Нема. А и тука сите се со рецепта, а од болница викат мал бил за спреј Ставив маслинки толчени на грло белки ќе помогне малку. Ептен е жален му се јаде и пие а не може оти го боли
Да јас со така пораснав, на пола слики сум со марамче на грлото дека нон стоп со ангина сум била. Маслинки ептен ситно ги толчиш на тенка крпа и ја врзуваш на грло да стои цела вечер. Мене многу ми помагаше се сеќавам сама барав мама да ми стави
Следен пат во Мк земи си Лизо бакт, предобар е. Има и за деца над 1г. Јас да ти кажам прв пат не послушав слепо доктор и купив Оперил со Гента и Декса во нив, Декса секако ми даде за уво и Тобра за око. За 2 дена се смири секретот, намален е каде каде. Утре сме на контрола па ќе видиме. Се надевам до петок ќе биде топ да одиме во градинка од понеделник, не ми се седи дома.
Веќе не знам што имам што немам дома, хаос сме со лекарства насекаде. Ќе нарачам веднаш наредната недела да ми пратат и ова да си го имам за секој случај. Уште нешто за кашлање да си имам да препорачате? Ова оперил за нос е или? Да се опремам на време за новата сезона на градинка Нека поминува со лесно и кај вас и да се намалуваат веќе овие разболувања, мило ми е што лекарствата помагаат
За мали деца не се препорачува оригано, не знам колку години има. На спрејот оригано за грло мислев така ми рекоја од аптека последно ко прашував, а за нос му давам можело за помалите.
За кашлица за мачи деца ништо, оставаш само да се избори, Лизобактот е за бактерии во грло баш. За деца е со вкус на банана. Оперилот не се дава често, еве од 3 дена му пукна капиларче, не е баш безазлен. Нарачај Септаназал, подобар е за деца. Значи од се бараш за деца верзија.
Што може да е ова? Рингворм или нешто друго? Пишувам на матичен ама ме игнорира 100% Малце ко да се проширува, мислев комарец ама не поминува баш брзо. Ќе се подзасуши и поднамали па после пак станува вака.
Ајде и овде бидејќи ова е почесто кај децата. Се сомневам дека имам стрептокока на кожа ( ја имав во детството) и прашање ми е дали знаете дали морам брис да направам или доволно е АСО да испитам па ако е високо веднаш да почнам со антибитоик? едит: на малата и забележав како гнојчиња дека и се прават и и се сушат. Па мислам да не имаме двете. Матичната ми рече да начекам гнојче па да ја носам на брис. Еве и слика од нејзините.
Ставивме понеделникот мрп, денес има темп што значи друга вироза е во прашање, а и моите дома се сите со темп и дијареа. Прашање ми е дали има врска бруфен или парацетамол ради вакцинава или нема такво нешто? Ептен сум во паника како ќе биде зошто од наредна очекувам и реакција плус од вакцината. Дали некој имал вакво искуство? Фала
Не знам дали може тука да прашам, доколку е потребно нека се премести мислењето. Личноста е исфрлана со сипаници на 28 август веќе тогаш и се установуваат сипаници на лекар.Колку дена после тоа може да ги пренесе? Имаме закажано хируршки зафат на 17.09 па не ми одговара детево да фати сега сипаници, дали доколку деновиве (конкретно оваа сабота)е во контакт со личноста истата може да ги пренесе сеуште? Да ми објасни некој како точно може да се префрли вирусот. Фала
Вообичаено после 2 недели од контакт почнува исипот, ама може и до 3 недели инкубација. Ќерка ми точно на 14 дена по контакт се исфрли. А тој што има сипаници е заразен додека не се исушат сите пликови.
Vrvi li nekoj virus samo so temperatura? Malava dve veceri so red mi kreva samo navecer. Ne tece ni nos, nema ni kaslica vika deka nisto ne ja boli, raspolozena e, jade. Samo temperaturata e