Од што може да се појави врѕоглавица кај дете? Имаше ми се пожалено лани летото кога е на сонце и сабајле еднаш кога стана нагло. А денес беше на роденден прв пат без мене и вика ми се вртеше кога трчам и не си играв баш. Кога одел и стоел не самп кога трчал. Други симптоми нема
Прво што ми текна е слабокрвност. Низок шеќер или проблем со видот. Сепак најдобро консултација со матичен, да ве упати што плус да се испита. Едит: Видов дека прв пат било само детето. Можеби има чувствувано и доза на страв би рекла што е само, па така да се манифестира. Ова само нафрлам идеи.
Последно кога го барав насекаде ми кажаа дека го нема веќе и ми дадоа замена Цефакс. Истиот лек е се консултирав и со матичен.
Ve molam za sovet Maliot sega vo trcanje padna na plocki na lice, potece krv od noseto, pomodre noseto vo delot kaj vegite. Moze da e seriozno? Skrsen da e? se smiri, ne place ama moze li da e opasno? 2 god i 3 meseci ima
Незнам дали би ти помогнал одговоров ама ќерка ми исто така околу втората година падна на ивица и си ја повреди аркадата , имаше и крв. Беше вечер и отидовме на брза помош таму веќе кога стигнавме беше смирена не плачеше, само се уплаши од докторите. И докторот ми рече без разлика и што има синица и крв , да имаше пукнатина или скршеница немаше туку така да прекине да плачи. Ќе продолжеше да плачи и да се жали. И вистина не и беше ништо, малку другиот ден само имаше оток и синица. Со син ми исто сме биле на брза помош,падна директ на брадата и се расцепи. Од таму не пратија на хирургија за секој случај да го напипаат во смисла дека коските на децата не се толку јаки се по ронливи ама среќа ништо не беше пукнато, требаше само едно конче да ставиме а јако се удри. Видите како ке е до утре ако се жали и плаче во текот на ноќта однеси го на брза помош.
mnogu mnogu ti blagodaram, me smiruva vaka da procitam toj se smiri so placenje po nepolni 5 min, isto i krva sopre.. Ima i sega modro kaj nosot malku, isto i ustata vo del mu se nadu, ubavo padnal ama da ne e nesto seriozno nabieno, skrseno aman vekje lele
ИТНО МИ Е ПОТРЕБНО МИСЛЕЊЕ. Ве молам смирете ме или кажете што да направам. Сега само што видов во вц школката рано имав ставено тие што се како гел од дак фреш, ќерка ми го има размачкано. Јас не ја видов и легна си спие од пред 3 часа. А што ако ставила во уста? Што ќе и биде на рацете дали да ја будам да ја мијам? Ја бришав со влажни. Но сега сум цело време со умот а што ако си проба да стави во уста? Кога легна некако ми дојде некој мирис но не ми ни дојде нс ум за 10 секунди што направила. Може ли нешто да и биде или после 3 часа нормално ништо не може??? Ве молам побрзо дај те ми мислење
На рацете ништо нема да и биде, а за в уста од шолја дека има ставено не верувам. Колку години е? Ќерка ми во капење шампон стави в уста и одма почна да плука, а не па таков освежувач со појак вкус.
3 ипол години е, но сега има една навика си става раце во уста и проба пред некој ден од шампонот. Незнам то да правам те молам дај ми идеја зашто животов ми се скрати цела се тресам. Имаше еден дел залепено на врата, се надевам дека тоа беше се што имаше земано
Нема ништо, тоа горчи нема да го изеде, ќе исплука се ако ставила, голема е или ќе поврати но не верувам да има гризнато за да го голтни. Подобро не ставај повеќе такви и се шо не треба на високо каде не може да го дофати.
Сега веќе не ставам но никогаш не беше влезена во веце незнам како ја доби таа идеја. Во последно се некако ми прави заинает и се од една глупост до друга поголема. Се надевам дека нема ставено ќе ја испрашам јас утре но да помине само вечерва. Мислам дека нема да склопам око. Ја разбудив ја измив рацете, јазикот пиеше вода, но изгледаше како нормална.
Уживај ништо не и е, ќе ја заболи мешето ако нешто такво има направено, ќе повраќа не се вознемирувај. Мојот ко беше помал се миеше заби и дури го видов после зеде брцна во вцето шолјата шо имаше сапуница и ја ја пикна во уста четката, ништо не му беше, сега уште знае да си игра таму и ми ја фрла цела хартија
Се надевам нема ништо да биде и да ја преживеам оваа ноќ. Благодарам, стварно малку малку ме утешивте, но сепак јас имам многу голема грижа на совест. Да ја видев немаше ништо да се случи.. Но ете не можеш секоја секунда да ги догледаш. Што поголеми деца поголеми маки не рекле за џабе.
Majki, sinko e 5god cel den go iscedi prolivce i kacuva tt do 39...mu dadov linex junior sabajle no ne prestanuva...pie tecnosti, voda caj i elektroliti...za tt po pola paracetamol toa od pedijatar ni e...no prolivcevo kako da go sprecime.....