1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Охххх
    Давај му тогаш комплетни оброци со месо, зеленчук и компир/ориз/хељда/сладок компир/просо, нешто од тоа бирај. Со чорбички (леќа, грав…) можеш безглутенско лепче.
    наутро безглутенска житарка (амарант, хељда, деклариран овес, корнфлекс деклариран) со овошје. Можеш овесно млеко со корнфлекс, нешто така.
    Кога ќе видиш подобрување почни малку по малку да внесуваш и од исклученото. Пример прво млечни, па јајце, па глутен… и полесно ќе видиш на што реагира.

    и јави му се на докторот за насоки, сепак е дете што треба да расте, нека ти даде некаква листа или совет.
     
    На kozuf и Hippie им се допаѓа ова.
  2. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Жени.
    6ти ден од мрп детево почна да кашла многу од пред саат време. Се избезумив. Беше со блага кашлица пред 20тина дена и помина со инхалирање синимарин. А сега чекав реакција од вакцина, а он кашлица :worried: Имате ли искуство мрп и друга пропратна состојба истовремено, мн сум исплашена
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Ништо нема да му биде плус заради вакцината. Таа конкретна вакцина нема компонента врзана со кашлица. Кашлицата ќе си ја решавате, а за вакцината никому ништо.
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не не задржаа, веројатно не им се чинеше толку сериозно. Денеска е подобар, си игра, само нејќе да јаде. Форсирам течности и цицање. После сме на контрола, ќе видиме што ќе ни кажат. Од прееска му ги слушам цревата како му работат, како да клокоти внатре и кака скроз водно веќе 2-3 пати од сабајле. Можно ли е од инфузијата или сепак е некој цревен вирус/бактерија?

    Фала многу за поддршката, ми значи. :hug: Веројатно со тек на време ќе се навикнам, вчера ми дојде премногу зошто прв пат е толку болен и ептен ме погоди.
     
    На sani99 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Има пробиотик Restora flor во шишенце. За пролив најдобар е
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми три дена после мрп разви густ зелен секрет од нос и настина. На 7ми ден крена температура и траеше се до 11ти ден. Не знаев дали и е од настинка дали од мрп. Се плашев само да не треба антибиотик да пие ама ете поминавѓе. Во пункт ми кажаа дека 21 ден не смее антибиотик за да створи имунитет задоволителен на мрп.
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    7.518
    Пол:
    Женски
    Знам се те разбирам, првиот пат во болница 10 дена не јадев и не пиев, имаше адено вирус, проверете и тоа да не е, сега и да правите брис со антибиотик нема ништо да покаже. Може да е цревен вирус да, даваш пробиотик претпоставувам. Форсирај и вода и цицање, за храна што сака нека јаде, битно нешто да внесе, не е страшно и да нема апетит, сега и од инфузиите е поткрепен.
    Пиши како ќе поминете на контрола :hug:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.830
    Најверојатно од антибиотикот, давај пробиотик обавезно, комбинирајте го со храна, да не е на гладно.
     
    На јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  9. Temena

    Temena Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со уростим таблети за деца ( од бугарија ) за уринарни инфекции? И како сте ги дозирале?
     
  10. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво, денес малиот беше во градинка, па околу 10 часот ми се јави тетката од градинка повратил како жолтило, не појадил ништо само чајче и треска го фати баш кога отидов да го земам, веднаш на бол отидовме ама по патот како да ми бладаше, ми се пресекоа нозе, кога стигнавме имаше 38.5 темп, па за15 мин 39 качи. Далерон му дадовме таму, го измачкаа со алохол, па полека му падна. Кога дојдовме дома така омалаксан беше, малку си дремна. Кога стана беше свеж како ништо да не било, толку, ниту температура качи, ниту поврати. Др вика вирус ама за утре рече крвна слика, дека рано е веднаш д направиме крвна слила. Чудно ми е како може да биде вирус за толку кратко. Значи тоа шо беше сабајле повраќање и температура, после тоа свеж, весел... Зар има таков вирус толку кратко време?
    Потресена сум зошто по колата како да бладаше и му студеше многу , др вика вирус...
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Имаше течна столица уште пред да го прими венскиот антибиотик, ама имаше што да искака. Сега не јаде и веројатно затоа беше водесто, плус и од инфузијата. Пробиотик му давам 2 пати дневно, така ми кажа докторот. На контрола добро поминавме, викаат дека е некоја комбинација од вирус и бактерија зошто и стомакот е надразнет и во носот има зелен секрет. Точна дијагноза немаме. :drunk: Сакаа да му пуштат уште вечерва и утре сабајле венски атб, ама изместена му беше бромилата и реков ако не е неопходно да не го боцкаат од ново зошто вчера се одра. Докторот кажа дека ќе биде добар и дека не мора да го трауматизираме пак. Му препиша Алмацин.

    Имам две други прашања:
    1. Од меката столица се исфрли на пеленска регија. Прво третирав со павловичева, малку како да се смири ама уште го има и ми препорачаа да земам Судокрем па сега тоа мачкаме. Докторот одма даде белогент+канестен, а не сакам да мачкам ако не морам. Немам ич искуство со пеленски осип, прв пат во година ипол е црвен. Дали ќе успеам да средам со Судокремот, што мислите? Малце е црвемо само едното тестисче, наоколу веќе е исчистено.

    2. Како да дадам антибиотик во спиење, а да не го разбудам? Некои типс енд трикс ако имате.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    5.125
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , за првото прашање, ќерка еднаш досега имала огромно би рекла црвенило. После неколку денови со Судокрем, не се смири, на кожен лекар ми препишаа 4 креми, меѓу кои комбинација од 2 кортико и две други, да ги ставам по шема. Ставав цела недела како што ми беше кажано додека се среди.
    Искрено јас повеќе страв имам од компликации, отколку краткорочно да делувам со лек.
    Сум "се изгорела" неколку пати со ненавремено лекување, така да веќе не ризикувам.

    За второто, темпирам секогаш кога може во време кога е будна пример во 7:30 наутро и 19:30 за антибиотик. Е во случај да морам било каков лек на спиење, а спие цврсто кај мене, ја потпирам на перница како под агол од 45 степени да не е легната скроз на рамно. Полека давам со лажиче.
    Кај мене пие и на спиење, така да немаме мака со тоа.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаме потреба од кортико, смирено ми изгледа. Глупо ми е да прикачувам слика, ама ептен малку е црвено баш сега се разбуди и го проверив. Искористив и сируп да дадам на полуразбуден ама fail. Само што го осети вкусот одма почна да плука па мораше маж ми да асистира, он е по погрубите методи на давање лек, јас не знам како. Убаво ќе беше да можеше буден, ќе го залажев некако, ама на 8 саати е и барем еднаш мора да е во спиење.
     
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    5.125
    Пол:
    Женски
    Кај моево беше баш црвенило и со денови, плус голем дел од пеленската регија.

    За сируп совет од интернет е да го ставиш во цуцла од шише ама мислам кај тебе дека и шише не фаќа.

    Инаку кај нас, јас сум "џелатот" за тие работи, од лекови, инхалации, се со ред. Уплав има дете ко ќе ме види со некоја лажичка дека се појавувам.
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Продолжи со Судокрем, ако се влоши тогаш кортико. За сируп во прницип увек барам некој сируп на 12 часа. Ако мора на 8 ќе го подразбудиш , ќе "седнеш" над него, главата на перниче, со колена држиш раце и нозе и со шприц полека накај образ, тоа е тоа, мора лекот да се прими.
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Цуца цуцла, ама не пие од шише. Сум го видела трикот, ќе пробам баш ама он е страшен, сѐ прати. И успиен и буден е тежок за пиење.
    Мислам дека ќе биде добар со Судокрем, се смирува. На него уствари вкусот му смета затоа плука. Молерс пример давам исто со шприц ама не го плука. Ќе пробам после со лажичка, да го растворам малку со вода па да видам што ќе биде. За ноќе ќе морам да го будам, не бива на друг начин. Јас немам искуство и ич не помислив да побарам антибиотик што се пие на 12 часа, ќе знам за друг пат.
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.647
    Допаѓања:
    22.900
    Пол:
    Женски
    Само Флогоцид, од едно мачкање поминува. За пеленски осип. Имало сега и сапунчиња и др производи од флогоцид. Незаменливо.
    Алмацин е многу слаб антибиотик, на големиот само таков му даваа па му поминуваше. Пробиотик давај и после дозата, нека пие бар месец.
    Screenshot_20241009_090734.jpg
     
    На Luna91 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  18. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    56.987
    Пол:
    Женски
    Нас најефикасно ни се покажа Бепантен Бејби. Преку ноќ ни смирува црвенило, мислам дека вреди да се проба.

    За давање антибиотик немам искуство и повеќето сирупи ги пие без проблем. Еднаш требаше да му дадам Блокмакс сируп и тоа го одби. Му дадов малку од дозата веќе со лажичка и немав избор, морав да му ја додадам цела доза некако, а нејќеше да чуе. Ја мацнав убаво лажливката во сирупот и му ја дадов и тоа упали. Целата доза успеав да му ја дадам така. Можеби не е соодветен советот, ама штом сака цуцла има шанси да успее.
     
  19. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.176
    Немаше да коментирам во темава, деца немам, ама сум бил дете по болниците, само на детска имам едно добри 70 прегледи и морав... И јас секое одење во градинка се разболував, имам испиено антибиотици ко за три животи, на брисеви во Воена им бев инвентар.

    Најпаметно ти е дома некој да ти го чува или баба/дедо, јас да можам назад да се вратам никогаш не би одел во градинка. Мислам дека сите тие болештини и разболувања трајно ми го имаат оштетено системов. Патем сега сум и алергичен т.е. нетолерантен на пола од антибиотиците и сега ако ми препишат, не ни пијам туку се оправам со чаеви и билки оти од антибиотик прво ми е 10 пати полошо па сум подобар..

    Инаку детето што беше до мене, Давид, фати и жолтица во градинка, па не го видовме 6 месеци, затоа што заврши тогаш до болница ако се сеќавам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Знам дека е груб метод, ама кога ми одбиваат со шприц давам. Го ставам шприцот преку јазикот (со шприцот го стискам јазикот да не може да плука) и пуштам лекот на страна накај образот.
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.