Пак ќе си напрајте по некој период крвна слика, прашај матичната шо резултати треба да следи, хемоглобинот како ќе и биди и то. Ќе и помини.
Закажете кај Старова се чека долго ама имајте термин. Елиделот се користи подолго не знам за деца како е. И не знам колку си очајна, мене фитогал глицеринската крема во кутија ми помага за атопик, не знам дали е безбедно за деца. Алерго тестови на се направивте? Да не имала некоја промена, вирус, некоја дешавка нова, да не е некоја терапија витамини или сл.
Алерго тестови направивме преку крв и на кожа, тие најчестите алергени ги опфанавме. Иначе очајна сум 4 месеца се изнамачивме и само се прошируват на нови места излагат. Сега е целата исфрлена по телото. Ќе закажам кај Ставрева.
Старова, во мавровка е во скопје, приватен е. Јас сум одела и мои блиски, како последна сламка. Јас си најдов спас сама, на грешка со тоа кремче и ок ми е. И како паталец од атопик поготово од 3 години како дете и по лекари во странство, немаше решение, ми помина односно се намали како растев, после школо дури. Сега букнува помалку. Припази на храна, не давај преработена, исклучи млечни, јајца и др алергени некој период, пери со детскиот фрош без омекшивач, плакни ги дупло алиштата, ако имате животинчиња изолирајте ги некако, ако можеш теписи, завеси да тргнеш. Зимата е пострашна од лето, хидрирај ја кожата нон стоп, по неколку пати на ден ставај биодерма. А на лето колку можете море и сонце. Се може да е, а може и никогаш да не дознаеш, тоа е со алергиите. Не очајувај, може долго да трае, буквално нараквици памучни ми шиеја за да не се чешам и да ми се утопуваат во крема рацете, пошто и рацете ми беа лом. Многу поминуваат низ ова.
Јас би пробала барем неколку дена. Пробиотик исто давај имаше еден панда беше баш за атопик не знам дали ќе го најдеш.
Не мора да е алергија, може да е интолеранција. Различни тестови се прават. Не мораш веднаш се да и укинеш, пробај една недела млечни, една недела глутен, јајца, итн., ако е тоа би требало да има мала промена, односно ако и пречи некоја храна воспалението малку ќе се намали за тоа време. Генерално се препорачува подолг период да се елиминираат одредени групи на намирници за да се осети разлика, ама со мало дете со мака е тешко да се спроведе. Можеби вака ќе успееш да детектираш ако нешто од исхраната и пречи. Не знам за колкаво дете се работи и што јаде, ама во секој случај додаден шеќер, ултра процесирана храна, сувомеснато мора да се елиминира од исхраната. Види aip diet за поконкретно, јас не се сеќавам многу на деталите, и види како можеш да ја прилагодиш на детето.
Sin mi e od mal atopichar. Ne sme chekale da se vloshi tolku nnogu no, na pomala povrshina so cela dadena terApija posle najmalku 7 dena se namaluvashe. Bioderma atoderm po 3pati na den(plus aflodermot kolku shto e prepishan) i nikako dolgo banjanje ili toplo.
Кај нас е проблемот што после било каква терапија пак се враќаше исто дури и полошо. Ни јас не сакав да дојде до ова, но се беше со консултација со доктор. Дека не смеме често да даваме кортико и само со обични креми за атопчна кожа. И сега е низ цело тело.
Не остава да и измерам температура ама вака ми стои топла. Не жешка ама топла е во главата откако стана денес. Се однесуваше се нормално - играше, шетавме, расположена. И во телото ми беше топла, ја оставив само по пелена некое време, па во телото не беше веќе топла. Сега веќе заспива - и облеков боди на долги. Дланките и стапалцата и се сега нормално топли. Која комбинација на лекови може да се прави? За да сум спремна да купам ако не дај Боже има висока. Досега еднаш кренала и тогаш само со Блокмакс поминавме.
Реглан сируп дали сте давале, дали можи за 4год да се дава и по колку. До сега два пати поврати, од пред 4часа и спушти на дијареа, дали прекинува повраќањето, дадов до сега електролити по малце уште ги пија, не му се убај 10лајчиња мали само сакаше и кока кола си пија пола чаша и малце соленки каснува оти е гладен бааги. Шо да давам уште за до вечер многу му се јади. Пробиотик дадов.