Малиот (2г.) веќе 10 дена кашла лошо. Правевме брис и испадна дека е аденовирус. Викендов се влоши, бевме во Козле, спуштил и му дадоа антибиотик. Шест дена како инхалираме, денес трети ден со антибиотик, а уште исто кашла. Јаде ептен малку, а грлото е ок. Се стопи детево. Некој со слична ситуација?
Јас пиев од прв ден од 12 год, нон стоп со болки бев и секогаш пиев првиот ден или два, тоа се смени после првата бременост.
Пробајте со магнезиум, мене многу ми помогна со менструални болки (пред да го откријам пиев ибупрофен, мислам дека е исто со кафетин менструал).
Со кортаир, не реагира добро на вентолин, па тој е исклучен за инхалации. Денес е за нијанса подобар.
Да, најдобро е над 4 години зашто големи се шансите да го надминат проблемот. Моите одат редовно на орл, си примаат и терапија преку зима за полесно да ја поминат. Искрено јас едвај чекав да наполни 4год и реков одма го носам на операција ама еве да не го урочам многу е подобар, разболувањата се вирусни и полесни, сега ќе го оставам додека не загусти. Кај поголемиот многу помогна комбинација терапија од орл и Бронховаксом по препорака на пулмолог. Во цела зима само еднаш пиеше антибиотик. Инаку кај Николче Маркоски ги носам во Ремедика ама мислам нема да утнеш кај било кој, ги има повеќе добри, а и терапијата е скоро иста кај сите.
Деновиве малата се жалела дека ја боли меше. Јас сум на работа, неделава ја чува жена и ми пренесува. И не можам да проценам дали некој драми или има проблем. Денеска ептен се жалела, жално. Легнала да спие, не заспала ја болело меше рекла може ми се јаде, па јаделе и легнала. Кога станала само што станала рекла ми се јаде и додека јадела пак рекла ме боли. Е сега дошол татко и и ја прашал те боли стварно или се зезаш, рекла се зезам. И сега јас не знам што да правам, утре треба на одмор да одиме, ќе полудам. Со мене кога е деновиве после работа ни еднаш не се пожалила. Матичната е на одмор. Нема промена во храна, каката и е ок, не знам ни од што би можело да биде. Да ја носам во козле попладне ако продолжи да се жали? Иначе пие пролајф скоро месец (по препорака од матичната) ради салмонела, а тој е полн со б витамини, па си викам може тоа да и отвара апетит, ама не знам дали може и од него веќе да почнува и стомак да ја боли. Ќе го тргнам на своја рака периодов.
Нека си пие пробиотик, иначе знаат да лажат многу, моето псоле 3 год нон стоп така, штом требаше да оди некаде на пр в градинка знаеше да речи ме боли мешето, или кога се срамеше, значи лажат многу пати ама дека за на одмор ако ти е мисла однеси ја.
Пролајф и кај нас се покажа како причина за зголемен апетит. Така да, сомнежот дека Б витаминот е причина што почесто бара храна сигурно ти е точен. Стомачната болка знае да биде и моментална, да се јавува како грчеви кои болат неколку секунди и пак да исчезне скроз. По некое време пак да се јави болката. Кога се мали децата не знаат да објаснат дека ту ги боли, ту ништо не ги боли. Ми се има случено со помалата ќерка, ама отпосле сфатив дека на моменети чувствува болка во стомакот како грчеви, па за некое време и минува, па пак може да почувствува. Матичната ни рече вирус... и реално за 3 дена сама рече - не ме боли веќе мешето. Следи ја, ако се жали сеуште повремено на болка носи ја на преглед.
Здраво. На синко му се појави ова, на стапалото, целото ко загноено. Пробувам да го стиснам, не може, не гледам дека има нешто навлезено, ни трнче ни ништо.. Со што да го намачкам?
Мајки помош секој совет е добредојден. Син ми 9г од утрово повраќа веќе неколку пати. Синоќа јадеше најнормално, сладолед, пица, некои грицки. Од наведеното погоре има се веќе јадено, се е пробано претходно и немало никакви проблеми. Ова вака прв пат. Легнува да сипе, наеднаш станува повраќа и пак во круг. Не се жали на никави болки, само гадење. Нема температура. Не е алергичен и нема некакви посебни потреби со некоја храна. Во дгуга држава на одмор сме, не можам на доктор да го однесам.
Ние поминавме таков вирус, малиот само поврати два пати и ништо повеќе, а ние првите 12 саати со дијареа, па уште 12 саати температура и помина за еден ден. Не му давај храна давај електролити и пробиотик дури да се смири мешето, ако не се смири ке го однесиш и на доктор да не дехидрира.
Мајки, на одмор сме, посетивме доктор со ќерка ми, кашла и кива и стандард крајниците потечени, нема температура ама омалаксана е. Докторот ни даде спреј за грло и антибиотик, ама вика почекајте за антибиотик ако станува полошо дајте. Не знам дали да го почнам, недела бегаме. Како би постапиле? Без крвна слика сме нормално...
Кога немате направено крвна слика не знаеш и црп како е ,ама штом сте до недела подобро почни го ,викенд фаќа ...да не ја влошите состојбата .Јас би почнала *Да сум Мк би почекала 1/2 дена да видам ,ама штом сте на одмор почни го антибиотикот. Брзо да мине