Здраво Малата повраќа од ноќеска на почетокот на 20,30мин. Не знам колку пати поврати. Првин бевме на итна ни рече да даваме наусолвит и пробиотик ако не се смири да дојдеме за инфузија. Спиеше, и после тоа што и да внесеше повраќаше, пак бевме таму сега друга докторка и провери крвна слика, и пуштија инфузија. И замислете за дома не ми дадоа никаков совет ми рекоа продолжи со тоа сабајле што ти го пишал докторот. А имаше и пролив ама еднаш или два пати само. И ми рече тогаш да давам ентерофурил. Сега гледам тоа дека е за проливот. Антибиотик е или ? И пратив крвна слика на матичната вика според резултатот е бактериска инфекција и треба да пие Антибиотик. И сега сум цела каша попара. А таму докторката не беше заинтересирана ниту да ми каже за резултатите.
Пилешко и риба мислам дека во наредниов период не гледаме Одлично што сте поминале без антибиотик. Овде мораше да се почне. Печено јаболко не ми текна, тоа можам да додадам. Другото се е на мени. Колку време имавте течна столица?
Моето имаше вака слично исфрлување Пиевме пробиотик некои капки ни дадоа, маст да се мачка и бидејќи е од храна, не ставија на диета . И даде ефект така терапијата. Аериус сируп пиевме за алергија. Инаку сметаа дека е од некои адитиви и конзерванси во грицки и некоја друга купечка храна.
Енерофорик е антибиотик, и би требало да и помогне. Лажичка по лажичка внесувајте течности инаку се ќе повраќа. Во Зегин има електролит јуниор шумливи таблети. Одлично на вкус и барем знаеш дека сигурно ќе го пие а е најпотребно сега . Со лесно. И ние сме со бактерија во моментов.
Некои 3 4 дена, ама само 1 ден имаше ептен често на неколку саати. Смектата мислам дека нас ни помогна, заборавив претходно да пишам. Давав два типа пробиотик плус смекта.
40 мин до 1 час ништо не давај од како ќе поврати и пробај оризова вода. Мојата кога повраќаше и тие наусловитот ги повраќаше.
Ентерофурилот е цревен антибиотик ќе и помогне. Давај само електролити и додека спие јас со шприц сум давала со тајмер на 15 мин цела ноќ и да поврати нешто ќе остане. Наусолвит исто можеш. Вода ако бара исто на 10 мин по 1 шприц не и давај да се изнапие. Сега веќе е касно нема да јаде претпоставувам, сабајле исто 3 залчиња па пауза па 3 залчиња итн, нема друг начин додека не се смири стомакот.
Проблемот е што таа поврати, и ајде чекам да помине пола час или час да и дадам нешто таа пак ќе поврати, и само го пролонгирам временскиот период. И не успевам да и дадам ништо Ми побара да цица а од тоа поврати. Бара вода уште не смеам да и дадам. Јадење не ни проба ниту еден залак цел ден. Чекам пак да помине пола час барем антибиотикот да и го дадам се плашам да не дехидрира. Ниту јсде тоа што пие го повраќа. И цело време сака да лежи да спие. Ова оризова вода како треба?
Не чекај пола саат. Сум чекала прв пат кога ќе поврати 2 саати па да почнам да давам, ама ако повраќа на пола саат нема поента. Да не цицала многу? Ориз свари во повеќе вода, претходно измиј го, и од водата давај. Давај електролити нема да дехидрира и вода контролирано, со лажиче со шприц како ти е полесно, се со паузи. Ако се исповратила сега и си направила пауза дај и го антибиотикот и почекај 15 мин па дај електролити и после терај така, јас така би направила.
Ќерка ми куртули со овие чепчиња против повраќање. Само консултирај матичен или доктор за дозирање. Ги има во сите аптеки.
Со Кока Кола дали пробавте? Мали се ама последно кај ќерка ми тоа и смири повраќање. Исто давав лажиче само на 20-30 минути. Така неколку пати, пред да се пробам со друго.
Од кога ќе и се подсмири повраќањето, свари ориз и од водата нека пие. Кога и се подсопре повраќањето на мојата, дека ништо не јадена и цело шише таква вода испи, колку толку ситост ќе држи, а и е убаво за желудникот.
Ајде хелп! Малата ја фати ларингит, 2 дена по ред одиме во болница да ја боцнат урбазон за да се намали отокот. Вчера цел ден беше добра, на спиење вечерта одвај дишеше, ајде брзо на лекар, па сега е добра ради инекцијата. Правиме инхалации 2 пати на ден, сега и ни ја зголемија дозата овие два дена. Имаше температура до завчера, веќе нема, весела си е вака. Што можам да правам за побрзо да помине ова? Прв пат е со ларингит и немам претстава колку време трае, вчера баш мислев дека поминува..
Моиве и двете имаа вакви. Бидејќи имаат различни доктори ги носев одделно кај своите матични, едната кажа полазано е, а другата дека е од храна. И двете докторки иста терапија дадеа, сируп за алергија и течна пудра.
Мојот секогаш најлоши напади имал ноќе. Вади на ладно или ако не е доволно ладно, пред отворен фрижидер. Никако,топла храна, само ладно. Можеш и одма инхалација само со физиолошки. Ако се смири јас веќе не носам во болница. Ама јас знам кај мојот се алергиски и ако, не е под терапија давам сируп за алергија иако откако е редовно под терапија не се повторило. За поминување зависи од што е ларингирот алергиски, вирусен....
Фала ви на сите за одговорите. Сега имам едно друго прашање. На крвната слика се покажа бактериска инфекција. А има мрсули жолто-зелени. Таа имаше мрсули уште пред некој ден па и се смирија па почна да повраќа и слаба тт 37.7,8. Денес фала богу повратено до сега нема, ама сега па мрсули пак има. За мрсулите треба нешто антибиотик? Пошто ентерофурил е за стомакот нели. Матичната ми е на одмор.
Не мора да значи. Не знаеш инфектот од што е на кс претпоставувам. Ако и се подобрува клиничка слика остави ја некој ден. Ако се влошува и ако има тт 2-3 дена направи брисеви и повтори кс. Вит ц давај, прскај спреј и чисти редовно нос, форсирај течности. И да има бактерија, ако нема тт и е ок кс нема да и дадат антибиотик.