@Lisandra @lackygirl После 5 часа се вратија од болница вчера. Прво му дале сируп бруфен , а после го истуширале од пола надоле за да почне да мочка. Едвај го натерале да се измоча мм нерви искинал. Ја зеле мокрачата да ја испитаат во ред била. Оттогаш еве го арен е. Нема болка. Не била кожичката во прашање туку моментална прелада. Не сакаше да излезе од вода дента,може му достуди. Ама после ова слуша убаво. Поинакво објаснување од ваква акутна состојба немам, оти сега е добар еве. Толку се загржив дури и цигара запалив што немам запалено 5 месеци.
Кутро дете мало, може многу го болеше, со помин да е, да не седи многу во водата ладна, земи му повеќе купачи да му менуваш да бидат суви оти тие држат ладно ако се водени и менувај му после капењето.
Фала што пиша, искуство плус, јас 2 мажиња имам баш чекав да пишиш како помина. На првото дете му потече и му беше црвено ко имаше 6,7 месеци, со маст гарамицин одма му помина, ама друго било ете.
Сабајлето кога стана не се жалеше на болка, јадеше солено, кисело, и викам добро е штом не го пече. Оти однадвор скоро нема ништо, кај него е внатре, дупка до непцето скоро Ама затворена е како со бела нова слузокожа, и му ставам кантарион. Сега се плашам за забот, да не му бидне нешто сега за сега е бел, не се ниша ама незнам веќе. И најлошо паметот со ништо не иде, пак вчера трчање, беснеење, забораваат за една вечер што им се случило, а мн се уплаши од толку многу крв, мислев ке се намири малце, ама тешко.
Исто беше и кај моето. Само што имаше од усната потфатено и навнатре .. го носев на заболекар тогаш за забот исто се плашев ама добар му е еве и после 1 год. Е се во ред со тоа само лузната остана ... Се нериврам зашо ги послушав другите ама тоа е хаха не се плаши ќе биде добро штом е внатрешно и се затворило.
Дали има сега матичен у ресхумана, да не знае на местото на Розита дали има дојдено педијатар или замена кој е, ни треба за утре или да браме некој у близинаа
Дали имате случаи децата да ви мократ почесто пример во 4 саата 5 пати мочаше, и потоа ништо нормално си мокреше. Имавме проблем со уринарна инфекција ама скоро правев испитување се беше во ред. Дали може да се случи често мокрење а да не е поврзано со бактерија во урина
Наусолвит капки колку време може да се даваат после отварање дали знаете? На упатството ништо не пишува, имам едни отворени од 04.04 а малото почна да повраќа, не знам дали може да давам од тие..
Дали е преку ден или ноќе се случува? При покачен шеќер во крвта се случува често ноќно мокрење. Попатно и со зголемена жед, слабеење и други симптоми. Меѓутоа ова не се случува во еден ден, два туку подолг период. Ако е последниве неколку денови само може да е некоја настинка или повторно уринарна инфекција.
Мајки добра вечер. Ќе ве замолам за препорака на добар орл доктор. Имаме проблем со воспалени уши, зголемени крајници, посебно третиот често е со секрет. Во месец и пол детево пие трет антибиотик по ред. Ушите се премногу воспалени, се вртиме во круг, после испиен антибиотик е добар една недела и после јово на ново.. цело време е со отворена уста, грчи, прекини во дишење, обилен секрет од нос (зелен) Мал е за операција, 2 години е. Денес почнавме сумамед, кај се мачи од болки, па и се отру од антибиотици безуспешно..
Мислам дека не е мал. Уште подобро е мал. Мажот ми е 30+ уште мака мачи со крајници, дека на свекрва ми страв и било на времето да му ги извади. Распрашај си се.
Се распрашав, викаат барем околу 4-5 години бидеќи се обновувале. Имам и другарка, на девојчето и го извадоа третиот крајник, сега порасна пак и на ново ќе ја оперираат. Кога го слушна мм тоа сега ни под разно не сака да слушне за операција.
Не знам стварно, немам лично искуство. Орл најубаво ќе ви каже. Ама сепак мислам боља опција е од антибиотици.
Јас давам, од прв до следен пат имаше година дена како се отворени. И јас вака се мислев како тебе и прашав и во аптека, ништо посебно не е, екстракт од ѓумбир е.
Ќерка ми има 13 год дали може да се напие едно апче од кафетин менструал ја боли стомак прв ден има добиено?
Може,сум пиела од 13 години и јас од многу силни болки. Братучетка ми има 13 години и она има болна менструација,пие кафетин менструал .