1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    12.997
    Пол:
    Женски
    Само црп не е мерка за ништо. Се гледа цела крвна слика. Ќерка ми имала 50-70 црп пред да добие антибиотик, плус многу покачени леукоцити.
    Конкретно ниски лимфоцити со високи гранулоцити во комбинација со нормални леукоцити како на вашава крвна слика е типично вирусна инфекција.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Не дадов. Туку така ако даваме антибиотик на секое тек тогаш ќе биде интересно.
    Почна од четвртокот со тт, прво до 38, саботата беше до 39,2. Качуваше често и држеше високо. Недела почна да намалува, до 38,2 и подолго имаше ефект сирупот. Вчера пак беше со 37,6 ама и сам спушташе, не дадов сируп. Ноќта ја пројде без тт, денес исто.
    Од толку пати што биле болни научив до толку да се ориентирам која фаза е според тоа колку е висока тт и на кое растојание качува.
    Црп по моја претпоставка паѓало, веројатно било и повисоко претходните денови.
    Ама сепак реков да прашам за мислење.
    Фала ти
     
    На Spidy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Цел ден има темп 37.8, 37.9
    Не е некоја висока температура ама никако да се спушти, и туш не помогна. Ќе го следам ноќва, а утре се мислам да го однесам на лекар. Друго симптоми, нос затнат на едната ноздра, прскам спреј, а инхалации не дозволи за ништо живо на овој свет.

    Се думам да не брзам со носењето на лекар, или сепак да го однесам :?:
     
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Стигнаа резултатите,покачени се ck-mb 90, crp 12.5, ast 44, матичната ја нема да одговори, има ли простор за паника? Многу ли е ова цк-мб 90 до 25 е горна реф. Вредност
     
  5. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Мајки има ли некоја будна ? Се избезумив, детево кашла чудно, некако длабоко (со чуден звук) во сон и притоа почнува да плаче и да прави гримаси како да го боли. Од вчера е со температура до 38, накашлуваше влажно, а сега ова. Да трчам ли на дежурен
     
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Однеси го, го болат градите од кашлицата, да не има спуштено, однеси го и сега ќе го однесиш и утре се додека е длабока кашлица.
     
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Искрено јас не носам одма освен ако не е лоша кашлица со лош призвук. За други состојби почекувам бар да се види текот на болеста, а доколку е само тт и помине за ден-два воопшто не ни носам по чекални.
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    22.867
    Пол:
    Женски
    Да не е ларингит, не се чека за тоа, што направивте?
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Ја симна темп сам. Така да ќе си го следам дома.
    Јас дека тој одма ларингит фаќа и ми е страв. Ама добар е денес. Не го носам. Па ќе видам како ќе биде.
     
  10. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Ларингит. Бевме и кај матичен и на уво, нос и грло, покачени леукоцити 13, црп мирно, ни дадоа трицеф и инхалации со пулмикорт. Првпат вакво нешто среќавам, се избезумив и уште сум исплашена.
     
    На sani99 и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.509
    Пол:
    Женски
    Обично за ларингит не се дава антибиотик, ама ваљда знаат што прават..
    За ларингит ни давале сируп за алергија, како Зиртек, Летизен... еднаш до два пати на ден, и пијалоци кои се на собна тт само, ни ладни ни топли.
     
    На dromka и sani99 им се допаѓа ова.
  12. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Дадоа и за алергија - рупафин. За антибиотикот баш се зачудив искрено, ама се надевам знаат што прават.... Мојот матичен не дава лесно антибиотик, а сега кажа штом ви кажал специјалист ќе го пиете.
    Не знам дали да барам друго мислење, што мислиш?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.509
    Пол:
    Женски
    Па ако има и тт, иако искрено не се мн високи леукоцитите, а плус и мирно црп... јак антибиотик е. Не знам што да ти кажам, ама побарај второ мислење, ние не сме пиеле антибиотик за ларингит.
     
    На Splendor. и sani99 им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Јас со малото со ларингит до сега 4 пати сме лежеле во болница, терапија урбазон, лендацин, инхалации со дексазон на 6 ч и сируп за алергија, и после плус една недела панцеф, и инхалации по 3 пати па по 2 пати уште 2-3 недели.
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.509
    Пол:
    Женски
    Инхалации сме правеле да, затоа велам сигурно знаат што прават, иако нисло црп е. Вашето да не било пропратено со пневмонија?
    Ние имаме над 4 пати лежено со големиот, исто со урбазони, дексазони, нешто на А беше друго што примавме, лендацин, лекоклар, што ти знам што све не.
     
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    22.867
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум чекала и со првото дете и со ова ама ова искуство последно да не се повтори. Како почна се.
    Сабота крева тт ноќта, ја спушта сам, недела цел ден држи некоја тт до 38. Иди понеделник одиме кај матичен, крвна слика ок освен црп 23. Заради црп му дава антибиотик Алмацин ама пази, 2.5мл а дете 15кг (по 6 дена на болница ни рече доктор дека најмалку 4мл требало да пие). И ок пие антибиотик од понеделникот 21.10 ама тт не паѓа, вторник и среда 40 крева. При тоа секој ден одевме да го наслуша на плуќа и грло. Одиме четврток, кажувам детево е полошо, не оди на подобро, различни инфекти измешани, вирус ова она, ок одиме дома, петокот конечно ни светна дека не е ок и да одиме да си бараме чаре, Бт на болница, не примија, кс, се мирно црп 25, ајде ренген и на ренген се виде пнеумонија. Ајде антибиотик венски, урбазон 2 дена, ајде инхалации по 3 пати денот со салбутамол, 5 дена со ред секој ден одевме да му стават инфузија со антибиотик, заврши со тоа вторник, минатиот вторник, продолжи со панцеф сируп до вчера. Измеѓу газе потпарено, пролив, грчеви, плачење, не јадење....маки измачивме и ние и тој :(
    За друг пат не чекам, 3 дена не паѓа тт барам чаре и друго мислење. Се разочарав овај пат од матичната пред се. Го гледаш не чини немој да ми велиш ништо нема. И ако му дадеше поголема доза од првиот антибиотик можи немаше ништо од тоа да дојди. Ама помина, фала на бога се врати детето.
     
    На Erika.greeneyes, Lisandra, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Зошто антибиотик? Моето е склоно кон ларингит, за 2м. сега трет пат како има, со инхалации не лечат. Еве го се дави во шлајм буквално, кашла, глас зарипнат...ама се средува.
    Па на мирно црп ич па не би давала. Па и тоа трицеф препишале.
     
    На Splendor. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.383
    Допаѓања:
    38.269
    Пол:
    Женски
    Од Бт штом си веројатно сме кај исти матични, во последно имам неколку вакви случаи слушнато кај што не дава терапија или дава послаба и децата сите бронхит или пневмонија. И на колешка детето исто, и на големиот мојот не даде ништо, а се гушеше од шлајм, само тој е голем и знае да го исфрла ама еве го месец кашла.
    Со помин да е, ми е жал што сте се измачиле толку.
     
    На KuklickaSk, Mumoftwo30 и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Вероватно е црвено грлото, а ја читам членката дека и покачени леукоцити има напишано, што укажува на бактерија.
    И моето дете фати ларингит поради црвено грло, а за грло под дифолт даваат антибиотик.
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Не даваат по дифолт за црвено грло антибиотик. Еве малиот последно летово имаше црвено грло, ама мирна кс и не заработи антибиотик и помина. Од друга страна како што веќе пишаа ларингит исто така не се лечи по дифолт со антибиотик. Може да е и алергиски и вирусен и тогаш џабе е антибиотик. Само го руши имунитето дополнително. Големиот ми е склон на ларингити па антибиотик нема пиено за тоа. Само инхалации и сируп за алергија. Последно антибиотик лани пирпе ама за пневмонија.

    Ама твоето дете да не е склоно на пневмонии. Само за ларингит никогаш не сме лежеле во болница. Со ваква терапија лежеше големиот лани, ама имаше пневмонија.
     
    На Bella_Stella и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.