и ќе видам како ќе биде, па ќе ставам и чорапчиња со оцет.
најмногу помагаат чепчиња,имај секогаш при рака. Или ако после даден сируп за 3-4 часа крева само чепче смееш да дадеш. Со помин нека е
@Ano Ушите само со рака му ги проверија или и со таа направата? Моето така не реагираше на допир и стисок на ушите па кога му ги проверија со тоа за уши ептен воспалено испадна едното. Дека имаш пишано 'не реагираше на уши'.