1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Со две презимиња пулмолог на детска клиника е др Валентина Цвејоска-Чолаковска. Јатрва ми го носи детенцето нејзино (прематурче родено во 28ма недела) кај нејзе и многу е задоволна. Исто и другата покојна јатрва го носеше девојчето нејзино (исто прематурче) кај др Валентина и она беше многу задоволна.
     
    На H.VAGA, pcelka2021 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  2. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.806
    Мајки од завчера навечер почна да крева температура. Иде и до 38.8 - 39.
    Се спушта со ефералган, некад поспоро, некад побрзо.
    Крвна слика направена после 36часа од почеток на симптоми.
    Носен на лекар, доби упат и за брис од нос и грло и за урина.
    Ама ништо конкретно не ми кажа. Ни дали е вирус, нити дали е бактериско. Само дека е црвено грло и дека поише заби вади одеднаш.
    Може некоја искуство да каже?
    Screenshot_20240711_212627.jpg
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.076
    Допаѓања:
    101.706
    Пол:
    Женски
    Е таа, никако да и го запомнам името а предобра докторка.
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    7.568
    Пол:
    Женски
    Ми личи дека е некоја настинка, мирно црп има, малце се ниски леикоците, другоро во глобала е во рес, хемоглобинот е малце низок, ама тоа е нормално да падне додека се болни. Има некок друг симптом?
    И мојот е со темп до кај 39, од завчера вечерта, ама му тече нос, кашла... правиме инхалации, температуда спушта со далерон, до вчера качуваше на 4 саати денеска и повеќе од 6 саати може да е без темп.
    Мислам дека од утре ќе сте подобри и вие.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.893
    Допаѓања:
    25.982
    Малото имаше иста скроз крвна слика (црп 6, пониски леукоцити), и температура 38.8. За 3 точно помина температурата, сега се исипа по тело. Ми пиша на вибер докторката ентеровироза (коксаки спаѓа во ентеровирус) требало за 5 дена да пројде исипот.

    Инаку не знаж зошто брис, никаков показател немате за бактериака инфекција.
     
    На Freckles. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. pcelka2021

    pcelka2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    81
    Не сум од Скопје, но мислев дека испитувањата можат да се прават само во Козле, штом може и на клиника тогаш ќе побарам термин и таму ако најдам.
     
  7. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.806
    @Mumoftwo30 фала мајка, ајде и вие да сте подобро.
    Нема вака никаков симптом. Само покачена температура.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми пред две недели имаше слични симптоми два дена траеа и ништо помима само. И крвната слика и беше таква.
    А сега пред неколку дена почна д ами крева до 39 три дена, па и направив крвна слика црп беше 178. Ми дадоја одма панцеф.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.465
    Пол:
    Женски
    Дојдов сега да прашам, и он се исипа во телото, да прашав дали е од болеста. Два дена е без тт, а три дена имаше. Осипот е како ситни брунчиња на грб и меше. Кај вас каков е? Утре сме на контрола се надевам не е страшно.
     
  10. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    3.774
    Zemi prioriteren upat i odi na klinika vidi na moj termin koga imaat ambulanta doktorite isto 8 godini moevo se zalese na glava i dva pati mi povrati. Otidovme kaj dr. Danilo, odma ni dade upat za kompjuter na glava, pregled na ocno dno, i eeg. Vo Sistina samo pregled ti e 5000 a plus ispituvanja..
     
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    7.568
    Пол:
    Женски
    Што искочи кај вас? Извини што директно прашувам, имаме сличен проблем во фамилија, па поради тоа.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Ни беше кажано дека докторите се на боледување па од клиника рекоа да се однесе детето во Систина.. Закажавме кај др Дума во Неуромедика,сепак ти благодарам на споделеното мислење.
    Извини што ќе те прашам,што беше проблемот кај вас?
     
  13. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    И кај мене во фамилија има,внучето е 8 години и е со главоболки и повраќање.. Биле неколку пати на клиника таму правеле испитувања (преку крв) ама бидејќи невролозите се на боледување им рекле детето да се носи во Систина.. Сега закажавме кај др Дума во Неуромедика па да видиме што ќе излезе.
    (На очно и на орл е носен се е уредно)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Женски
    Колку често има главоболки? Дали повраќа еднократно или повеќе?
    Доколку поминува главоболката со едно повраќање можно е да е мигрена.
     
  15. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Малава ми имаше темп од неделата, средата излезе брисот бактерија во носе и црвено грло, и даде док антб, вчера не и мерев темп некако не ми беше мн топла а и преактивна беше, реков готово и поминува не и мерам, денес некако топлаа по раце и нозе, викам ај од жешкото, а трче не запира ама ме јадеше црвот и мерам 38,5. Ја однесов на дежурен рече уште е црвено грлото, треба да делува антб рано било од само два дена пиење. Ама друг црв ме јаде, денес маче ја изгреба на главата, одма дезинфициравме ама си викам можно ли е од тоа нешто па да и биде. ќе полудам
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Малото трет ден е со температура, вечерва поврати на два пати, па претпоставувам дека е стомачен. Шо вирус хара, шо да очекувам?
     
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Ние сме во болница веќе 7 ден. Еден ден повраќање, после дијареа по 20 пати на ден и повеќе. Болницата е полна со дечиња, ги фаќа и родителите. Наоружајте се со пелени и влажни, и електролити давајте и до лесно.
    Нас ни вклучија и антибиотик дека закачил крлеж, па му го вадеа.
    Со лесно да мине
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Лелеее :(
    Со лесно и брзо нека минува мама :hug:
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    7.568
    Пол:
    Женски
    Ние пред неполн месец го прележавме сите дома, повраќање и вода и се.
    Наусолвит им давав, тоа малце ги смируваше, електролити обавезно, вода, и по нешто каснуваа, како: компир, ориз, супа, се вртевме во круг. Имаа и пролив, за тоа давав само пробиотик, се среди.
    Со лесно нека ви е.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.417
    Допаѓања:
    105.705
    Пол:
    Женски
    20240713_083624.jpg

    Од што може да биде црвенилово? И на двете раце има. Не ја чеша. Стана од спиење и вака е пола саат мислев од топлово да не е?
    20240713_083627.jpg

    И на лицево има ко некои флеки.
    Се мора да не снајде во сабота :devil: