Леле исто се случува и кај нас денес. Едно 6 пати сигурно какаше. Не знам што да му давам, ентерофурил што е и дали е на рецепта или без? Инаку исто нема други симптоми. Може е некој вирус
На рецепт е да, треба време додека да делува. Чај од кора од калинка мн помага, кај нас имаше ептен ефект.
Нас матичната ни го даде, на рецепт е да, дека многу има често, ама еве уште нема почнато да делува, чај од кора од калинка сварив ама не пие, ништо не пие освен вода, дека цица ништо др не прифаќа.
Денес маче го изгребан малото на раче на неколку места, одма ставивме таму алкохол, после исчистивме и со хидроген и прснав оксикорт спреј, ама гледам уште му се црвени. И пишав на матичната ми вика вакцина да прима дтп, он има примено една доза само ама уште не е оздравен, до вчера беше болен, сега да го носам уште на вакцина. Зар може и од ова да му биде нешто. Има 2 год, мачката во ресторан беше, улична сигурно
Ај пошто е сезона на калинка да си прашам. Кората може да се исецка, да се исуши и складира негде во кутивче? Колку се става за една шоља чај?
Ова за дтп? Син ми мн сака животни, и улични мачки го имаат гребнато, нишо не му било, сулудо ми е, што знам. Нека кажат еве и други мајки.
Мислам дека нема гајле и моиве биле драснати од мачката моја ништо не се случило. Значи си има цело време пролив, пукнав од нерва. Дали од цицањето од млекото можи да има поќе? Јас вака ставам едно колку во раката што ми е, во 250-300мл вода и го варам. Ама џабе не го пие.
Ќерка ми ја изгреба улично маче, матичната на инфективна не прати. Таму рекоа пошто е редовно вакцинирана, да пие антибиотик пет дена, иако гребаницата ја дезинфициравме одма. Јас не би оставила така, пошто сепак се работи за маче што оди буквално сегде и не знаеме на ноктите што све има налепено. И јас како дете од гребаница од мачка имам на инфективна завршено.
Зашто не пробаш со шприц да му даваш? Или оние од сируп шприцевите што ги даваат? Јас само со тоа му давам,инаку шанси нема да пие од тој чај.
Зависи првата доза кога е примена, може е заштитен, проверете. Ако не е тогаш вакцинирајте. Иако е ретко, ама тетанус може од секаква повреда од нечисто да се добие. Мачкај миробакт на гребаницата(прво дезинфекција), антибиотски крем е, може и да ја прашаш матичната. Спојлер Нас за гребаница од маче матичната не тераше токсоплазма да испитуваме. Сакајте си животни домашни, од улични подалеку.
Токсоплазма се пренесува преку изметот. Со првата бременост научив дека сум ја прележала јас, не знаев дотогаш, кога гледам имам антитела. Се беше во ред со 2те бремености бидејќи не беше активна, иначе е мн лоша за бремени. 3 пати со шприц му давам сируп, смекта со шприц еднаш, само што ќе ме види пишти корни, ми е жал веќе, цел месец е болен уште малку, де сирупи, де инфузии, де чепчиња, многу се разлоши од се.
Што можам да дадам на дете против мачнини и повраќање? Моментално му дадов електролит, пробиотик, друго во моментот мозок не ми работи Што е најефикасно За исхрана секако супа, бискоти, банана, ориз. Ништо не му е нема температура, дијареа, од пред еден час 3 пати поврати, веќе нема што да повраќа. Ми вели од чипсот што јадел. Онака не е малаксан, ништо не го боли. Што да барам во аптека што ви се покажало како најефикасно?
Не од аптека ама кај нас Кока Кола, лажиче по лажиче на 15тина минути се покажала успешна. Доколку 3-4 пати не поврати после испиеното лажиче, намалувам време, додека се смири стомачето.
Не му е од чипсот има вирус, еве исти сме од синоќа. Прво повраќаше па ноќеска и температура ми качи, јас давам и наусолвит капки
Јас вчера зедов чепчиња против повраќање, нови се во еурофарм, од едно чепче одма престана да повраќа и си јадеше убаво.
И за деца не е наивна. Ја има во измет, не значи дека не може да ја нема на крзно или нокти, улични животни се. Мислам дека претера тогаш матичнава, ама сепак сум претпазлива.
И моето во четвртокот вечерта 3 пати поврати, сабајлето се жалеше на стомак само и омалаксан беџ температура, можеби вечерта некоја благо покачена, не мерев. Вака беше цел ден, во саботата ко нов, а сабајлево сега пак ср жали на стомак и пак е клапнат. Електролити, пробиотик, витамин ц и омега, друго не сум дала. Вајда вирус е