Ke odime utre na pregled. Ama cudno eve ja na temperatura 38.3 taa igra skoka, trca kako nisto da nema
Исто и син ми таков е со темп не можеш да го приметиш ама затоа ушите инфекција а не се ни жалел некогаш
Не е до толку итно, ама барам совет. Малово имаше некоја бактерија и нели пошто не е алармантно да сме со висока тт и сите пропратни работи, не дадоа атб туку само локално спрејчиња, капки. Се тоа ок, уво благо црвено, грло благо црвено, нос запушен и очиња со секрет, ама не е за атб сируп. Имаше тт 2 дена и давав Парацетамол и прекина ваљда од атб локално што ставав (декса и тобрадекс) се тоа ок, ама еве го поминаа 4 дена и он навечер уште знае да ми качи една тт онаква мутави никаква шугава тт, 37.2-37.4, само главата ќе му се вжешти, колку да се испоти на спиење јако. Сте имале вакво искуство? Не праевме ни брисеви ни ништо, апла беше бактерија, зелен густ секрет и во нос и во око.
Не е итно, ама да си прашам евентуално за превенција; ќерка ми поткашлува повремено од вчера, ама нема други симптоми, ниту нос и' тече, ниту температура, весела е. Од вчера и' давам Пиковит и планирам денес домашна супа и чај со мед, мислите доволно е за да не прерасне во нешто повеќе? Од наредна недела баш треба и во градинка да тргне, па ме фаќа паника да не се одложи, а сè ни е испланирано со слободни денови и смени на работа. Би дале нешто повеќе?
Пиковит не е превенција од настинки, витамини е, може апетит да отвори само. Земи Виранто за секој случај.
Јас не сум давала, само витамин ц и мнооогу течности форсирам. Ама ако и почнало од вчера и е вирусно до вторник не би требало да е заразна.
Мајки, дерматолог што ќе не прими одма без закажување, освен клиника има некој таков? и тоа рингворм толку ли тешко се лечи? Ми рекоа хлорамфеникол да мачкам ама нема никаква промена, дури поцрвено ко да ми е @AngelOfArh ај плис дај слика од тоа што ми рече да мешам со канестен, гугл разни слики ми дава
Пролазано и е, алергија или нешто друго? Само на нозе и раце има кај што сликав, на исти места и на двете. Денес матичен не работи
Околу 3 месеца имаме проблеми со црвенило на газето и околу. Бевме кај неколку дерматолози и сите атопчен дерматит. На 2-3 пати мачка афлодерм со канестен и ќе и помине. Кога ќе завршам со кремите пак и се појавува. Моментално и е најлоша состојбата. Се шири. Не ја боле не ја чеша. Не носи памперси а само тој дел е црвен и позади колената. Некој со слично искуство
Кога не сум сигурна за нешто одам во аптека и прашувам, сепак ним им доаѓаат стотици случаи и многу повеќе знаат што делува најдобро. Може не знаат да дадат дијагноза ама на дадена дијагноза итекако знаат да дадат терапија. Зборам сеа за вакви базични работи, не нешто комплицирано. Ние имаме овде една аптека блиску, жената ептен знае и секогаш се консултирам со неа. Јас знам од лично искуство, секогаш тоа сум мачкала и поминува за недела дена после мачкам само нешто хидратантно да се смири дека е сува кожата на тоа место. Многу лоша габичка. Ако имате мачка носете ја на ветеринар сигурно и таа има, да ја третираат.
Немаме животни, затоа ми е чудно од кај ова не снајде. Знам и јас како треба да постапам не сум глупа, ама ете не сум во можност да отидам пошо сме на одмор затоа онлајн се консултирам, сепак фала
Каде ги лепите лепенките за тт, ако не може на чело? Цел ден има 38 не симнува, со туш дојде до 37.5 и пак се качи одма. И цел ден спие, да давам сируп иако не е мн висока?
Моево не симнува под 38.5, во два ноќта дадов парацетемол, во 7:30 сабајле пак парацетемол, спушти, во 13ч имаше 39.2, ставив чеп неофен, во 5:30 пак гореше 39, пак дадов парацетемол и спушти до 38 не и повеќе. Сега пак гори, пробав со лепенки и не спушта, следно што да правам ако качи над 38.5-39 пред да изминат 4ч? Да дадам неофен сируп од него ми симнуваше предходно или чеп да ставам? И кое време?
Не, рекоа барем еден ден да мине од болеста да биде релевантно, вака можело да не покаже, мад јас не осеќам некој мирис или промена. во мокрача, ама утре ќе однесам амо работат. Давам неофен и јас ама не знам кога да дадм сега, во 5 дадов парацетемол, уште е рано нема ни 4 саата, а неофен може треба да дадам и на 6 од парацетемолот.
Ставај оцет разреден со вода на ноџињата,расоблечи додека да поминат 4 часа и нека пие многу течности.
Јас и децава не симнуваме темп со парацетамол.. само ибупрофен ни помага, а и до сега на доктор само ибупрофен и ни препишувале. Според наш матичен наизменично ако не спушта, најрано 4 саати поминати од парацетамол да се даде ибупрофен или обратно ако е висока многу темп, убаво е на 6 саати ама ако веќе не помага најрано 4. Иначе да, после 2 дена да се испита мокрача и крв е подобро, ама кај нас проверуваат и првиот ден од качена темп,па на контрола после 2 дена пак.