Ме интересира ако некоја храна му предизвикала алергија, после колку дена се појавува пример осип на кожата? Веднаш дента или по 2/3 дена ?
Ако е високо алергичен одма, ако не кога телото ќе се презасити од тој алерген. Пример, син ми има мала алергија на пилешко и ако внесува месо неколку пати во неделата после некое време знае да се исфрли.
Мене ова на алергиска уртикарија ми личи. Запиши што се има јадено вчера, провери и состав на производите. Дали случајно имаш детергент сменето? На син ми му излегуваат вакви пликови ако јаде нешто што има млеко во прав со состав. И од еден залак од производ со млеко во прав одма прво на лице се прави пликови. Скоро имавме случка, кај свекрва ми јадел грчки јогурт, она не прочитала дека има млеко во прав во составот, скоро пола канче изел кога го приметила дека е пликови цел на лице, раце и гради. Тогаш на лекар го однесовме, па го боцнаа со антихистаминик. Следи ситуација и денес, ама секако консултирај матичен за мислење.
Мене ова на алергиска уртикарија ми личи. Запиши што се има јадено вчера, провери и состав на производите. Дали случајно имаш детергент сменето? На син ми му излегуваат вакви пликови ако јаде нешто што има млеко во прав со состав. И од еден залак од производ со млеко во прав одма прво на лице се прави пликови. Скоро имавме случка, кај свекрва ми јадел грчки јогурт, она не прочитала дека има млеко во прав во составот, пола канче изел кога го приметила дека е пликови цел на лице, раце и гради. Тогаш на лекар го однесовме, па му дадоа антихистаминик. Следи ситуација и денес, ама секако консултирај матичен за мислење.
Можно ли е вртоглавица да има дете од стомачен вирус? Девет години сме, завчера беше со повраќање, а вчера со гадење очи проливче, денес само омалаксаност и вртоглавица кога ќе стане. Крвна слика ок, шеќерот само беше низок...ни рекоа вирус, ама вртоглавицава ме чуди..
Ако е од храна најчесто е и на лице, на стомак, грб, не е баш вака локализирано. Нас ваква и пострашна уртикарија ни изби ама не се сомневаа на храна матичната и во козле, после качи и температура па доби поинаков осип и ми рекоа предвесник на вирусот дека било. Ама не останав скроз сигурна дека беше така. Немаше ни мојата ново јадено тој период, не прашак сменет и полазано исклучија дека е. Инаку може ако секој ден го јаде алергенот на 5ти ден да даде реакција, а претходно да немало и тоа ни се случило.
Бев на педијатар ни дадоа капки, иначе ги имаше по целото тело, и лицето, тоа исчезнуваа, тоа се појавува, синоќа ноќта многу лошо беше цел ноќ не спиеше, се чешаше, сега спие моментално нема ниедно црвенило се надевам ќе биде добро вечерва...
Душа мала, со помин да му е, не сме имале ваква алергија, мене на алергија ми личи, шо имаше точно јадено, дали му даде лоратадин.
Фала мама и педијатарот ми даде капки против алергија. Јадењето ништо ново, јаде гриз со банана за доручек и зеленчук со месо за ручек ( компир, тиквица, морков, телешко)
Месо не давај многу количински да се исчисти организмот н кои манџички без месо давај, грашок, спанаќ, леќа, гравче и салатичка со нив. Велат кога ќе настани алергија да се направи детокс на организмот односно црниот џигер.
Дали за ларингитично кашлање мора да се посети доктор или можи да помини само од себе? Денес почна ќерка ми да кашла ама засега не е алармантно. 2 години има.
Ова мене на уртикарија ми личи, и јас го имам само што мене ми се појави на нервна база кога почина татко ми, со апчиња за алергија се смирува,ама искрено мене откако почна да ми се појавува, ме повторува постојано, прво почнуваат пликовите на едно место, па ќе сопре таму и почнуваат на друго место
Јас не ги носам кога има само ларингитна кашлица, во последно време само од себе поминува ама следи ситуација.
Alergiska urtikarija i nas ni se ima sluceno. Ednas duri i ja bocnaa od sto se isfrla premnogu. Potoa tretiravme so Aerius odreden period.
Не мораш одма, ама следи дете ако се пролонгира обавезно да го чуе доктор. Незнам дали е прв пат или е склона. Во принцип може да помине само ако е вирусен, ама ако е алергиски како кај син ми ќе треба и дополнителна терапија.
Втор пат и се случува, температура имаше и ја заспав и неколку пати ми стануваше како да не можи воздух да земи, па малку кашлање и плачење. Бевме на болница и и ставија урбазон и една инхалација и дома деновиве да продолжиме со инхалации.
Уф калсичен напад како кај мојов. Се ноќе се гушењата. Со лесно и побрзо да помине. И јас сум носела и му давале урбазон. Сега само вадам на ладно (или ако е топло пред фрижидер) и ако се смири брзо само пуштам инхалација и не носам по болници. Ама пак ќе кажам кај мојов знам дека е алергиски и си ја знаеме веќе терапијата, препишана е и од матичната и од козле.