Прееска ми падна ама баш ептен лошо на плочки, залетана, трчаше и се лизна, слушнав мноооогу јако туп и страшно се изнаплака, многу ја здоболе. Ама не успеав да видам нигде ни црвено, ни отечено, нема крв, нема џумка. Не поврати, океј и се рефлексите, ама уште сум потресена, можно е некој потрес да има?
Тргнавме на одмор сабајле во 4 ама заглавивме на граница, стигнавме во 1,бебе има 23 месеци и крена тт, 39.4 имаше, дадов далерон го расоблеков го истушира сега има 38 и спие, ама малаксан е, изгледа го претопливме. Имаше и во во вторник тт преку ноќ и во четврток исто само преку ноќ, др симптоми нема, има ли некој вирус или од топло е, што да правам
Нема ништо срц, прати во наредните саат два ама мислам дека е добро чим не повратила и те следи со поглед.
Не само што ме прати, одма изведуваше стој на глава, викам ваљда ништо не е… Него спиеше 3ипол саати, обично помалце спие па не знам да не е од тоа… значи лицето ми свена од страв.
Педијатар во уранополи дали има, сеуште има тт, не сака да јаде ни да пие, со пипета му давам вода и електролит, едвај со телефон сега уапеав едно шмукалче од 100г да изеде малаксан е, има 38.1 моментално
Баш,педијатар не наоѓам има медицински центар што рабори до 10. Баш педијатар гледам најблиску во јерисос, ама дури во понеделник отвора.
Да не ви личи на алергија осипов или вруќици од топло? Не знам дали да трчам на лекар, не сме блиску со град во моментов, а не носам сируп за алергија со мене. Само на грб, лице и стомак е исфрлан.
Прв пат вака му се дешава? На телово не ме загрижува имала мојата, ама на лице обично алергиска реакција ако е се јавува. Личат и на тоа и тоа. Јас не сум трчала сум ја оставала со вакви, ако не се смири или се шири тогаш сум ја носела на лекар. Ама мојата знае да си направи реакции на кожа мал милион, па ја следам. Да не се вирусни ако бил нешто болен со висока тт. Измиј секако со млака накај ладна вода и облечи нешто чисто, цинк нешто ако имаш намачкај или нешто за смирување или не мачкај ништо. Аптека евентуално за сируп да земете. Ама ако искачаат нови одете на лекар.
Здраво мајки. Дали сте имале искуство со витусен осип ? Целиот е исфрлан не го чеса му правев к слика мирна црп исто а дете е цело исфрлано. Ми рекоа само по себе ќе исчезне за 7 дена. Дали вие сте давале нешто или сте мачкале за да се смири осипот
И син ми исто се исфрла вака. Го носев на детска клиника прееска рекоа дека е вирусен осип и сам по себе поминувал за 7 дена
Знам како е, стресно е, но како шо се разболуваше оти нели на настинките му нема крај, така и јас се опуштам и сега сум загрижена но не ми е толку стресно. На 38.5 Далерон или блокмакс.
Мајки,сношти имаше цела вечер тт 38,7 /38,9 ...ја туширав ,течности пие ама не сака ништо да јаде и сега гледам цел јазик и уста афти големи...пак и се појавија...што да правам?
Дали можам да ставам метиленско плаво 1% и прополис? Тоа ми го дадоа во аптека,матичната е на одмор не ми враќа на порака.