Да еднаш се случи, до 38.5 отиде, се симна со антипиретик и повеќе не качуваше. Мислам дека нема потреба од крвна слика чим не качува веќе и нема други симптоми.
Ne ni planiram poveke da pravam ako imase nesto problem deteto so krvna slika ili ne daj boze nesto drugo ke pokazese se nadevam deka se e vo red hgb 120 ne los hgb za 2 ipol godisno dete najvisoko e bil 139 posto gledam neutrofili malku nad granica limfociti nisko
Јас не знам докторите како ти дозволуваат да го боцкаш секој ден детето, да беше негде надвор од државава ќе те имаа пријавено до сега.
Nema sto da se optovaruvam so ovie limfni cvorovi zlezdi pokretni se najmnogu zaradi toa pravev krvni sliki ama nisto leukociti mirni tt veli virus i ne dade nisto poveke tecnosti da vnesava i toa e
Види, јас знам дека ти е страв, мојот син лани имаше огромна лимфна жлезда на вратот и се уште не е целосно повлечена, ама со крвните слики не решаваш ништо. Прво на таа возраст како детето твое и без некоја причина жлездите се познаваат, а кај скоро сите се зголемуваат при вируси, бактерии итн. Друго ако беа абнормално големи и имаше потреба педијатар ќе ве испратеше на дополнителни испитувања. Жлездите можат со години да се познаваат, да отекуваат на секој напад, па да се намалуваат. Се надевам навистина нема да го малтретираш детето повеќе.
Да, неколку пати се има случено. Не сум им правела крвна слика, а во градинка сум ги пуштала ако немале други симптоми.
Мајки ве молам ако некоја имала искуство со покачени неутрофили да сподели искуство што како? До следна крвна слика ке полудам,на син ми му се 0.829
Кои покачени неутрофили, граница 0.7, детето има 0.8?? Ај смири се малку, не праиш добро ни за себе ни за детето. Крвната слика со сите вредности се гледа во целина, заедно со општа состојба на детето. Еден изместен параметар за 0.1 не значи апсолутно ништо. Не правете болни деца од здрави.
Голем хипохондрик сум,значи се плашам помислувам на најлошото во прилог слика од крвната слика ќе пуштам,100 пати се повторив само во саботата ми крена тт 38.1 до вечерта ја спушти скроз без сируп. Меѓутоа крвната слика,ме загрижува иако двајца доктори викаат горе долу добра била,сепак не сум мирна... Исто и оваа црвена точка што му се појави под око ме плаши
Мојата имаше пред некој ден вечерта ми качи 38.7 кога ја заспивав и ставив чепче. Другиот ден не ни мерев често. Знам само еднаш кога мерев имаше 37.6. Ништо страшно. И после не ни имаше веќе. И се замислив од што и дојде така 38.7 а никакви знаци не даваше трчаше скокаше цела беше расположена и активна. Не ни приметив дека има температура, кога ја заспивав топла ми дојде и тогаш видов.
Малце по смирено. Ова не ни личи на црвено али по твое во реалност можеби изгледа црвено може се има удрено со играчка или фатено со раце. Ако дете не качува нон стоп температура не кревај паника.