1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Качува на 6 саати до 39 и ја симнува со Ефералган. Измеѓу е свеж, каснува по нешто ама не како вообичаено. Повеќе е на цицање и вода. Последно чепче синоќа во 2:00ч. Сега уште не е топол, се надевам и нема да качува веќе. Сабајлево ја преполни пелената со мека столица. Од што може да е столицата таква? Со температура е од вчера сабајле, не повраќа и прв пат кака од вчера наваму.
     
  2. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Женски
    Бела, вирус.
    До 39.5 качуваше температура, неколку пати на ден потечна столица.
    Над 38.5 ставав чепче или давав сируп, гледав колку може да ја симнува сама. 4 дена некаде и траеше температурата па се среди.
    Давај пробиотик, витмин Ц, полесна храна и течности. Можеш и електролити.
    Ќе помине.
     
    На mace89 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Денеска без температура е сега за сега, ама нејќе да јаде. Малку лепче, малку смути, две голтки цеден сок и толку. Давам и витамини и пробиотик, се надевам нема да го држи многу. Електролити не сум давала, какви користиш?
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Женски
    Becutan
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Даваш за да не дехидрира или? Пошто он пие многу вода и цица.
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    Мајки што вирус е ова? Од Четвртокот и двете деца едното 3 ипол год другото 2 год ги фати треска па се жалеа на уво. Матичната им даде капки во уво и сега не се жалат на уво ама температура имаат. Посебно поголемото неможам да му ја спуштам од Петокот, само со парацетамол и блокмакс сме. Преку ден се по ок ама навечер качуваат. До кога трае вирусот? Јас и инхалации им правам пошто ми поткашлуваат по малце. Иначе испитавме во Петокот крвна слика црп мирно, брисеви негативни. Дај Боже побрзо да помине(facepalm)
     
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    458
    Малата ми пожолте на нозете, големи жолти флеки. Нема јадено морков/батат овие 2 дена, а денес се појави. Петокот не знам дали имало во манџата во градинка, ама нема ваљда денес да се појави тек да е од тоа. Што може да биде?
     
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Да ја однесиш на преглед се може да бид, жолтица, анемија, проблеми на црниот дроб
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Здраво на син ми ноќва во Козле му наслушнаа шум на срце матичната го слушаше исто минатата недела ама не рече ништо. Докторот во Козле два пати се врати да го слушне и не праша дали детето е носено на кардиолог на стетоскоп наслушнал шум на срце викам не од вас сега слушам. Мене случајно на систематски во основно ми открија ама поголема бев он е мал 2 години ќе прави наредниот месец,дали може и кај помали дечиња да се појави?
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.506
    Мојата има од раѓање, во ремедика мислам имаше на пораѓај и преглед на срце па од таму ништо не ми кажаа, педијатарот нивни на секој преглед само го повторува ама вика дека не е ништо чим прегледот бил ок. Матичната исто не му се замара, еднаш ја прашав, се слуша рече, ама толку. И јас имам, на 22 години на ехо ми го видоа... И другарка имам што од мала има и спортуваше многу како дете. Има и посериозни. Ако не сте биле одете на преглед да си мирна.
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Што можам да дадам за течна столица? Го спремив да го носам на лекар ама заспа од што е истоштен. Во три ноќва пак качи температура, сврза некој саат сон и почна да се буди плачејќи и виткајќи се. Мислам дека стомаче го боли зошто ја наполни пелената со течна столица. Не знам дали да речам дијареа дека има зошто од саботата откако почна да качува темп ова е трет пат што кака. Многу слабо јаде, од сѐ што ќе понудам каснува само две апки и после нејќе. Дури и омилените јадења ги одбива. Од носето му тече повеќе како проѕирна водичка, ретко пребоена. Не знам што вирус е ова.
     
    На mace89 и sani99 им се допаѓа ова.
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    56.988
    Пол:
    Женски
    Невин шум е многу честа појава кај новороденчиња. Не е нешто за секирање, ниту пак итна состојба, ама треба да се утврди и следи од кардиолог. Јас сум родена со шум, син ми исто, кога имаше еден месец го носев кај Иван Милев, ми кажа контрола на три години.
     
    На Hijabigurll и Mucika им се допаѓа ова.
  13. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.796
    Допаѓања:
    1.605
    Здраво мамиии..
    Имам едно прашање на 300 ума сум... бебе ми е 4 месеци...а големебо 4 и пол год е.. цел месец не оди вград бидеќи почна сипаноцата а он не е прележан а на малово ваквина требаше да ставаме и не го пуштив... ама еве уште ја има.. ставивме ваквина...бебе на 24 ке прај 5 мес... нз шо да прам да го пуштам да оде да фане сип или не за малово ми е ептен
     
  14. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Ај поискусните видете на крвнава слика.
    386DECC3-A8A3-40D0-8736-893E40127530.jpeg
    Матичната вика дека е во прилог на бактериска инфекција и му дава Амоксиклав. Чекам да соберам мокрача па да видиме дали да го почнам. Како ви се чини?
    Он е со темп и омалаксан, нејќе ништо да јаде.
     
    На mace89 и sani99 им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    7.519
    Пол:
    Женски
    Високо црп и малце покачени леукоцити е показател на бактериска инфекција. Јас би дала амолсиклав.
     
    На Cherry79, strelec231992 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.647
    Допаѓања:
    22.901
    Пол:
    Женски
    Пробиотик обавезно земи, читав дека имал течна столица, ако има многу смекта прашок најмногу помага, ако не јас линекс јуниор на првото дете му давав. Ако не јади сега битно е течности да пие, плус цица, за јадење не се нервирај нормално е да не јадат со тт.

    Моето бебе фати од брат му на 2 месеци, на 2 месеци прележа сипаници и многу полесно помина од брат му кој беше тогаш 5 год.
     
    На prinstongirl2 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    19.414
    Пол:
    Женски
    Само дехидрираност покажува мокрачата. 865B956F-9BBF-4822-97A5-186C36569702.jpeg
    Нема какано од сабајлево. И на течности затвара уста, ептен малку вода и што цица ама и тоа со молење. Електролити нејќе за жива глава. Како да му дадам?
     
  19. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Женски
    Нека цица колку можи повеќе и електролити со шприц давај.
    Ама штом е дехидриран јас би барала инфузија, ке го освежи.
    Антибиотикот почни го со време не чекај да не се мачи. Со помин.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    11.137
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е правилно, ама јас на сила би давала.
    Додуша и така давам сѐ што мора да прима кога е болен.
    Со шприц директно во уста ОРС на повеќе пати. И вода на ист начин форсирам. Вриштење има ама тоа е, gentle parenting е на standby.
    За друг начин јас не знам, резонирање на таа возраст нема, исто и подмитување.

    Пиши што ќе ти каже матичен.
     
    На LiquidLuna, Spidy, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.