Шприц од 10 мл, цел полнам, од големо шише физиолошки и шприцам во едната ноздра па после во другата и неколку пати така се додека не излезе се внатре. А колку пати дневно ќе видиш како има потреба, наутро и навечер обавезно, преку ден ако има секрет ќе ставаш , колку пати и да ставаш не е штетно, колку повеќе пати толку побргу ќе мине секретот, ќе се исчисти за 3-4 дена, ако не ставаш може да седи во носот 10 дена па и повеќе и предизвикува отит ако не се секнува носот или не се чисти како овака што ти викам. Не е страшно , не се плаши, лошо не можеш да направиш, само добро... е сега нелагодно е и ќе плаче дете ама стисни заби, фати му раце и ќе се навикне, сега што да правиме, за негово добро е, утре да не премине во отит или друго нешто.
Да, ова личи на бактериска. Ако успееш грлото да му го видиш дали има бели наслаги, можно е гнојна ангина да е зашто и јазикот беше доста бел. Може и шарлах да е, во живо подобро се гледа, вака од слика не ми личеше ама најдобро да почне со антибиотик што побрзо.
Не личи за бактериско, вироза е. Ама и зависи кога е крвната слика направена. Најрано што може да се направи за да биде веродостојна е кога се поминати 24 часа од прво кревање температура, а најверодостојни резултати добиваш на трет ден од температура, тогаш најчесто сигурно се знае за што се работи. Кај нас многу се избрзува со крвните слики.
Majki vcera od koga stanavme od popladnevna dremka nervozni podkasluvavme I ispovrativme odbivase jadenje samo mleko ispi pred spienje jadeno v gradinka vecerta kasna nekoe zalace I pak nagon za povrakanje pred spienje dadov viranto forte I po nekoe vreme dadov mleko koe pak go ispovrati a voedno image I dijarea,iskustvo Dali vladee nekoj virus denes samo jogurtce se napi I krastajce popladne ni e doktorkata obavezno odime
Здраво, дали некој имал искуство со крварење од грло после тонзилитис? Малиот има 6 години и беше на антибиотик до пред две недели, но крајниците му останаа огромни, се уште тешко дише навечер иако веќе не се црвени. Консултиран матичен кој вели дека се случува и не е страшно, но јас не можам да се смирам. Се случи во петокот и саботата, се разбуди со сокрвица во устата, исплука два три пати и прекина. Неделата и вчера ништо, денес една поголема капка крв на перницата и исплука мало парче засирена крв. Плакнеме со бетадин по препорака од матичен. Има историја на воспалени крајници, но ни рекоа да не ги вадиме зошто нема гнојни ангини. Се почна откако фати стрептокока во јануари. Колку трае ова? Како да знам дека крвта е од крајниците? Се случува само кога ќе се разбуди. Нема температура, весел е и енергичен. Се извинувам ако звучам хаотично. Извадена сум од памет. Благодарам.
Побарај и второ мислење да го прегледаат детално, од каде доаѓа крвта, да не е од плуќа убо да се види, напрај и кр слика. Може имал некоја гнојна кеса чвор па се исфрли со кашлање, ако е темна боја, ако е светла боја крвта е некоја капилара. За крајници убаво е да прави гаргара со солена вода, чај од камилица и прскај прополис.
Воопшто не кашла, крвта се појавува од чиста мира. Спие со отворена уста, па претпоставувам грлото се суши и тоа дополнително допринесува. Светла е, со малку сокрвица и престанува после два три пати гаргара. Благодарам, секако ќе се консултирам и со оториноларинголог најбрзо што може.
Здраво мајки,мислам дека на малата и се прави херпес на устата (има 3 години) се плашам до утре ептен да не и се разрани. Дали истиот ацикловир се реди како и кај возрасни?
Не знам за маст,ама на моето на 3ипол год за сипаници му дадоа ацикловир апчиња. Му ги дробевме и растваравме во вода.
Даа. Исти сме еве 5 ден денеска се повлекува веке. Ама ние бевме 12 дена со тт и гнојна ангина. И на крајта доби ваков осип. Направивме крва слика преку вена и ни кажаа шарлах.
Zdravo mamicki, mi treba vasa pomos, pravev krvna slika za malata so sistina i mi rekoa samo anemicna e i mi dadoa kapki, gi gledam rezultati sega i ne mi e jasno, prvo bebe mi e, nekako brzo haoticno beshe se . 2 meseci sme i sme predvremeno rodeni.fala vi
Личи на импетиго, ама може да е и атопичен дерматит, псоријаза, лупус... Одете на инфективна, ако е импетиго многу е заразно.