1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    ка нас по 1 ден траеше. 1 ден големиот и додека не крена 39 не се опорави. Од 39 спушти со бруфен и не Прикрена. А пред тоа на 4-5 сати креваше. Иста бев и јас. Една ден со врв на пикот 39 температура. Третиот ден малото (кое е склоно на фаќње конвулзии) кога достига 39 не крена веќе. Не знам каков вирус беше ама мене се ми се собра и ми беше прилично мачно. Фала богу што со по 1 ден поминавме.
     
  2. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    389
    Кој пробиотик го користите при патување за 8год дете?
     
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.567
    Пол:
    Женски
    Пролајф.
     
  4. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Пред некој месец забележав кај малата едно израсточе до брадавичката, ја прашав тогаш др, кажа ќе следиме, може ќе се повлече. Сега пак ја однесов да го види, вика ова личи на полип, мала е уште, 17 месеци, ќе видиме понатака со кожниве доктори дали ќе се нафатат да го горат, со оглед на тоа што и е на градата. Дали има некоја со слична ситуација или да знае што не очекува? Почнав да се вадам од памет.
     
  5. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    Што давате за длабока кашлица и температура што нејќе 24 ч. да се симнува под 37.5 со блокмакс? АТБ си доби ама да не не е доволно се плашам, склона е на бронхити а докторката ми се виде некако нервозна што сме ошле и сум на дума сега- 5 години инаку
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    Чим има антибиотик мора да почекаш да делува. Од третиот ден ќе биде подобро. Ако со блокмакс не симнува скроз, значи дека качува висока температура (да не е сирупот можеби би имало 40 степена, па логички од 40 не може да спушти до 36.8).
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Диастоп. Најмногу му одговара.
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Колку време пред појава на симптоми на стомачен вирус, детето е заразно за околината?
     
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.445
    Мојата никого не зарази,а цело време беше со дечиња.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Не знам колку време пред појава е заразен стомачниот,ама нас не покоси.
    Од малото почна, 7-8 луѓе не помина. Кој со повраќање,кој со тт,кој пролив,кој болки во желудник. Едвај на нозе застанав јас.
     
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    На колку дена се заразвите? Одприлика колку е инкубацијата?
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    Заразни се до 3 дена, а инкубација е 24ч.
     
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Де не има некој вирус со тт само?
    Ќерка ми од синоќе е со тт највеќе качи 38.6.
    Сега 37.6 имаше друго ништо нема, не кашла, не и тече носот.
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Малото почна четврток ноќта,потоа во неделата и понеделникот останатите.
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Мајки малото е 21 месец, секоја вечер еднаш до два пати се буди со плачење, и станува плаче, не сака ништо, ниту спие ниту е буден, не сака ни во раце, буквално се издига и вришти,како тантрум, и тоа трае по 1 саат некогаш а може и повеќе, му давам чајче, вода, го мијам, палиме светло да се разбуди, и бара телефон или тв што не му давам нормално ама еве вчера ми се смачи и маж ми му пушти да гледаат слики на телефонот и се смири како бубаче,исто пред неколку вечери му пуштив пикабу зашто бев пред нервен слом и пак мир, погледа 10 мин и заспа. Преку ден цела ден е активен , има една дремка по 1 саат, телефон и тв не гледа, ако седне до брат му на кратко гледа тоа брат му што игра некоја игра или што гледа на телефонот нешто на јутуб кидс, ама наменски да седи и да гледа не сум му пуштила па да речам зависен е, и на големото му давам по многу малце да користи телефон, не делува болен, јаде нормално, весел е, ама навечер кога ке дојде време за спиење збеснува. и многу касно седи, до 10.30-11 не заспива, тогаш изведува, глуми, трча, абе неможам да го смирам, ниту со затемнето, со ништо, весел е и лудува на најјако,глуми се закача, големото кое најкасно до 10 заспива ако спие го буди, го чепка или го бацува или го тепа, абе од ништо не разбира, ако го скарам уште ни се смее, и кога конечно ке заспие и после 1 саат се буди со плачење, и станува одма, оди, паѓа, вришти, ме тепа абе лудило да фати човек.
    и многу го касаат комарци , цели ножиња му се како сипаници да има, па ги чеша, се гребе, со 300 чуда го мачкам и пак го јадат.
     
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Еве со вирус сме, направивме крвна слика со црп 24 сепак према другите параметри изгледа вирусно, нормално е црп малце да покачи и да е вирусно? Други симптоми слаба кашлица, малце ја има гледам ко ќе се закашла како шлајм, на гради е чисто, само во носето ко да е инфекцијата. Кога се работи за носе некако тешко оди да го исчистиме како шо треба, тргам со пумпица а и тој ако може да издува нешто но сепак ко да го немаме најдено идеалниот препарат за нос, да се исчисти убаво се внатре шо е наталожено. Имаме пробано повеќе од оперил, септа назал,синомарин, грип вис, диво оригано, мералис, се разбира не давам од сите, но и друг пат кога е настинат имам давано значи од овие, ептен да е затнат оперил и септа назал, едно одбирам, исто зедовме и како со морска сол шо се става во носе, но немавме убо искуство шо детево го голта не го прочистува. Затоа барам нешто поефикасно да може да се користи и да се забележат резултати и синусите да се исчистат, пошто гледам внатре е во синусите инфекцијата, ако може да ми препорачате од тука или да земам од Грција, само да е ефикасно. Дали имате убаво искуство со ацидосалис слушам е многу добро за некои деца. Дали да применам капење со морска сол да ставам во водата ако има подобрување.
    Денес температура стаса до 39,3 одвај ја намаливме си седи на 38сега.
    Многу често настинки, на секое, два дена во градинка и одма се прифаќа, дури во зимата многу поретко беше сега како се засили насекое, демек лето и со ова климиве дома не се седи од жешко ја пуштам но ете мислам и од тоа дека се развива некоја инфекција во носот, ќе се испоти ќе го слечам, ќе го исушам, не го шлакам секој ден во вода да не се настини, пазам на јадењето пијање, витамини редовно си зема, сепак е многу нежен. Кога ќе стекнеме подобар имунитет не знам.
     
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Сменете ја рутината за спијање, излезете надвор нека вечера нека се истрча пример кај 19ч. до 20.30 дојдете дома искапи го, приготви го за спијање , млекцето и може да пуштиш малце приспивни песнички само не да гледа нека слуша, имаше едни и како бувчиња мечиња шо се пуштаат за музика, побарај по продавнициве, како за заспивање шо се, или можеш да му купиш меченце некое за да си го гушка.
    Кај шо е искасано земи препарат за после убоди оти го чеша и не може да заспие, на прозорците обавезно комарници а за надвор со стикче против инсекти.
    Навечер нека биде мирно, да не се расонува.
    Практикувај вакви рутини секој ден пред спијање и ќе се навикни да си сврзува сон без да станува, да не му е жешко ќе спие?
    Мислам дека преку д н малце ти спие, моето спијаше подолго 2,5часа преку ден, но да заспие порано 12,30 13часот.
    Навечер избегнувај да даваш блага храна, сокчиња, овошки се шо содржи шеќер. Може евентуално само млекце малце за да заспие.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Секој ден го шетам со деца да си игра од 7 до 8.30 или 9.00,доѓаме ги туширам, вечераат, големото заспива малото тогаш е како бркнато во штек, намалуваме светла, ладно да е, и сл. Млеко не пие ниту му давам заради анемија, ретко знам да дадам чоколино или бисквити со млеко, обично јаде каша овошје со житарки.Играчки има куп, ги гушка па ги фрла, го гали па го боксира. Му пуштам звуци од мојот телефон и тоа нема некое фајде големо. И откако ке заспие после сат или саатипол станува со плачење и тантрум на најјако. За комарци го мачкам пред излегување и навечер го мачкам и со синопен и со млеко за тело, го масира, сто ладила му правиме, и пак не погодено.
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Читав баш за дете за вечера најдобро било зеленчук пред спијање, ретко млечна каша само со јаболче и житарки од другиве овошја не знам друго да е подобро за навечер.
    Во бисквитите и чоколина има шеќери.
    Сега има избор секаков зеленчук можеш тиквици како компирчиња направени, домати, пиперки црн домат сирење, кисело млеко и јогурт.
    Шпагети со зеленчук. Маслинки, супа, можеш да даваш. Палента со јогурт итн. Па и да дадеш од време на време бисквити не е страшно но да не е секојдневно.
    Порано вечерате да не е многу доцна.
    Можеш да пробаш со сликовници за навечер да смените нешто за да заспие полесно.
    А и од жешкото тешко се спие, ние не можиме да спиеме па не децава.
    Ќе се среди ко ќе се нормализира времето.
     
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.846
    Како можам да комбинирам далерон со бруфен? Може на 4 часа? Крева температура до 39,9 , спушта до 38 макс.
    Ѓоа вирусно беше, црвено грло, докторов ми препиша антибиотик. Не знам што да правам. Црп е 7,9 , едино се покачени неутрофили, според него ова е доволно за антибиотик. Мк сме на посета, во местово нема баш саглам доктори, а и викенд иде. Прв пат крева толку висока температура.