Женско или машко дете? Женско може да е вулвитис , намачкај со Миробакт и со кантарионово масло додека не направите уринокултура.
Deneska malava, 5.5 godiniki e, ima cel den temperatura, prvo 37 pa groznica ima pa 40, pa kje padne i pak isto od početok. Sega vo 21 i dadov paracetamol (doza kako što ni kažaa od detska klinika) i eve ušte ima 40. Ne kašla, ne teče nos, se žali na stomačeto. Bevme na detska klinika, crp 6, leukociti 15, urina obična kao uredna e, grlo ima beli naslagi vo početna faza rekoa. Sirup Amoksiklav od utre tek, za da sabajle ostavime brisevi i urinokultura. Malata mnogu zabrzano diše na momenti i spie sega. Da ja budam od vreme na vreme ili da meram temperatura samo i sovet što da pravam?
Забрзано дише од температурата. Следи тт, во меѓу време можеш да намачкаш сенф на табаните. Толку висока тт се спушта многу споро.
Чорапите обавезно со винска киселина водени да се и стави и ги. Кај мене сам бара да му ги воденам кога има темп, убаво му доаѓа му олеснува. Полесно облечено.. Со помин
Има дефинитивно шлајм и не знам како да го извадиме, демек пие сирупче и обични инхалации правиме му помага само моментално од денес за утре после си продолжува кашлица, а не ни темп дали да го носам на преглед да не напрај некоја бактерија.
Ве молам за мислење. Преку ден малата ми е супер, ама навечер во спиење кашла и качува температура, бидејќи сирупот го повраќа и ставам чепче над 38.5. Тоа е кај 3 ноќта обично после и спаѓа и не крева веќе. Правевме крвна слика дали рано ја направивме не знам. Не покажа ништо бактериски, само малку покачено вирусно алергиски. Ама од тогаш девојчево се осеќа ко повеќе секрет да има. Чистам нос три пати на ден и диво оригано прскам. Пред спиење ми рекоа инхалација само со синомарин. Витамин ц давам. Ама матичната вчера пак ја виде ми рече ќе ми препишела некој послаб антибиотик дека викенд фаќа па ако има потреба да давам, јас не го ни зедов антибиотикот. Се прашувам дали постапувам правилно. Температурата секоја ноќ се јавува. И секрет има кај грлото така ми рекоа па затоа кашлала во спиење.
4 дена со температура, според крвна слика вирус, секрет во нос и кашлање. Ја носев два пати на преглед, еднаш кај матичната, вчера во Козле. Викаат дека не е на плуќа, се е во нос и грло затоа крева температура. Не сум мирна со толку дена тт. Разладувам, туширам, ставам оцет на нозе, па над 38.5 давам сируп или чепче. Чистам мрсули од нос со шприц, ставам капки и мачкам хлоранфеникол. Ме плаши температурава.. Дали е нормално?
Кај нас тт почна од четврток ноќта. А кашлањето некаде од средата мислам. Само тогаш беше чат пат поткашлување, сега во спиење знае убаво да се закашла и се слуша влажно кашлање со шлајм. Крвна слика правевме во петокот, викам да не беше рано направена па не покажа а да е всушност бактериски. Тоа ме плаши. И јас двавпати бев да ја слушнат два пати ми рекоа дека чиста е на гради дека кај грлото и се собира секрет.
Два различни доктори ти потврдиле дека е вирусно, не паничи. И ние бевме со температура 4 дена, помина еве.
Намачкај му ги со хлорамфеникол , пробај така. Не е штетно ако го излиже а антибиотска маст е за рацете. Јас мојава ја мачкав на уста да не се лиже и ја одвикнав.
Ќерка ми од петокот има ларингит, и препишаа капки по три пати на ден да пие Soldesanil 2mg се капките, сакам да прашам дали може да прават поспаност?
Може. И уште многу други работи може да прават како на пример агресивност, прочитај го баш внимателно упатството, кај син ми кога беше 6 год ако не сум грешка прв пат му препиша педијатарот солдесанил капки тогаш, оти многу кашлаше на минута и неиздржливо беше, не за ларингит. Прв и последен пат ги пиеше. Многу нервозен беше наредниот ден, викаше, урлаше, се нешто му сметаше....зедов упатство да читам и видов дека е последица од капките. Одма ги престанав и му помина кашлицата после само по себе., а и он се смири одма после роа. Требаше 3 дена да ги зема, а јас ден и пол му давав оти многу агресивно се однесуваше.
Ти благодарам. Ние во болница ја однесовме од толку што хрчеше мислев ќе се угуши, и дадоа и таму да пие и за дома ни кажаа 3 дена. Денес трети ден е. Вака друго ништо нема освен што е ептен поспана
Здраво мајки синко вчера околу 19 часот крена тт дадов парацетамол и спушти,во текот на ноќта пак крена дадов парацетамол и едвај заспа.. Сабајлево мм му измери во 8 саат имаше 37.9 и од тогаш веќе не крена иначе намален апетит има и хрчка со носот кога е легнат. Прв пат се соочувам со тт пократка од 24 часа дали е можно да трае толку кратко? Обично кога кревал тт го држело по неколку дена.
Дали некој има искуство со алергиска реакција од Панцеф? Синко 3 дена го пие и денес појави исип по градите и стомакот.