1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.931
    Веројатно има вагинална инфекција, кандида, од антибиотикот. Даваше пробиотик со антибиотикот?
    На доктор ќе ти кажат што да мачкаш, веројатно ќе ти препорачаат да даваш и пробиотик.
     
  2. Temena

    Temena Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Пробиотик давам без исклучок и пред антибиотик и за време на антибиотик и после тоа…
     
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.931
    Знам дека се дава два часа после антибиотик или така нешто, доволно е.
    А можно е и покрај пробиотик пак да се јави вагинална инфекција.
     
  4. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од крајник или од заби во плунката да има крв?
    2 годишно дете има зголемена плунка и сега приметив на перницата и крв малко. Има трет крајник, а и петки излегуват.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.004
    Пол:
    Женски
    За трет крајник не знам, ама од никнување на заб може. Во моментот кога пробива забот може да крвари непцето и одма после тоа може да се гризне несвесно со новиот заб на спротивниот гребен или образот.
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Мајки што сте имале реакција од мрп, какво искуство имате ? Трет ден е со температура, до 38,7 знае да се качи, очите отечени (плус кашла), матичниот вика крвна слика и црп во понеделник, а јас до понеделник ќе се оболам од грижи.
     
  7. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    1.352
    Здраво, препорачајте ми добар педијатар пулмоалерголог од приватните болници
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Кога ја прими вакцината?
     
  9. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    На 3ти октомври. Денес му е 10ти ден.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Искрено, ова ако е од вакцината е доста јака реакција. Може да е нешто закачено во меѓувреме ако одело детето во градинка, што е многу поверојатно.
     
    На lackygirl, Splendor. и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  11. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка има правено еег во будна состојба кај дете 3 ипол години? И ако има каде?
     
  12. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Еег во будна состојба се прави и во државна и во приватна од искуство зборувам, но јас секогаш практикувам да правиме еег во спиење, а гледам дека почесто и докторката сака во спиење отколку во будна состојба.
     
  13. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.675
    Пол:
    Женски
    А која е разликата во будење и спиење?
     
  14. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Лично кај нас правиме заради тоа што детето има напади само кога му се активира сонот и кога правиме во будна состојба еег е супер а кога спие еег си има бранови.
    Кога му правеа во будна состојба воопшто не беше мирен, се вртеше, се смееше и затоа веке само во спиење правиме.
     
  15. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Поради какви напади? Пред 2-3 вечери, детево ми се протресе во спиење повикнав по него се смири и продолжи нормално да спие. И објаснив на докторката,ми рече дека ако било епи напад не би реагирал ќе продолжел со тресење,ако се повтори да и кажам да видиме што понатаму. Јас не сум мирна и сакам да го снимам,ама ова со не спиењето не знам како би било, затоа ме интересира дали може и во будна состојба
     
  16. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Поради епилептични напади.
    За да бидеш мирна, може да му направиш еег. Мој совет е доколку правите подобро во спиење, а и многу ти е мало незнам дали би издржал да седи ма кревет и да го снимаат. Кај нас престануваше со тресење и пак си спиеше, но во тој период се мали и можеби сонувал нешто, доколку пак се повтори тогаш направете.
     
  17. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Да да сигурно ќе му правам ептен сум исплашена.... Колку време трае тоа снимање? Вашето колку години има? Дали со терапијата се средува?
     
  18. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Во Систина трае некаде околу 40-50 мин, во државна некаде половина час беше кај нас. Не е ништо страшно снимањето, дај боже да е се добро и само тогаш да било. Ние сме малку поголеми, кај нас се појави такво тресење во сонот за прв пат кога имаше околу 6 години, сега е 10 и е под терапија. Нема никакви попречености значи супер е во развој, не заостанува, дури е многу интелегентен. Имам отворено тема за деца на форумот епилепсија и деца, доколу ти треба повеке знаење за еег и друго може таму да си пишеме, но пак ке речам можеби кај вас било само моментално и се ке биде добро.
     
  19. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Мајки, здраво...сакам да прашам дали некој користел метиленско плаво?
    малиот имаше температура и еве веќе три дена мака мачимр со јадење. Матичната рече непцата му се воспалени и има афти и ми препиша метиленско плаво, ама малиот плачеше и не ја разбрав добро како да го мачкам. Ми рече на стапче, ама не разбрав колу капки..дали некој има искуство?
    Фала
     
  20. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Мајки Help, кој имал искуство со удар во глава и симптоми од истото. Имено вчера накај 18 часот, ќерче (2год) се удри баш силно падна и има џумка ама си беше скрос ок, бевме надвор и трчаше ништо не приметив, денес цел ден градинка исто супер била баш и спомнав на учителката дали приметила нешто, рече супер била. Ама кога дојде дома крена темп до кај 38 и пиеше скоче и го поврати, што значи отприлика 22-24 часа од ударот ,одма отидовме на доктор и таму и дадов вода одма ја поврати пак. Ја прегледаа со пратење на светло ок се беше, докторот вика вирусно е зошто вика повраќањето и е по дразба на желудник, а повраќање од пад е ненајдено и плус губат рамнотежа. Дома ги поврати одма и капките од ѓумбир, се на се 4 пати поврати и клапна заспа. Ќе и давам попосле електролити и оризова вода да се смири малку желудничето. Иако така ми кажа докторот немам мира ама ич, ептен сум загрижена дане е реакција од паѓањето ;(