Дали е нормално кога се болни да се штрекаат повеќе во сон, поточно додека заспиваат? Знам мм има изразени движења кога заспива, она што сите го знаеме кога се штрекаме ама мм ептен се штрека додека заспива, ајде кај него знаеме од што е, ама детево 2 дена е со тт и на заспивање ептен има такви џеркин движења, а тт му е симната. Читав на нет ама само за фебрилни ми дава а знам дека не е тоа. Се замислив.
Моето така прави кога е преморено, мислам дека е нормално, и јас така се штрекнувам дур заспијам цврсто.
Мајки што давате за болка во грло? Ќерка ми вели дека ја боли многу грлото а немам моментално од спрејот за прскање? Што можам како алтернатива да дам?
Нз дали би помогнал парацетамол нешто. Видете на доктор обавезно утре. И имај си дома стално од оние лижавчињата за грло. Помагаат мн.
Малата вчера и денес ми се пожали на болка во градите. Пред некој ден имаше тт и дијареа и повраќаше. Сега само се жале на мешето и има една до две потечни столици. Вака си е добра, не застанува цел ден. Читав дека не е страшна болката во градите. Вие имате ли вакво искуство? Денес се мислам да ја носам на доктор
Сипаница кај бебе ?Искуства? Големиот фати ...малото е 5 месеци...очекувам дека ќе фати но се плашам како ќе помине
Мојата малку поголема фати од големиот, годинка имаше, ама во глобала лесно поминаа двајцата. Само кај неа имаше повеќе осип. Обично помалите полесно поминуваат, немој да се плашиш.
Моето лани точно пред 1 година фати од брат му, на 2 месеци и некој ден, тоа помина многу полесно од големото. Досега помало од моето бебе немам сретнато некое да прележало сипаници умрев од страв, плачев, се нервирав ама помина суоер.
И моето фати сипаница помало само што наполни годинка,ни препишаа ацикловир на инфективна во тек на 7 дена да пие и поксклин пена го мачкав. Ние не поминавме баш лесно ама тоа е нашето искуство се надевам дека кај вас брзо и лесно ќе мине
Чисто како инфо, ако треба споделете и во некоја соодветна тема- немам дете па не ги знам темиве. Најисплатливо моментално е крвна слика, crp, брис нос и грло за 990 денари во Систина.
Мајки, давам парацетамол по 7.5мл на дете 3год(15.5кг) и сега последнава доза од кога му ја дадов одма ја поврати, одма ли да му дадам друга доза или како? Тт е 38.8 Пак јас, матичната ни врати покасно да му дадам само 3.5мл, а јас повторно му дадов пак цела доза од 7.5мл, за тоа време, и малиот не ја поврати што да правам мајки, дали е сериозно Првата доза значи веднаш по 1мин ја поврати со се сокот измеѓу што го имаше испиено, зошто така го пие сирупот 5,6мин по малку и со мали голтки бистер сок