Некој да има искуство со главоболка кај дете од 4 години? Се има друг пат жалено ама ко ќе има температура, еве овие два дена овој период се жали дека главата ја боли а нема температура. Слабо јади последно време, да не е дека е гладна? Претходната недела беше со гној во грлото и пиеше трицеф.
На кој дел од главата? Да не има проблем со видот? И од тоа знае глава да боли. Напред кај челото најчесто.
Откако е подобар носот не престамува да тече со проѕирен секрет, а и затнан е, прскам спреј влечам со носко ама како да нема разлика многу кива и трие очиња, вчера на контрола бевме, нема веќе ништо на уши, нема на гради, грло здраво. Он сега и се накашлува ама мислам дека е од што му се слева секрет. Тт нема веќе, пие и антибиотик. Не знам може настина, ама не знам како да му помогнам со носето, и кромид ставав вчера, јас де одзатнав, он не, не може ниту да спие, ниту да цица.
Пред некој месец сите бевме настинати и многу долго време ми беше затнат носот, може да е едноставно дел од опоравувањето. Си пробала да го чистиш со шприц со физиолошки раствор? Гледав видеа излегува многу секрет. Мислам дека @AngelOfArh пишуваше дека така чистат носиња.
Да како помал ама немаше нешто многу успех, на 13 сме на контрола пак, ќе ја прашам докторкта да го исчисти, може јас не правев правилно. Може е дел од оправувањто не знам, се надевам. А кажете ми после болест нормално е да сака да спие повеќе? Моево беше со една дремка, а деновиве спое по 3 пати, и општо не е онака многу активен како што беше, поспан ми е, малаксан некако. Нормално е или нешто не е во ред? Извинете со сите прашања, амаа прв пат е болен.
Секогаш без исклучок спие повеќе. Нема повеќе од една дремка ама е долга (некогаш и до 4 сати знае да затера). Додека е болна сонот и е нарушен, па надоместува откако ќе оздрави. Ќерка ми е доста активна и кога е болна ама и нејзините настинки досега не биле страшни како тоа што вие го поминавте. Мислам дека му треба време да одмори, да се опорави. Ама секако ако ти стои на мисла најдобро прашај си доктор, форум е форум.
Сува иритирачка кашлица кај 2 годишно дете често резултира со бронхит, каде да се обратам не сум од Скопје? Од нигде некаде почнува да кашла и за неколку часа прави опструкција. Нон-стоп сме со инхалаторот, не знам колку пулмикорт и вентолин има издишано веќе
Ова може да е резултат на алергени. Направете му тест за алергии. Инаку мм како мал бил со бронхити цело време исто така од алергии, мајка му се колни го акупунктура. Од кога му правеле веќе никогаш не напрабил бронхит. Не знам која возраст е ограничувачка за ова ама распрашај се. Мене ми правеа инаку, не боли, не се ни осеќа ама треба да си мирен.
Мислев да оди да закажи директ во систина, секако дека нема да ја прими. Јас никогаш неможев да најдам термин за кај неа среќа имаме пријатели таму па земавме редовен термин. Два пати годишно одевме.
Zdravo iskustva so almacin(amoxicilin ) antibiotik za dete? 3 god e, od ponedelnikot e so temperatura a od vcera,sreda, i davam antibiotik ama seuste ima temperatura... Brisevite se cisti a crp 96
Здраво нас со црп 70 ни рекоа да почнеме со панцеф (му го прекинаа амоксиклавот) зашто не дејствуваше сеуште креваше температура,на црп 70 немало шанси да дејствува. Вие сте со уште повисоко црп од нас појдете кај матичниот педијатар може ќе има потреба од промена на антибиотикот,со лесно нека мине.
Да, секогаш спијат повеќе моиве, иако ете поголемки се. Сега моментално е болен поголемоот, што ретко спие денски, сега и денски си дремнува, и навечер до 21ч си е легнат, вилаат дека така оздравуваат, со одмор и спиење.
Зошто Козле само, има една докторка добра во Државна, со 2 презимиња, многу е добра. Весна мислам се вика и едното е на иќ. Одлична е.