Исто и ние како Секси, кашлаше влажно пред две недели. Лекар ни даде АЦЦ , за неколку дена се смири. Само консултација со лекар, да го чуе пак, па ќе ви даде нешто.
Јас колку што знам АЦЦ не е за смирување, туку за полесно искашлување. Јас имам добиено совет од фармацевт дека при продуктивна кашлица никако не се дава сируп за смирување. Бидејќи сирупот може да го смири нагонот за искашлување на секретот, па истиот може многу лесно да се спушти на гради.
За искашлување и разводнување на секрет е. Затоа се дава кратко кај деца кои не знаат да го вадат шлајмот. Па он го разводнува, мојот ги повраќа или ги вади низ каката. Два пати го пие за истата проблематика.
Не знам, нас педијатар ни го даде. Кај ќерка ми не беше продуктивна кашлицата, ама со сирупот стана и лесно го исфрлаше секретот (во пелена). Ние само два или три дена го пиевме по двапати на ден, не подолго, и помага, ама пак ќе кажам, не го давам на своја рака. Досега два пати го пиела малава и многу и помогна. Затоа и на членката и напишав да си консултира педијатар за да и даде соодветна терапија.
Епа тоа и јас зборам, за полесно искашлување. И ќерка ми не знае да го исфрли шлајмот, ниту пак повраќа. Преку кака само. Ние го користиме 5 дена во комбинација со АЦЦ спрејот и физиолошки. За два три дена како нова @Sexybaby86 и нас ни беше така, густ секрет. За тоа и е сирупов, не е за смирување, тоа ми беше муабетов.
ако знае некој да ми каже шо е ова? На доктор бевме ми рече нов летен вирус а заразно е Кај ќерка на лице почна а мали е цел Сипаници?
Не ми личат на сипаници. Вирусот ако е, би требало претходно да е со тт мислам. Немаше други симптоми? Нешто да не јаделе, пиеле поинаку? Мене ми личи на алергиско ама не мора да значи, може и вирусот да е.
Немаше тт,пред два дена 2_3 имаше и се прошири само Денес и Могли на лице видовме дека има,само кај неа се поголеми и по црвени
Не верувам да е сипаница, Варичела не се појавува вака, а за морбили треба ваљда да има некој друг симптом претхдно. Ако е вирус ќе помине, ако е алергија ќе треба малку диета.
Не знам...прв пат слушам за ваков вирус па не знам шо да мислам Макар име да имаше вирусов да прочитам Веуќаниците не се заразни,нас ни забрани градинка една недела
Види баш кај поголемата дали ке се шири, ако не се шири кај неа може да се комарци, а кај баткото вруќици. Еве како изгледаа нашите, и на дунде и на рачиња, грб имаше.. може претопло да му било и затоа да се исфрлил. Ама ако се рашири и кај малата, можно е да е вирус.
Леле и мојата е иста,денес околу 18 часот крена 37.5, дадов парацетамол и после ја приметив како исфрлена е по раце и нозе повеќе, чекам следам дали ке качи пак. Дали дете твое крена темп претходно или само исфрлена е вака?
Затоа што имаше фебрилни конвулзии (грчеви) од висока температура и така не советуваа лекарите, над 37 одма да давам антипиретик...
Не се проширил, како да избледува.. температура не крена веќе,тоа ми е најбитно уфф. Вака како на слика, има само по раце и нозе. Не знам...
А во уста и околу? Ми личи на hand, foot and mouth disease. Ако е тоа, очекувај дека после ќе има лупење на кожата на рацете и нозете.
@Lizi ние без тт сме @mariz се прошири и кај ќерка,на стомаче и нозе Мали и проливче денес има,вирус,или поточно зараза која се пренесува во базени најчесто Мада шо на базен не сме биле,ама од некое дете вградинка сигурно