Еве го и син ми е денес со температура и проѕирен секрет од носе. Од температура јас не се плашам, знак дека се бори телото е. Дај Боже само со неа да поминува.
Уште пред три недели синко имаше затнато носе, после следеше темп три дена и помина, но носот секој ден му е затнат, а прскаме спреј друго ништо нема, од шо може да е така. Ако има некоја бактерија нели ќе крева и температура.
крвна слика џам, црп мирно, а дете се дави во шлајмови и повраќа од шлајмови. Чекам резз од брис. Може да е алергиско?
Ја слушнаа на гради нема ништо, грло минимално црвенко. Ќе почекам брис, па ваљда аериус би завршило работа
Девојки да прашам од што може да отечат лифмни жлезди на вратче,бевме на лекар,нема црвено грло,не кашла,чисти гради утре ќе правиме крвна слика.
Мајки, бебе 14м има преизразено црвенило на пеленска регија, плаче вришти на менување пелена. Има дијареа, пие прибиотик, го миееме веднаш, мачкам белогенд и судокрем ама се осеќам дека не поминува. Што препорачувате што помогнало?
Исто и кај нас ја прашав докторката ми рече крвна слика со црп. До сега имал два,три пати ама само од една страна сега од двете има. Не е настинат иначе
Белогент + канестен. Ставаш од двете по малку на прстот и го мачкаш. Од едно мачкање му помина. Во болница бевме ние со пролив и Др ми кажа тоа да го мачкам. Исто многу плачеше од болка.
Мајки, малиот имаше температура два дена и после тоа вчера се исфрла, не се шират брунчињата само се како крастички, на рачето има како 2,3 пликови, после ќе одиме на доктор но дали некоја од вас знае за што станува збор?