АКо е на стапало може ќе можеш да го држиш. Јас мојата ја држев на 1 година за снимање на КТ, за ехо на срце,и мислам дека сеиздржува со локална анестезија. Ако одиш систина неколку дена ќе те држат ќе отидат бааѓи пари, плус хирушка интервенција, без 2000 евра не си одиш. Ако имаш, оди.
Ми рекоја вчера дека мора со целосна. Чекам да си дојде мажот ми и одиме пак во клиника. Не излегувам од таму без да направат нешто.
Ако е со целосна и краткотрајна брзо ќе се опорави не се секирај. Синко сега имаше кратка интервенција со целосна. За 30-45 минути веќе ме викнаа со него. Ќенкав беше прилично, не префрлија во соба. Он отспа и после тоа веќе се врати во нормала. На детска ќе ве примат, само ќе си платите на приватно, ова ако чекаш овде да дојдете.
Што ја комплицираат толку тие таму, па за дете се работи, можеле веднаш да средат а не да те бавтаат. Види денес што ќе направиш, ако не кога ќе се вратите можеш да појдеш во болницата во вашиот град (не знам од кај си), лесна интервенција е може било каде да ја изведат ако имат хируршко, а ќе си платите приватно.
Во 22.00 дадов парацетамол сируп бидејќи не симнуваше под 39.00. Не додржав 6 часа од предходната доза, дадов на 5. Сега сакам да сменам на ефералгин. Не најдов ибупрофен сируп, само чепче најдов. Може да намалам на 4часа или пак на 5? Има болки во стомак и тт. Без друг симптом. Во градинката рекле владеело стомачем вирус.
Еферлеган и Парацетамол е исто. Бар кај нас. Парацетамол е по состав. Само производителот е различен. Ако има потреба сум давала и на 4 часа. Ако е над 39 и не пушта подобро Бруфен. Ама ако немаш дај Еферлаган. Туширај, оцет на нозе, алкохол... Нека мине.
Можеш на 4 часа да даваш ако има потреба. Најубаво е да се чека 6 за да телото се бори, ама кога треба на 4 е сосема во ред. Така доктор ми кажа.
@LiliBoz ај да те копирам овде од другата тема и да прашам, како дете со исфрлени сипаници не е опасно за другите? Цело време кружеше варичела кај малата во градинка, последните случаи пред 2-3 недели беа. Се плашам да не се исфрли сега, како ќе се вратиме дома по аеродроми, возови, чуда.
Сипаницата се пренесува 10дена пред да се исфрли детето( кога не ни знаеш дека ја има),е кога ќе се исфрли не може да ја пренесе на друго дете.
Dodeka ne se isushat,se prenesuva. Znaci i prvite sedum dena od isfrluvanjeto ne e preporaclivo da se mesa.
@Black girl Матичната тогаш кога се сомневав ми рече се заразува само дур не исфрли односно дур трае инкубацијата. Откако ќе засушат значи организмот заздравува. Нема Врска какви се претходно.
Заразни се првите неколку дена, затоа што се како бранови, наеднаш не се исипуваат. Затоа и различни стадиуми има. Некои се везикули, со водоичка а некои крусти, засушени. По неколку дена кога се во стадиум на круста и опаѓање на крустата, тогаш веќе не се заразни. Процентот на заразеност е најголем во период пред исипот и во првите денови кога избива, потоа опаѓа и помал е тој процент. Едит: јас како студент во 3 та година на факултет, се заразив од дете пациент кое го видов на пракса, со 3 дена веќе исип, со везикули
Не те разбрав. Не навредив некој дека не знае. Извини,ако така ме свати. Пишав тоа што го гледам во ординации, кога имав сипаници, и како други дечиња се заразуваа. исто и јас, го паметам муабетот на асистентот за описот на везикулите, ги гледав, и маска имав на лице. Но точно за 14 дена се исипав цела, за 3-4 дена избиваа. Испит пропуштив писмен дел заради неа, па усно сама полагав потоа.
Во која лабораторија, државна и приватна имате најмногу доверба? Ми се деси ситуација со наод од брисеви, да покажат скроз различни резултати: еден негативен, два позитивни со различни наоди. Негативен нема шанси да биде, бидејќи има симптоми.
Мајки, чупето веќе 1 недела има алергија, и давам летизен не и се повлекува. Сакав да ја носам на испитување, алерго тестови, ми викаат мала е, нема да се веродостојни. Ако сега е е алергична на нешто, мала е имунитетот се менува, во иднина можи нема да е. Сменав прашок. Ги перев алиштата со ариел капсули, си мислам од тоа да не е. Да ја носам на испитувања или не? Башка требало крв од вена.