1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    460
    Како се става чеп за температура, треба некоја крема? И ако не спушта ноќеска каде на клиника треба да се оди, да сум спремна
     
  2. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    5.291
    Пол:
    Женски
    Ви личи ли ова на сипаници?
     

    Прикачени фајлови:

  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Повеќе ми личат на искасано од болва, ама не знам преку слика вака колку реално се гледаат. Сипаниците на втор трет ден се полнат со вода обично, па после се така засушени.
    Педијатар што вели?
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Па и предходно не ми спушти со парацетемол јас не знам зошто пак дадов. Требаше неофен, го разладив малце спушти под 39, па му дадов сируп и сега заспа, ама нозете му се камен ладни, нели велат ако им се ладни ќе качуваат, мада реално имаше оцет предходно и стоеше на плочи додека го туширав може и затоа, треба и раце и нозе да се ладни?

    Инаку течности не сака многу ама цица цело време вајда ок е, а и вода пиеше цел ден сега не сака, ама вечеено време и обично не пие.
    Само да не е уринарна, не знам викенд дали работат микробиологија плус и празник, до вторник се може да биде ако е уринарна.
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.024
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    Буташ во газе, можеш павловичева малку да ставиш.
    Имаш дежурни на Детска клиника и имаш дежурен педијатар во Систина.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    460
    Со лесно ноќеска :hug:

    Фала ти :hug:
     
    На 1209 и Tea SK им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    И на вас.

    А веќе помина саат како дадов и уште ми е многу топол на допир, спие не се осудувам да мерам, за колку време обично спуштаат од сирупот?
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    5.291
    Пол:
    Женски
    И јас истото го мислам ама викам ај и тука да потпрашам. Педијатар стандард муабет, абе може да е алергија да не јадел нешто ново или прашок да не сте смениле или да не е вирусно не знам ај нека пие рупафин и мачкајте го со пудра. |(
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.261
    Не
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    Додека се ладни рацете и нозете не се тушира ниту се дава сируп. Кога ќе се стоплат најчесто значи дека нема веќе да качува, па тогаш можеш. На топли нозе се ставаат чорапи со разреден вински оцет, на ладни ако ставиш ќе го стресеш. Без паника, ќе биде добро, ако не се тресе, расоблечи го, ако се тресе покриј го да се стопли. Јас така сум правела.
     
    На Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    460
    И мојата беше со 39.3 ноќеска, главчето врие, а раце нозе камен ладни. Ставив чепче, а не требаше? Што се прави ако се ладни нозете и рацете, ваљда не треба да ги покриваме на 39+ температура да се топлат уште? :sweat:;(

    Инаку @1209 во аптека ми кажаа дека многу побрзо симнуваат со чепче, така и се покажа кај нас. Можда вреди да пробаш
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    Јас топлам нозе, да се загреат побрзо, да престане да качува.
    Ако се даде антипиретик додека уште крева температура, ќе симнува побавно и подолго време (што од една страна е ок, не симнува нагло), затоа некогаш се чини дека не делува антипиретикот.
    Јас ги оставам моиве да спијат кога имаат температура, оти во спиење најчесто спуштаат сами или не качуваат повеќе. Барем така беше кога беа мали, во спиење не качуваа. Ама секој случај е индивидуален, не можам да зборам за туѓи деца. Ама да, обично ако има треска се загрева да се смири треската, после се расоблекува.
     
    На 1209, Spidy, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Еве и ние да не сме кусо. Качи температура и малку на нос збори друго ништо нема.се жали глава го болела. Да си се пожалам само....
     
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, и види ја дозата дали даваш точно сируп. Ако не спушта со 2,5 мл, за еден час дај плус уште еден мл.
    Ние бевме во болница и така му спуштаат температура
     
  15. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Салмонела - 5 ден со антибиотик. Се лечиме дома.
    Се уште течна столица, но за среќа поретко одиме во вц.
    Некој искуство со оваа бактерија.
    Немам веќе ни идеја што да спремам за јадење, јаде само ориз, компир, варен морков, соленки, банани.
    Инаку веќе 7 дена трае.
     
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Макарони само со сол, тост со малку сиренце
     
    На џунџуле му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    На спијање најмногу качува и најбрзо кај нас.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Мојата имаше неколку дена симптоми не ни дадоа антибиотик и уште ја имаше на последниот тест, може да е само носител, матичната не се замараше ако нема симптоми. Со нас е цело време ние дома немавме.
    Ако не ви дале треба и про и пребиотик и електролити.
    Варено, печено јаболко, макарони, млечни производи не, супа од петел ми беше он тхе го, во неа варев макарони, или ставав компир морков и пилешко, кога се смири малку почнав пилешко варено, риба, ама или печено или варено, масло ич или малку, спотерува. И тоа јадеше цел месец.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    Моиве се големи веќе, кога имаат температура, таблети им давам, завршивме со сирупи.

    Кај моиве обратно, затоа кажав секое дете приказна за себе.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    5.291
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум напорна веќе ама денес и на клиника не измафтаа и веќе не знам што да мислам. Де ова е, де она е, а детево 4ти ден уште со нови се исфрла иако пие сируп за алергија. Нема температура, само затнат нос неколку дена. Крвна слика чиста. Не знам што е, на алергија ви личи?
     

    Прикачени фајлови: