Здраво мајки, примеќам на син ми во последно како исушени му се устите, а пие и јаде нормално и не е болен. Може да биде некока посебна причина или нормално е ?
На одмор сме и малава се жали на чешање доле, најверојатно пошто цело време гола на песок седи и во базен. Што да купам, што е соодветно за деца над 2 години?
Мајки дали некоја имала искуство со покачени леукоцити 39 и црп 15? Од вчера вечерта качи тт 38.2 бидејќи беше ноќ дадов парацетамол и сабајлево на крва слика превисоки леукоцити. Ни дадоа одма амоксиклав. Не тече носот нема мрсули ништо, само тт од симптоми кенкава многу а на прашање дали нешто ја боли вика не и тромбоцитите намалени 140. Хемоглобин 12. Освен антибиотик, пробиотик и вит Ц ништо не ни дадоа . Матичната вика некое внатрешно воспаление но бидејќи почна со антибиотик незнам дали на брисеви би покажало нешто . Искуства и совети молам. 2 ипол годинки сме
Има една крема на freezyderm - liquid talk за смирување на црвенило и чешање помага. Јас со тоа ја мачкав ако сте во Грција и во тамошните аптеки ја има
Повеќе ми оди да не е бактериско, гледам вака благо поцрвенета е, и друг пат била ама не се жали на чешање…
Иритација е. Затоа јас не оставав голо дете на море, сите будала ме правеа. Башка што не ми е убаво секоја шушка на плажа да ми го гледа бебето голо. Фрази дерм со камилица и талк, помага ептен.
Моја госпожа од 3 годинки сеуште не пројаде. Ни со арно, ни со лошо, нема да побара ништо. Освен ако не и дадам благо пример. А не и давам и седи гладна. Ме фаќа страв за тоа дали и е добра крвта. Последно јануари сме правеле кс. Обично и е на граница, околу 120. Матична вика не помага кај неа ништо за апетит уште од старт. Не давај ништо. Сега скоро не сум ја консултирала ама веќе ме фаќа страв со нејадењево. Дали на своја рака да проверувам хемоглобин или комплет кс?
Кај моето помогна пиковит, зошто да не помогне и кај вас? Пиковит, витЦ и омега давав плус од витД цела зима и цела пролет, беше прилично здрав и јадеше убаво и уште јаде иако не давам одамна, дадов 3 шишенца. На своја рака дадов, без доктор да ми одобри.
Мојата е јадач и често има намален хгб. И беше 90 и и давав сидерал , сега и е 110 и не е лошо ни тоа. Јас и проверувам на своја рака кс.
Мајки малиот одсабајле ми е со тт. Му дадов два пати далерон на 6 часа, а последно дадов чепче ефралган во 15ч па сега блокмакс во 18ч пошо качува 39.8. Некако мн набрзина ми дојде да му дадам, на 3 часа, ама ептен е клапнат и не престанува да качува, а симнува дури после еден саат откако ќе дадам антирептик. Да не напраам некоја беља?
Јас од јануари 15 пати имам направено кс . Најчесто козле, таму идам на итна и они стално прават кс не ми е јасно зошто, не битно. Направи си ако ти значи тоа нешто, во било која лабораторија, основна крвна слика. Се сомневам дека ќе има проблем, чим од јануари не сте имале потреба од кс, детето е релативно здраво, а здраво дете со лоша крвна слика тешко.. За нејадењево, уште е во возраст кај што може да се поправи, читајте, прашувајте, пиши на странски едукатори, пиши на Ката, консултирај педијатар еден двајца тројца, немојте аверзија да направите, тешко се оправа тоа после. Подобро воздржи се кога не сака да јаде и нека не јаде, отколку со лошо. И најважно, оцени сама дали стварно не јаде или не јаде како ти што сакаш. Проверете табели со тежина/висина дали си следи некоја нејзина линија. Имам внуче, во школо веќе, нема мускулна маса, неухрането, здраво право дете, ниту болежливо, ниту други психо-физички отстапки, ама не јаде, последица најмногу на родителите, на нивни грешки учев среќа, иначе може ќе западнев во исти секирации. И не се откажувај од суплементите за апетит, ама да ги пие 2-3 месеци, па ако нема разлика прекини и пробај со друг.
Почекај уште 5-6 месеци и ќе можеш повеќе да ја уценуваш па ќе ти јаде. Јас за мојот не верував никогаш дека ќе пројаде и прекинав и да инсистирам. И тоа беше сакаш чоколадо? Бујрум јади...сакаш леб сув бујрум јади...го истрпев ја си знам како. Се дури не отидовме на лекар за нешто друго и пред докторот кажав не јаде, па докторот му кажа мораш да јадеш леќа грав грашок..од тој ден магично пројаде и се му е вкусно дури. Колку поише ги молиш толку повеќе добиваат на сила. Пробај со лекар така да направиш верувај успеа кај дете што беше неверојатен инат и живееше на леб и намаз 5 месеци. Инаку во суплементи не верував...што ќе му помогнеше да јаде повеќе благо и леб? Сигурно нема од суплементите наеднаш леќа да побара. Да е дете што си јаде, но малку па да дадеш...вака ако одбива и нејќе да проба е тоа е друг проблем по мене проблем на инаетливост и дете што е молено и си се осеќа супериорно да може да одлучува. Тоа беше и се уште е случај кај нас. За благо колку помалце бранам, толку помалце бара. Значи давам и не бара, а му викам не може бара повеќе...
Мајки повторно јас, од вторник навечер ми качи температура и до денес еве уште има. Со температурата и кашла. Колку може да трае температура? Ја однесов во четвртокот на доктор ништо нема вика ни на плуќа ни уши ни во грло, некој вирус само. Дали да ја носам утре пак не ми е нормално за неа толку долго секогаш најмногу 3 дена и траела температура. Не сум во Мк и не даваат никакви испитувања. Дали да инсистирам за крвна слика или на што друго незнам ни сама веќе.
Има вируси да и тоа некои гадни за првпат и кај нас , со ќерка ми сум немала ништо слично , но син ми 3ипол год пред месец држеше така температура подолго , само температура и тоа пример два дена имаше па ден нема па пак ќе качи и се вртевме така 7+ дена може. Освен намален апетит ништо друго немаше ни кашлица ни нос течење , ние сме во Германија и некаде после една недела од како почна се он и поврати два пати и го однесов на доктор одма , и среќа што не ме набрка уште од ординација Ми вика се е ок со него , уши ок , чист на гради малце само црвено грло од тоа му е се , ќе помине ништо страшно свеж воздух прошетки хидратација , нека пие само вода или омилен сок , чај ( ако не повраќа , ако повраќа после 2/3ч да почнам по голтка вода ) и ништо друго не форсирај се дури сам не посака нешто , макар и на јаболко цела ден да е само , ми се обрати дури во стил јас да претерувам као еве гледаме детето си стое си зборува ништо не му е не е страшно и 40темп да има , се дури стое на нозе сам и си функционира нормално , не е опасно ако почнел да нема сила да одиме на итна ќе го боцнеле таму венска витамини да го освежат . Ни пробиотик , ни витамини електролити ништо не добив , антипиретик да давам строго ако е омалаксан. Но јас му давав сама сепак и витамини и пробиотик и електролити кога гледав дека му се потребни. Некако тоа борење сам толку долго неможев да го издржам , а сега гледам веќе дека сум паничела баш , а докторот бил во право , не секогаш ни требаат јаки лекови. Следи го детето најдобар показател ти е оно и како се бори со се , па ќе знаеш доколку нешто плус и е потребно.
@popins Мојава на враќање од Македонија се разболе пред 2 недели беше ова температура, поврати и цел пат и се лошеше, така ја држеше 3-4 дена па 3-4 беше ок, не сосема здрава но подобра. По некој ден и се врати температурата не можеме никако да ја спуштеме без сируп. Сега еве скоро 1 недела си стои во место, ништо не е подобрено. Почнав некако да се плашам, овде не те ни прегледуваат барем крв да се види подетално. Се мислам да ја носам утре пак ако има уште темепратура, зашто не е ни весела како што си беше, омалаксана е..
Дали некоја давала мед со лој од гуска за бронхит и ако да - како го дававте? Читав дека може во млеко (бидејќи така од лажичка не сака да го јаде), а страницата од каде што го порачив рекоа во никој случај да не се топли во млеко.. 22 месеци сме и веќе 2 месеци е со кашлица и бронхит, имаме закажано овој месец за дополнителни испитувања во Козле, но сите ми препорачуваа да земам и лој од гуска бидејќи било многу ефикасно.
Фала ви мајки, мора нешто да сменам. од бебе е проблем со јадење, дури и млеко малку поиеше. до 4 месеци беше супер и после преокрет нит млеко нит храна. почнувам да давам храна и одма одбивност,па ќе пуштам тв и ќе се загледа и тогаш може да лапне нешто, ама знае и да држи во уста кај образот и на крај ќе плукне. и така нервозно завршуваме, ем времето ќе го изгубам еден саат у мољакање и на крај гладна ќе остане. КС ќе направам не е проблем (ама нема да ми го реши проблемов) иако ќе има плачки, знае кај одиме на боцкање и одма кажува кога проаѓаме од таму. И кажав дека следните 3 дена нема тв и телефон па колку ајде нека јаде, ако не осиме на боцки. Можеби грешам со пристапот не знам, ама заедно седнуваме да ајдеме. едино макарони со мелено може да седне да јаде и тоа сама, друго не.
Направи си крвна слика за железо и хемоглобин, тоа главно знае да намали апетит. Ако тие се добри, тогаш Б комплекс дај и, отвара апетит. На ќерката и јас уште и се заканувам за јадење, 5ипол има. До 2-3 години имало оброци каде со сила ја стискав за образи за да и пикнам залак. Среќа не плукаше, ако и го пикнам, ќе плаче и ќе голтне, ама затоа повраќаше после мали количини. Дали по 100гр јадеше. Сега само со услови, сладолед ако ручаш, пудинг ако вечераш. И пак јаде ко пиле, за секој залак со молење.