Бактерија Мораксела пие сумамед форте еве веќе три дена. Кашла како лудо? Од антибиотикот ли е? Совети и искуства да го носам утре пак кај матична!?
Чим кашла однеси го нека го слушне, син ми во Април покрај антибиотик пневмонија направи па ни дадоа и инхалации плус. Се надевам дека не спуштил ама ако кашла толку многу однеси го нека го слушне.
Замавме брисеви од нос и грло. Не ми потенцираа каде (најверојатно и таму и таму). Болно грло, блага температура, сува кашлица, Конјунктивитис, затнат нос со многу секрет.
Мислев нема симптоми зошто прочитав во другата тема и потврда за градинка ви дале па ме зачуди зошто толку јак антибиотик му дале. А кашлаше и пред антибиотикот или сега се раскашла? Не би требало после три дена антибиотик да се влошува, напротив веќе треба да е подобро. Јас би носела да го слушнат штом толку има кашлица.
До сега само оспен имавме пиено како е роден, па ни покажа алергииска реакција. Кашлаше и пред, па смиривме со Слезогал. Пак се раскашла како пие антибиотик . Па еве можно е и јак да му е антибиотикот? Инаку другите симптоми ги снема. Ама уште два дена ќе пие антибиотик. Кажа обавезно цела терапија. Во градинка секако не го пуштам... знам дека е тежок почетокот ама тоа е.
Истово го има малово, тт до 38 саботата, вчера цел ден топол, конјуктивит, исто се, само што ноќеска почна многу да кашла продуктивно, во 6 сабајле свиреше, дали на плуќа дали на грло нз ама свеста ми се зеде, се пренервирав сега во 10 ќе го носи мм на доктор, јас на работа сум, пукнав од нерви дур чекам. 14 месеци е. Првото имаше еднаш мораксела исто со затнат нос и секрет ама не до олку болен.
Не сум стручна, ама некако многу е дупла доза сумамед. Големиот само еднаш пиел вака, ама после пневмонија како продолжена терапија. Сепак доктор ви препишал истерајте. Кашлицата не верувам дека е од антибиотикот (освен ако е алергиска реакција), ама јас би носела да го слушнат штом толку се пролонгира. Побрзо нека поминуава
Дали антибиотик е доволно за воспалено уво? И го видоа денес црвено и е, се жалеше викендов на болка, ама не е цело време, весела е. Ни дадоа само антибиотик и септаназал за нос, ама не ни дадоа капки некои за уво. Ми е страв да не и се влоши, пошто сабајле рече не ме слушала на тоа уво.
Однеси ја на ОРЛ ако толку мислиш дека е лошо. Кај моево дете поминувало само со антибиотик, за болка сум давала далерон или парацетамол плус.
Во принцип таа е терапијата. Носот мора да биде цело време прооден за да нема болка и да не се полни увото со вода. Ако почнува да не слуша добро треба да се испере и увото. Мојот еднаш така шрестана да слуша. На ОРЛ му го испраа ама малку и потоа ни дадоа капки на база на маслиново малсо да прскаме постојано за да не собира церумен увото. Најдобро е ако нема подобрување да одите на ОРЛ.
Закажав па откажав, матичнава ми рече не треба. Додуша кога и кажав каде ми рече не мора, а кај Мирка нема термин. Мала е скоро 3 год. ама кажува. Дали да ја оставам да ми каже ако не и е подобро или да си отидам на орл ипак утре. Во четврток треба на контрола да одиме дур стигнат брисевите. Веројатно и е од бактерија секретот иако нема нешто мн мрсули или кашлање.
Ние 2-3 пати имаме лечено уво и само со бруфен, против воспалителен лек е , така да со антибиотикот можеш и бруфен да дадеш, без гајле.
И моето е вака. Јас се мислам кај Гоце да го носам, за кај Мирка се чека многу, додека добиеме термин, он оздравува и за џабе е.
Vo cetvrtokot malata mi krena temperatura odma bevme na maticen ni prepisa ospen terapija za 8 dena ama od sabotata pocna da kasla ne tolku zacesteno ama kasla i noseto kako da i e non stop polno a nema nisto krci na nose. Dali da cekam do petok pa da odam na kontrola ili da ja nosam uste denes? Malata ima 2 godini
Јас во акус медикус закажав кога и кажав ми рече не одете, рече да одеше кај Мирка ок. Ама ќе следам да видам денес како ќе биде. Ако не ќе ја носам за мирна глава. Мирка ми е буквално пред нос ама ете термин не ми треба за 1 месец, па и тогаш дали ќе има.
За акутно ако е не може да чекаш толку за термин. Јс го донесов мојот кај д-р Мери зашто почна да не слуша во Сабота и само тоа беше отворено. Ќе видиш и ти дали оди на подобро или не. Ако престане да се жали на болка и престане да се жали дека не слуша тогаш е во ред. Ако продолжи да се жали дека не слуша ќе однесеш кај било кој ОРЛ да провери слух и да види што се случува со увото (матичните имаат отоскоп ама на ОРЛ има повеќе опции за преглед). Инаку добро искуство имам и со Весна од Ремедика. И мојот беше три години кога имавме сага со увото. Најчесто проблемите се јавуваат од 3 до 6 години затоа што евстахиевата труба сеуште им е хоризонтално поставена и крајниците може природно да се поголеми. Кај мојот беше комбинација од големи крајници, тесни ушни каналчиња и хоризонтална евстахиева труба. Со тек на време како растеше проблемите се намалуваа. Сега на скоро 9 години нема некоја разлика во неговото разболување и разболувбањата на децата од негова генерација. До 6 години беше ептен мачно. Ах да и на 3 години ако е зборливо дете ќе знае точно да каже што му е проблемот. Не е мало.
Здраво, детето има 3 ипол години, падна и најверојатно ја истегна ногата,има тешкотии при движење. На ортопед ни рекоа блокмакс гел,ама сега читам на упатството дека нњ се употребува кај деца под 12 години. Искуство некој?