Здраво на сите сакав да прашам Како да ми качи детево килажа. Буквално се имаме пробано никако не качува.Пише те ги вашите идеии
Никако. Со сила убавина не бива. Со тек на време ќе пројаде и ќе си качи на килажа, сега што и да правиш џабе пари ќе фрлаш. Од искуство ти кажувам
Еве ќеркичката е најслаба од цела генерација ,ребра и се знаат а највисока е . Крвна слика одлична ,здрава,си јаде се ама таков и е метаболизмот и воопшто не ја форсирам . Самото дете си е такво,битно е да е здраво.
Исто и мојата,немам нерви веќе да се нервирам. Се помирив со тоа дека такво си е детето и тоа е тоа. Важно да е здрава.
И јас исто, а најмногу ме нервира некој од фамилијата најчесто свеки знае да каже Лелее колку е слаба ,да не има некој проблем ... 2 ипол години е 13 кг..ама изгледа слабо дека е висока
И јас понекогаш добивам коментари леле му даваш да јаде? Не,бе не,само на вода е не и' давам Она е три и пол год.15 кг.ама височка е.
Мајки ве молам за одговор...Поради температура, шлајмови итн..дадов антибиотик само, но синоќа имаше пролив...Матичната кажа да не давам веќе, може да гп влоши...Избрзав со антибиотикпт знам...Дали некој му се има случено да не дал цела доза антибиотик?
Се случило со амоксиклав кај нас, и го прекинав веднаш. После многу време кога му дадов немаше никакви нус појави. Сама даде антибиотик на своја рака?
Внуката на скоро 4 години е 13кг. Буквално кожа и коски. Пребирлива за јадење. Нема што не пробаа од страна на витамини, демек за апетит.
Пред сирупот сабајлето имаше малку, мислев од овошје што јадеше дека е...После дадов,ама вечерта 2 пати имаше..
Никако, ако е здраво дете не се замарај. И јас како повеќето членки нерви искинав, и кренав раце. Година и пол, а може и повеќе нема мрднато со килажа. А 2 год и 8 месеци е
Ако има детето шлајмови ги исфрла преку столицата и затоа мислеш дека е пролив. Давај му пробиотик обавезно кога даваш антибиотик
Во болница сте? Големиот примаше лендацин поради висока тт 40-41, на 2 саати качуваше, едвај ја спуштија, му ставаа и урбазон, па се среди така.