Дечки и јас сум со истата мака. Малата, 13 месеци, падна како што си стоеше држејќи се за креветот падна назад на глава, на коцките за на под што се, не паркетот директно. Поплача минутка и се смири брзо. Тоа се деси околу 17.00. После беше весела си играше, јадеше, пиеше се како секој ден. Не повраќаше. Еве сега заспа, а мене ми е страв да заспијам. Бев до Јане С.им објаснив се, според тоа не и било ништо. Што мислите вие?
Он реално немаше никакви симптоми за настинка ни кашлање ни секрет од нос. Болката се потврди дека му е од абдомен. Денес секако ќе одиме и кај матичната па ќе видиме што понатаму. Ноќта прилично тешко ја поминавме. Од блокмакс спушти и поспа малку, ама после 4саат крена пак и не спушташе со далерон. Туширав цела ноќ и чорапчиња со оцет помагаа ама едвај му ги додржував. Викаше дека му студи да ги вадиме. Дури сега спушта околу 37 и еве го живна. Збори и раскажува. Се надевам подолго ќе трае без тт. Фала на сите за советите.
@Ano стрептокока дава осетливост на жлезди во абдомен. Направете барем брз стреп тест. И температурата ми укажува на тоа.
На моето со стрептокока во нос,црп му беше цело време мирно.А со тт неколку дена се додека не почна со терапија.
Ние ја имавме бактеријата и црп беше мирно. Кога се направи инфекција, тогаш порасна ЦРП. Самата бактерија не покачува ЦРП.
Епа тоа де. Мора да изреагира телото, кога реагира тогаш уствари качува црп. Најчесто прв ден од тт не качува, втор трет да, така бар кај нас е. А ако е само носител, не е активна бактеријата, нема ни високо црп. А и не мора да значи, колешката кај малото не можеше да боцка мрп бидејќи имаше 6м покачено црп, никакви симптоми, ништо, нит бактерија, нит уво, нит грло, ама баш ништо и на крај излезе некој процес во стомакот, ама се среди.
Не покажува одма. Може допрва ќе расте. Крвната слика после 24 часа од првото кревање тт е најверодостојна за да се процени дали е вирус или бактерија. Моево се жалеше прво на стомакот кога имаше гнојна ангина. Матичната кажа дека лимфните жлезди реагираат на инфекцијата и може да се јави и болка.
Малото пред недела дена настина, кашлање, кивавица и растечено носе. По препорака на педијатар правев инхалации со фиzиолошки 3 пати на ден. Направивме и крвна слика, се' е супер. По два дена матичниот рече да престанеме со инхалации дека нема потреба затоа што не кашла веќе и да земам спреј за нос Септаназал. Сега е добар ама проблем е спиењето, штом легнува веднаш му се затнува носот и плаче се мачи затоа што не може да дише. Спиењето навечер ми стана ноќна мора, да не зборам ако земам да влечам секрет со пумпица пишти и вришти на цел глас, исто и инхалација кога му правам, и кога ставаме капки или спреј. Кромид близу глава исто не ми покажа некој ефект. Чаре за овој затнат нос што ни го изремети цел ред? Инаку за неколку дена прави годинка.
Ако не тече нос, нема што да влечеш, не малтретирај дете без потреба. Едно е растечен, друго е затнат нос. Колку време користевте Септаназал? За вакви ситуации мене Оперил П ми помага, ама твоето мало е. Иначе под годинка користевме Ефедрин капки строго по препорака на педијатар.
Истот го кажа и матичната. Дека се случувало за еден ден од болка во стомак да закачат ангина. Фала на совет. Само нека поминува.
Па веќе 5 дена му ставам по потреба. Иначе не влечам на суво, ако го осетам дека "шмрка" ставам прво марисол капки, па влечам и излегува секрет проѕирен. Вчера го бањав со малку потопла вода, од пареата се рашмрка ептен и едно чудо секрет извадив од носот.