1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    @Lavender13 na 4 casa brufen -daleron. Prvin edniot pa drugiot
    Davaj tecnosti so lazicka so spric nezn.golemina na dete tushiraj i ladni oblogi alkohol so voda i.t.n.
    Ako e ks za antibiotik vmetni antibiotik

    P.s. i nas ne fati nekoj virus od utrovo 38 pa na 8 saati ete krena 39.4 do koga ke trae da vidime drugo e se ok vesela jade na crveno grlo samo koga ke ja krene tt e raznezneta. Kako demek leto e ....
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Многу ретко на четири часа ептен да не спушта, почесто на 6 до 7часа комбинираме едно па друго, ама кога крева на 38,5 мора да му дајме само прашај си на доктор по колку да се дава спрема килажа, ние не даваме како шо пишува на пакувањето туку како шо ни кажува педијатар. Тие дози не на секој делуваат, пример давам 9мл парацетамол а 7,5 мк бруфен за 15,5 кила, вака рече докторката.
    Еве сме со 24 црп денес не е за антибиотик и да почекаме се до понеделник за контрола. Ако и понеделник сабајле крени темп да се вратиме на контрола, вирусно е мислам дека и 7,5 е мало потркревање на црп што не се дава антибиотик него се следи ако не му помини пак ќе направите крвна слика. И вирусот го покачува црп.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.846
    Вака си јаде и пие нормално. Ама еве дадов далерон во 19 на 39,7, спадна до 37,7, весел беше играше пееше, и веќе во 21:30 се пикна во мене и измерив 38,6. Да беше расположен како претходно нема да ме загрижеше толку 38,6, ама легна да спие и само јачка, како стенкање. Го ладам со крпа.
    Доза давам според упатството, за далерон беше 5мл од 1-2 години,а бруфенот мислам дека беше 2.5мл според килажа. Има околу 11 кг.

    Не знам, ептен сум на мисла дали да дадам антибиотик. Се консултирав и со докторот од горе, тој вика на оваа кс јас не би дал антибиотик, они воглавном испитуваат само црп како индикација за антибиотик, а црп-то е ниско. Прв пат е со вака висока температура, на сто ума сум што да правам.
     
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    И вирус дава висока температура, од искуство ти кажувам само да гледаме да е дадено над 38,5 јас преѓе малце го заборави дека по доктори ваму таму по жешкото дури стигнавме и крена 39,4 одвај намали на 38.
    Исто мислам не е за антибиотик ако ништо друго почекај не давај може ќе помине, па пон појди, како мислиш ти така но појди си кај друг педијатар пак ќе му напрај крв слика понеделник, оти ако е вирус ни антибиотик не помага само ќе му се намали имунитетот.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    И вирус дава висока температура. Моиве пред некоја недела беа со 39.4 и за среќа им траеше само 2 дена. Таков бил вирусот...
    Јас сум тип што не трча одма на лекар. И онака крвната слика направена пред барем 48 часа за мене е џабе направена. Бидејќи симнаа по 2 дена, не ни ги однесов на лекар.
    Ако нема други индикации, нека не ве плаши температурата. Инаку во вашиот случај ниту јас не би дала антибиотик.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    6.808
    Има ли негде да се купи/направи брз тест за стрептокока?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.952
    Пол:
    Женски
    Кај матичен лекар најчесто се прави, ама мислам дека немаат сите. Сама не сум купувала. Брис направете ако се сомневаш на стрептокока, денес работат лабораториите, во понеделник ќе има резултати.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    6.808
    Ќерка ми нема некои видливи симптоми, ама јас имам, не знам дали би покажало и кај неа ако има?

    Спиеме заедно и сме лепенки, чисто се сомневам дека нема да фати…
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.952
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ќе покаже, зависи од имунитетот. Стрептококата често знае колонии да направи во нишите н крајниците и да седи мирна. При пад на имунитет се активира. Само со брис, и тоа убаво земен брис би се докажало.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    19.440
    Пол:
    Женски
    Исто беше и син ми пред месец дена. Ниско црп, а качуваше висока температура, до 39.3-4 одеше. Ќе ја симнуваш температурата и тоа е. Повеќе од три дена не би требало да го држи. Матичната на моето не ни му прави кс додека има температура. Повеќе од три дена до сега не го држело, тогаш проверуваме за да се види што е. Не знам од кога качува ама не мораш да брзаш со антибиотикот. И вирусите знаат да дадат ептен висока температура, а антибиотик не се пие за вирус.
     
    На Luna91 и Lavender13 им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.846
    Фала за искуството. Ние направивме кс на 12 часа по кревање на темп, така кажа докторот. Не сум дала сеуште антибиотик, денес со температурата е подобар, ама изгледа грлото го боли многу.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eli-77777

    Eli-77777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2021
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Majki pri slekyvanje na bodi no nemirno mu se raskravi muceto resickata pomegu kecovite se rasplakavme no se smiri i jades I lubenica I smokcinja Dali ima prostor za panika I Dali da stavam nesto sekako I dok ke konsultiram Iskreno Jas poke ispaniciv
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    2-3 дена не му давај само нешто кисело, да не го иритира раната. Ништо страшно не е чим си јаде.
     
    На Eli-77777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    19.440
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто така бараат некои доктори да се прави кс, сликата не е баш најверодостојна. Температурата би требало да се стабилизира за најмногу три дена ако е вирусно. За грлото немам искуство. Му го прегледаа ли, црвено ли беше?
     
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.846
    Кажа докторот дека е црвено бајаги.
    Не знам стварно што да правам, за второ мислење баш и немам некој избор, мора да патувам. Немам верба во докторов ама тој е единствен во градот. Нема детско одделение па да одам некој да го прегледа.
    Денес крева до 38,5 ама грлото го боли многу. Спиеше три пати досега, и од секое спиење се буди со вриштење, па ми треба пола час да го смирам. Прва посериозна настинка ни е ова, не знам што е нормално што не.
     
  16. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми за црвено грло со температура и препишаа антибиотик....неа често и е црвено грлото ама не секогаш крева температура..ама штом крени и препишува.
     
    На mal.ecka и Lavender13 им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.892
    Допаѓања:
    25.980
    Малку даваш. За 11 кила се дава парацетамол 6.5мл а бруфен 5мл
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.892
    Допаѓања:
    25.980
    Види го сама грлото. Ако има бели точки по страна дади антибиотик. И повторете к.слика.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Биотек и Авицена имаат брзи тестови што покажуваат само стрептокока. Околу 400 денари беа зимоска. За обичен брис се чека 48 саати. Иако ако нема симптоми нема потреба од тест.

    @Lavender13 ако ти е мисла повтори пак крвна слика. Ако е ЦРП високо и гранулоцити високи дај антибиотик зашто ако ептен го боли грлото може и да е бактерија. И тоа со мешање антипиретици не е препорачливо да се прави често. Барем мене така матичната ми има кажано. И се прави ако ептен не може да се контролира температурата со ниту еден антипиретик поединечно. Почнуваш со парацетамол. Ако крева на помалку од 4 саати даваш ибупрофен (тој е појак) Ако со тоа спушти и ја држи повеќе од 4 саати спуштена (под 38.5) продолжуваш само со него. Не ги мешаш. Ако не се спушта или брзо се качува тогаш се мешаат. Се надевам брзо ќе помине.
     
    На Mother of 2boys и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    19.440
    Пол:
    Женски
    Сигурно за тоа е даден антибиотикот. На мало дете и нема баш како да му помогнеш за воспалено грло, ако е многу воспалено можеби и од тоа качува. Знам дека си збунета и се преиспитуваш по сто пати, ама ако немаш простор за второ мислење, ѕирни му го сама грлото и ако е баш баш цевено и со бели точки почни си со антибиотикот.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.