Па не гледам која е поентата да се параноичи. Деца се, ќе фаќаат вуруси, како сите така и нашите. Не е нешто што е несекојдневно, туку сосем нормален и составен дел од сечие растење и стекнување имунитет. Не гледам како нервирањето и стресирањето за вируси кои неминовно се присутни некако некогаш и некому помогнало.
Не не таман работа да паничам. Само смешно ми дое. Вирус е, поцрвенуваат, ама ништо не им е. Useless вирус
Мајки помагајте за никаде сме денес Почна бебето со повраќање во четвртокот ноќта,потоа со течна столица неколку пати. Он е подобар,ама слабо мочка и денес пак бљуцна два три пати. Утрово големиот 4ипол г се разбуди со болки во стомак,нема пролив ама повраќа цел ден и цел ден лежи,спие. И јас сум со исти симптоми,болка во желудник,повраќам,течна столица омалаксаност. Веројатно е стомачен вирус. Да стане малото ќе одиме до детска клиника за нив,па може ќе ми дадат нешто и на мене. Инаку на малото давав 1 таблета б6 и пролајф ампули два дена,денес ништо. На големиот б6 таблета,но потоа поврати, наусолвит капки и по нив поврати. Јас се напив б6 и гастрогард,ама тешко ми е. Пишете искуство ако сте поминале низ ова
Електролити земајте тројцата и пробиотик обавезно. Во тие како шишенца мали пробиотик има и б витамини, од пролајф а и од други пробиотици, не ми текнува името. И обавезно на доктор да не дехидрира некој. Со помин
Големиот веќе 4 ден е со тт, не пониска од 39°. На лекар секој ден сме, брисеви чисти, тестиран за 14 вируси сите негативни, кс и црп супер, плуќа и грло добри. Кашла грубо, како да има нешто во грло, правиме инхалации, ама не се подобрува. Терапија нема, зошто се е супер, а тт цело време висока. Некој слично, и ако да, која е терапијата и кога го видовте крајот со тт?
Кога е правена к.слика? Проверете пак. Ако пак е се мирно, вирусно е, има преку 200 вируси, дек и со по 7 дена температура.
@Kolache na mama моиве во Јануари поминаа некој вирус со тт која не се симнуваше под 38.5 и одеше до 39.5 цели 7 дена. Ми рекоа нормално е вирус да трае и до 10 дена се додека гради се чисти и не качува над 41 да не се грижам. По цели 7 дена прекрши тт и конечно се симна. Продолживме со другиот исто. Хидратација, храна и малку е доволно, вода, супа, течности, сон и одмор колку што се може, под туш разладување и ќе помине. Еве во меѓу време цело време се со нос чешма ама од на нога поминуваат. Пред некој ден ќерка ми се разбуди ноќта поврати, следниот ден имаше некоја шашава тт 37.5 и на тоа остана. Утрово син ми стана со растечен нос и цел ден 37.5. Ама толку е омалаксан, млитав, плачлив, очи цел ден му солзат, цел ден плаче, кенка. Пробав да му дадам пола доза ибупрофен малку да го крене ама поише исплука него што голтна. Вечерва крена 38.8 пробав да му дадам цела доза, немаше шанси, борба како со крокодил беше и тоа малку што го голтна го исповрати. На крај му стаив чеп и еве го се смири малку па заспа на мене и нон стоп се штрека во сон. Не знам што беше ова денеска главата ладна, а телото му изгоре. Еве го сега го проверувам конечно олади.
@KuklickaSk на прв и на трет ден. Знам дека е рано на прв, ама инсистираше докторката, па на трет повторивме плус со црп се е мирно. Ќе чекам трпеливо да му помине, мада ме јаде црв се мислам дека нешто пропуштам. Тој често си крева само тт и ја симнува за неколку дена, еве минатата недела беше со два дена тт. Сега е подруго, како да има коска во грлото кога кашла, не звучел вака ни во зима. Се ми е паметот да го носам на орл, ама па нема никаква индикација за таму. @Yowannty со помин и кај вас . Инаку грчкиот сируп е топ, ем мала доза, конечно пие без проблем и од кога почнав да го користам ми крева на 8ч. Пред тоа на два часа креваше двата дена, а не даваше ни под туш да го ладам. Имајте мирна ноќ.
Малечката завршува со пиење Коалмацин поради црвено грло, но денес се јави друг проблем. На гениталии е црвена на усните внатрешно и како потечена. Се сомневам на кандида, што да превземам? Искуства?
Мојата редовно се вцрвенува после антибиотик, повеќе газето ама и вагинално знае. Пробиотик и даваме, секој ден одмивање со специјален интимен гел (без парфеми), и понекогаш ја мачкам со судокрем. Обично за неколку дена откако ќе заврши антибиотикот и проаѓа. Него дојдов да прашам за некој со искуство со пертусис. Знам дека трае долго, ама ме интересира клиничка слика после најстрашното како изгледа. Може и во лп да ми пишете.
100% е кандида. Раствори во сад со млака вода сода бикарбона (не знам точно колку ама бар 1 -2 супени лажици во л. вода) и навечер, после миењето и тоалетата истури и го растворот врз гениталиите. Нека се слее од горе надолу. Не одмивај, само избриши. Или може надворешно да ја намачкаш со канестен за вагинална употреба после тоалетата. Орално може исто да има кандида, ако и е бел јазикот или има пликови во устата или изменет вкус кога пие вода. Тогаш капки нистатин дај. Обавезно пробиотик нека пие бар една недела, за да се обнови микрофлората и мултивитамини дај и.
Здраво мајки. Сакав да ве прашам дали сте имале искуство со левуно капките што се за очи но др.ми ги даде за уши и нос. Малата е 8м и качи темп.38.5 во клиника ми рекоа грлото е црвено и ми дадоа цефалексин сир. После бев кај друг педиатар тој ме праша дали сакам инфузија или инекциа да и стае ја не прифатив. После 3 педијатар ми рече нема ништо со грлото туку со ушите и мо ги даде капките и рече да престанам со сирупот. Но јас почнав веднаш да о дадам. Сега не знам што да праам дали некоја имала искуство? А со темп.воопшто не и паѓа. 38.5 или 38.7 и седи веќе 3 дена
К.слика правевте? Ако сте почнале со антибиотик треба да се заврши. И за грло и за уши се пие антибиотик.
Само што се вративме од матичен, воспалено уво, грло, плуча, леукоцитите и се мн покачени 26,8 и тоа на база на моноцити биле покачени, др рече ако вака продолжи може да премине во моноцитоза. И дадоа Панцеф и Изопринозин и ни рече во среда пак да одиме, ама мене мн ми е страв, сега читав за моноцитоза и од ум се мрднав дали има некоја слично искуство и дали стварно може нешто НЕ ДАЈ БОЖЕ многу посериозно да излезе од нешто што изгледа како обичен вирус?
Заприметив откако почнав на малиот да му давам капки за железо оти е слабокрвен , столицата често знае да е онака цврста како топчиња, и речиси баш црна, се случувало некогаш и пред тоа ама ретко, дали е нормално?